Мојава од старт спие само по шпихозни на долги и со памучно ќебенце на 23-24 степени - 8 недели е сеа.
Предложете купка или масло за бањање хидратантно. До сега од почеток ја користевме на Mustela ама приметив малку и е сува кожата.
Денес малиов го имав облечено по боди на кратки и шпикозни нормално без чорапи,добив коментар како сум можела да не му ставам чорапчиња ладно му било на 26 степени. Исто коментар добив демек чајче да му давам и вода по малку по што малиов има грчеви и на периоди вриска кога му се грчевите,среќа помина една докторка педијатар во пензија и ја прашуваат и таа им вика колку има скоро 3 м,на доење ако не треба ни вода ни чајче само да си цица и замолчеа.
И мене за облеката дајте ми совет. Моментално ми е облечен во најтенкото можно боди по долги и тенки хеланчиња без чорапи, покриен со тетра. Под него е утоп. Многу е испотен. Ама кај нас е многу топло во спална, 25-26 е температурата. Отворен прозор, отворената врата на тераса и пак е утоп. Не знам што да правам , боди на кратки од утре?
Боди на кратки, ако во Скопје е 34 степени, кај вас е плус 5 сигурно. Хеланчиња и боди на кратки, јас утре ќе и облечам и доле кратки.
Може се поти зашто хеланките му доаѓаат како втор слој над бодито. Пробај со хеланки и тенко маиче, нека ѕирка малку голо мешенце. Или ромперче на кратки само и пеленка, да биде еден слој.
Од кога почнавте со кашички?? Што дававте? Кога никнуваат првите запчиња ? Скоро 3 месеци сме а се лигави ...
Од вчера почнав со првата кашичка, 5 месеци е бебето. Му дадов од морков на хип, 3 лажички, ама како да не сакаше,плукаше. Денес пак исто, незнам дали не му се бендиса или не знае да јаде, само шлапа со устата, кај вас како беше ? По колку треба да јаде бебето од кашичката, 5,10 лажички, колку му е доста за бебе од 5 месеци ? Инаку,кога цица е многу лакомо,и се засркнува и пак продолжува.
Не сите бебиња прифаќаат цврста храна пред 6 месеци, може рано му е. Паузирај, па пробај пак за некоја недела.
На 5м почнав ама до 7м не беше нешто ептен заинтересирана. Јадеше ама не со некој апетит Од 7м веќе почна убаво да јаде и едвај да чека лажиче Првите запчиња од 4м па се до 15м може да се чекаат. Некое вади рано, некое и покасно. Лигавењето немора да значи дека заби се во прашање. Тој период имаат и орална фаза, рачиња во уста... потоа предмети во уста, така осознаваат. Скоро сите лигавеле тој период, а не сите извадиле рано заби. Мојава ууууутоп беше, премногу лигавење тој период.. а тек на 7м заб извади без лигавење Сега на 10м извади две нови, без капка лига... а имаше тон мрсули
Денес бебе беше на боди со кратки ракави и без чорапчиња и веднаш добив коментар - многу на лето сте удриле Инаку, за спиење е само на шпикозни со стапалца, покриен со ќебенце. Боди не облекувам. Преку ден беше на тенко боди со тренерчиња, ама како затопли почнуваме со боди на кратки и тенки долни тренерчиња.
Леле бе со коментариве шо им е на луѓево ме нервира многу и кога ќе прочитам,абе ќути ако немаш нешто паметно да кажеш тие што коментираат може зимо им е уште па +30степени е веќе... Мајка, директно контра одговарај им нешто на такви и терај си како мислиш и осеќаш дека треба.
А на што да удрите на +30 степени? На кој му студи јакните уште нека ги носи. Јас уште завчера во неделата ја соблеков на кратки и надвор цел ден. Така да како мислиш така ништо не си згрешила за нешто што е логично и нормално. Веќе почнаа на одмори да ги носат бебињата, а ние уште дали било за кратки ќе дискутираме со луѓето.