На 3 ипол,а на 4 ипол го прегледаа. Нема термини кај Наталија, гужва е. Си направив филм дека има епилепсија, гледајќи видеа и гугл. Немаше ништо, ама се грижев. Сега го мислам оти не лазе уште, да прооди, да прозборе...
Мојата има 6+++ и така прави сма само кога е седната со играчки, не знам дали се возбудува нешто, ама што викаш, само да немаш мир… се тресе како се грчи, и тоа трае така некоја секунда, и толку. Исто и играчка кога држи така прави, ко да сака да ја скрши, не знам.. вака што читам, а не сакам да отварам, зашто нервно ќе оболам, викаат дека е нормален развој на бебе тој период, пошо само кога е со играчки така прави, инаку не прави останатиот дел од времето.
И јас не обрнувам внимание на вакви работи. Се тресе некогаш, мрда глава лево десно забрзано, кога беше помала и плачеше од грчеви и се тресеше цело тело. Ниеднаш не сум реагирала со паника… си припишувам сѐ на нормален развој. Такви видеа на тикток скокам, ми излегуваа многу дијагнози на почеток за се и сешто, signs of this signs of that, ама со самото скролање во секунда алгоритмот веќе не ми ги дава. Исто ко што ги скокав периодот кога бев бремена за спонтани видеата што цело време ми излегуваа и ми правеа немир. Ептен ако приметам нешто да не е во ред со детево, би реагирала сигурно, ама вака не се потресувам ич. Не знам дали ова е правилно, може звучи глупо, ама таква сум. Дури и за milestones не се нервирам и не форсирам. Кога сака и е спремна, тогаш. Еве последниве 3 дена вришти на подлога не сака да чуе да биде на грб, сака на 45 да седи и да разгледува. Педијатар ми форсира подлога. Епа не се сите деца исти.
Јас кај мојава само до сега имам приметено на моменти знае да се затресе како мас возрасните кога ќе ни дојде како наеднаш морници,не знам како да објаснам. Обично ја имам приметено пред какање така праи хахаха. Иначе и јас како тебе не се замарам за milestones зашто ома разлика од бебе до бебе, се додека супер си напредува и педијатар го контролира. Нормално ептен ако нешто отскокнува тоа е друго. И мојава не сака подлога во последно време само се крева со главата за да седи многу е смешна. Ама ја оставам, ќе покенка малце и ќе се заигра со играчките пак.
Мојата не сака да чуе за подлога, сака само ако седи, да лежи никао, ќе се сврти одма на меше и ќе почне да вришти. И јас не се замарам веќе за вештиниве, кога ќе и дојде ќе ги направи, сега за сега се најнормално си прави. И затоа не отварам ништо веќе, зашто стварно нервно ќе оболеш. Да баш така прави, ко нас кога ни е ладно. Ама и како да се возбудува или лути на играчките.
Исто, кога ја ставам на подлога се врти на меше одма и не знае назад да се врати и почнува да вришти. Ова цел месец уназад се случува кај нас, едно време вежбавме вртење на грб назад ама абер нема и си викам кој те врти, ќе научиш сама кога ќе ти дојде денот. Исто ко што научи на меше сама од себе без никаква помош. Си играме ние на подлога значителен дел од денот, што е до неа цел ден би можела да се врти сѐ додека има некој назад да ја врати и така во круг, така не плаче. Ама да седи душа дава, затоа дел од денот си седи во хранилка врзана на 45 како госпожа си глода глодалки да можам да подзавршам нешто низ дома, така е бајче насмеана. Јасно ми е дека ова не се препорачува, ама тоа е, морам некогаш и да јадам, до вц да одам итн…
Ние веќе може да седиме, и она само тоа сака. Да ја седнам и оставам цел ден така ќе игра и бајче ќе биде. А се спуштиме на подлога, урла… пробувам секој ден по малку, не сака и не сака. Исто и за вртењето, вежабав без престан, не сакаше воопшто, на 5 и пол од коа се откажав, сама се сврте, и тоа во истиот момент зборевме со татко и дека ова нашево дете абер нема од вртење, лежеше до мене како го кажав тоа она во истиот момент ја гледам се врти си реков, нема ја коа сакам, кога сака она.
Па форсираат сега педијатриве подлога, да лежи, да развива сама моторика, сама да се исправи и сама од себе да седне… барем нашиов педијатар така ми збореше, на 45 во количка да ја возам ама да ја оставам дома цел ден на подлога сама да се исправи за седење. Нешто веројатно е врзано со р’бетот и кичмата. Еве јас лично не го почитувам баш ова религиозно пошо секое дете е различно, не сакаат сите 10 саати во денот на подлога да лежат. Моево душа дава да седи и да слуша муабети, како тетка е. едит: се сврти сама од себе на меше на неполни 4 месеци, сега сме скоро 5 и тука е застаната. Обратно не сака. Сега е во филм да седи.
Ние имаме запче прво да се пофалам Убаво имате пишано сите погоре и повеќето мислам дека сте со прво дете како и мене и убаво ми е што читам и се пронаоѓам. Не форсирам и јас, сака на подлога ако си до него, се крева цело време не сака да лежи подолго, едвај чекам да можам да го седнувам мислам дека повеќе ќе се занимава. Педијатрите форсираат и не велам дека не знаат ама не е секое дете по книга па да мора на одредени денови да прави како што ќе се каже.
Мојот на 3 месеци се сврте на меше, од меше на грб уште не. Го вежбам, ама изгледа треба и јас да кренам раце и сам да се научи На подлога го ставам и веднаш се врти на меше, некогаш издржува подолго, некогаш за брзо почнува да плаче. Совет од педијатар беше да го оставам подолго бидејќи така ги вежба мускулите што ќе му требаат за да се врти на грб.
Порано не му ја мислеле вака за вештини за вртење ...Паметам пријатели наши детето не му зборуваше само кимнуваше со главата и тоа до 3 години го однесоа Скопје на преглед демек срамежливо е а и машките покасно пуштаат со говор. Ни аутизам ни синдром ништо. Сега е 22 год и е маж ..зборува се дружи се е во ред ...Зборот ми е сега ние не знаеме да уживаме оти само се плашиме нешто да не му е да не не е како што треба ...и јас во овие спаѓам секако
Јас имам голем проблем што цело време ја споредувам со големата. И цело време сум ајде бе бе бебе, направи нешто. Па на маж ми му се вртам дека големата пример на точно 3 месеци се заврте од грб на стомак, а на 4 од стомак на грб. На два ипол месеци почна да пружа раче по играчка. Ова еве го точно 3 месеци е, сега почна да пушта рака по играчки, а за вртење како абер да нема. Мислам дека маж ми го нервирам веќе што споредувам. Оно факт е дека децава ми се скроз различни, уште од старт се небо-земја, како да не ги родив двете јас, ама посилно е од мене, некој страв имам дали ќе ги достигне сите мајлстоунс како што треба.
Ќе достигне мајка, и пак ќе најдеш ново нешто да си правиш паники. Не знам дали некогаш прекинува тоа чувство, да не се грижиш за било што во врска со децата. Многу повеќе ја разбирам мајка ми сега.
Мојата сама се сврте на 6 месеци од грб на меше, но почна многу рано да гуга. Секое дете си е различно. И јас како тебе исто си правам само дополнителни грижи, од ништо да биде нешто, не знаеме да се опуштиме и уживаме.