Мојот беше хипнотизиран од сијалиците тој период па може некаде до 3 месеци, абе само горе во таван гледаше и се возбудуваше испушташе звуци сега веќе поголем е и се го интересира само разгледува се врти насекаде цело време.
Се што кажаа другите членки плус шетање низ стан и покажување на предмети со зборење, гледање и смешкање во огледало со муабет и песнички и контрасни картички ама тие некако не и се интересни
Колку ви издржуваат бебињата до првата дремка по станувањето сабајле? Ние одвај 1 саат. За другите дремки по саат и пол, два ама за првата е борба. 4 +++ е.
Хахаха значи тоа е тоа. Бебињава се драма, после цела ноќ спиење одма пак им се спие, преку ден со играње со се мора со молење хаха
Исто и ние. На првата дремка едвај саат ипол издржуваме , на другите држе и до 2ч некогаш. Станавме во 7 ипол, еве го спие веќе 40 минути.
Првиот ww им е секогаш пократок од другите, а и кога се помали, имаат пократок ww. Уживајте, оти после по 3-4 сати кога се будни, да не знаеш веќе со што да ги заиграш
По станување сабајле, јадење и на кафе за прва дремка, надвор нека спијат и така ништо не им смета надвор хаха
На 21 мај ја примивме првата вакцина и тогаш педијатарот ни рече покрај д3 +к1 да се зголеми д3 односно да ги земаме и само д3 тие во црвено кутивче што се и сите овие од бејбитол.. Значи сега зема д3+к1 омегата и Д3... И сега не знам дали од што и зголемија д3 или пак од вакцината ја фати запек значи од вакцината до сега само 2 пати е какана особено денеска вришти од мешето а кога ќе ја фатам меко и е последно во понеделникот какаше... Што да правам или што да земам ве молам ако знаете да ми кажите Ви благодарам
Ние ја чувавме месец ипол бидејќи не прочитавме дека требало помалце и многу ретко ја користевме само инцидентно ако не сум можела да ја дојам или за капки растварање кога не сум имала молзено. Немаше никаков проблем бебе фала богу
кој проток на шише од Philips Avent Natural Response го препорачувате за бебе 6 недели, цица и плус е на дохрана. Денес го пробавме 0m+, ама ептен споро го пие млекото, дали да земеме 1m+ или 3m+
Ја би останала на тој проток доколку е целта ексклузивно доење бидејќи ако му е прелесно со шишенцето ќе почне да го преферира пред доење. Ние сме уште на 0м+ и на два месеци во исклучителни ситуации кога му давам одмолзено.