Син ми е скоро 4 месеци и уште сме со 1м+ , сега за брзо ќе му го сменам на 3м+ . Малецко е твоето и тоа од 1м+ не тече бавно ич, побрзо ќе го пие. Само не се плаши ако на почетокот се засркни. Така син ми научен на тоа ептен бавно што течеше па му дојде чудно кога му ја сменив со поголем проток.
И јас како тебе прво кога забележав модрица на бебе директно на доктор и правење кс. Се си беше ок. Сигурно се од играње.
Значи ја со ова облекување ќе полудам. Никогаш не знам како,да ја облечам за спиење. Имаме една вреќа без ракави на vibboo е, 0.5 тог. Значи така малце е подебела од тетра пелена еве колку две тетри да речеме. На ливчето што дојде заедно со вреќичката пишува таа дебелина да се користи со шпикозни на кратки горе и доле (ако собата е од 21 до 24 степени). Кај нас 90% од времето е 22 степени ама нели е малце така да ја облечам за спиење со голи рачиња и ноџиња? Како спијат вашите?
Кај мене е 24-25 и спие со боди по прерамки или по кратки и плус шпиркозна по долги, или дводелче по долги со чорапчиња. Моето е 7 недели, и има 3.5кг од прилика, а долга е 53цм, дома што мерам на мојава вага. Пробав попладне ја соблеков по кратки, и таман заспа и стана за 10 мин нервозна мрда со рачињата и облеков блузичка над бодито по кратки и ја стуткав со ќебенце тенко и заспа, спиеше уште сат ипол. Уште ми е мала да ја одтавам така мн е слабичка.
За спиење му облакам боди на долги и шпикозни на долги плишано ама не е дебело и покриено е со ќебе во соба е 19-20степени најчесто. Досега не бил испотен деновите претходни беше и поладно сега кога ќе се стопли, боди на кратки и памучни шпикозни исто со ќебе покриен. Рацете му се нон стоп кренати горе и сабалје кога ќе стане му се ладни Денес првпат дома го облеков само со боди на долги и тренерчиња плус чарапчиња и са о го проверувам да не му е ладно, 21С е дома ама пак како свежо е.
И ние сме родени 2800 ниту еднаш не стававме широк повој ниту тетра ниту дупли пелени, ниту сме правеле вежби. Точни на 2м ќе одите на ортопед ќе ви кажат ако има потреба. Д3 земете редовно. Бебе мн мн не држете на рака или внимавајте со колкчината (некој уште мн мали како седнати ги држат) и кога лежи спие нозете да се < > баш вака.
Само јас изгледа не се замарам за облекувањево ич. Денес за надвор шетавме со фустанче по кратки и голи нозе без хулахопки и чорапи. Иначе за дома, кај нас е ладно, везе нема со надвор, околу 19 степени е ама на север сме и не грее сонце ич, страната кај спалната има огромно дрво од дворот под нас и секогаш е сенка. Спие по памучни шпикозни, боси нозе доле и вреќа 1 тог без ракави ама затворена со патент. Таман и е, ја пипкам на вратот топла е, нозе и раце не ми се мерило.
Хахаха ај за надвор не ми е толку ама за спиење хорор. Јас сум многу зимурлива.. инаку исто сме на север буквално зрак сонце немаме во текот на денот, и така ладен е станот ама пак 22 степени не е нешто екстремно хахаха. Еве сега спие само по шпикозни на долги и ќебенце плишанко. Немам вреќа за преоден период и затоа се мислам таа од 0.5 да ја сефтосам ама тенка ми делува
Јас имам 1 тог преодна и тоа од тему, душата и ја извадивме ако ми веруваш. Зачудена сум колку убав и мек материјал е, бебе повеќе ја сака неа отколку таа од ело што е поскапа. Зимоска имаше обид за спиење во вреќата од ело 2.5 тог пишува на неа, ама се правеше жива вода пошо и јас вака ко тебе не знаев што да ја облечам и ја тутав со слоеви од страв па ми плачеше и мислев дека мрази вреќа, а уствари и било жешко. Па ја соблеков со помалку слоја и без чорапи, па бидна работа. Не се оптеретувај толку, бебе што му е ладно ќе плаче и ќе се витка како фетус позиција. Добро ти е облечена за 22 степени, уживај.
Кај нас навечер е околу 18-19, вечерва ја облеков по боди по кратки, шпикозна, и уште спие со дебела вреќа (искрено не знам точно кој тог е зошто немаше напишано ама дебела е ). Јас спијам со долна маица, пижами по долги и ќебе, така да мислам дека и неа и е океј така. Е само кога се гушкаме од 5 сабајле дур да станеме мислам дека и е малце потопло Искрено малце ми звучи тоа што пишува... плус реално и од 22 до 22 има разлика. На пример во зима ни беше дома цело време 22-23, и она и ние бевме облечени со повеќе слоеви. Сега е околу 21 цело време, па носиме помалку слоеви зошто друга е топлината Така да настрана долгиот муабет, јас се водам по нас, јас сум зимурлива, мм е скроз обратен, па затоа неа негде во средина
И ја Мајка и јас сум со истава мака? Како се решава? Каде беше на остеопат? Има ли некаде да се набави шлем овде? Како напредува детенцето? Што совет би ми дала?
Кај нас е 24-25 стандард температура. За спиење јас ја облекувам боди на долги, или шпикозни на долги - значи само еден слој, и вреќичка 0,5 тог без ракави.
Мајки што можи да се пие кога боли глава освен парацетамол се напив не поминува само на доење е малата затоа прашувам
Значи ладно ќе и е јас така исто да ја облечам, кај нас е поладно.. евентуално да земам подебела вреќичка
Или можеш боди на кратки, па на долги шпикозна и истата вреќичка. Чепни ја напред на гради и позади на врат/грб ако е топла, не и ладно, не се грижи.
Шпикозни по долги, и тоа 21 степен е, покриена е со тенко чаршавче и се открива цело време. Мојата не сака ич топло. Исто спие, ама не во вреќа, полудува ако е покриена на стомак само нозете и ги покривам. Ние по кратки горе и хеланки шетаме. Уште не сум и облекла фустанче скроз гола.
Јас знаеш дека терам hardcore со облеката. Сонце да не видам, одма најголото бебе на улица мое е. Инаку исто, с’клет невиден е како твоето. Не знам како трпи вреќа, ваљда дека кај нас стварно е преладен станот, јас спијам со јорган и тенко ќебе, во 5 сабајле може и 17-18 да е во спална. Оваа недела со овие температури единствено со кола и во некоја подебела сенка во парк ќе ја шетам, пешки нема шанси.