Ние бевме така, почнав на 5 не сакаше ништо, паузирав две недели и пак почнав, пак не сакаше ништо. Почнав на 6 пак и лапа ко да не видела, се сака. Не е спремно, поготово доено бебе. Кај мене и ад не прифаќа, строго цице.
И јас како тебе ја облакам и од старт по дома ја чувам боса (на 24 степени) дека читав истражувања од нервните завршетоци на ноџињата подобро осознаваат. Кој и да ни дошол дома одма узбуни крева и прво што прави и ги пипка ноџињата дали се ладни па треба да се објаснувам…
Уште не разбираат луѓето дека ладни рачиња и ноџиња кај бебиња не значи дека им е ладно. А и кога ќе почнат со рацете во уста цело лице и рацете им се ладни од лигите. Ја цела зима се борев со тие коментари и им реков на крај да се едуцираат малку аман. Па и мене ми се ладни цело време стапалата и ќе им викам од сега еве и моите проверете ги. А точно е тоа што го кажа дека преку боси нозе осознаваат и еден доктор исто кажа дека треба да ги пуштаме што повеќе боси на различни површини кога има можност за тоа. Ама на кого да објасниш, на луѓе што би им облекле волнени чорапи во лето пошти им се ладни нозете? Тоа е
Ние почнавме на 5 ипол, за сега е заинтересирана за се што проба, не плука ама тоа зависи од бебе до бебе. Од педијатарот ми беше кажано прв ден по 2 лажички во три наврати, втор ден по 3-4 лажички во три наврати и трет ден по 5-6 лажички во три наврати. Она некогаш бара и повеќе од тоа, морковот па посебно го сакаше во три дена цела тегличка ја изеде. Почекај ако не некоја недела па пробајте пак.
Јас за ова истово еден ден со свекрва ми ќе се испокарам, па и со мајка ми. Абе секогаш обавезно му ги чепкаат рачињата и ако му се ладнички ,,лелее бабе мразулци” . Па одат одма на сонце да му се стоплат бе. Пробав многу пати да им објаснам дека не се репер рачињата и ножињата ама џабе, се откажав веќе.
Дали на педијатар им го мерат обемот на главата на секој преглед? Не сум приметила да го прави нашава тоа.
Нашата матична ниеднаш до сега. Првиот пат во болница нели кога се роди, на 1 месец ја однесовме кај Паскалов и он и го измери главчето. Потоа се префрливме кај сегашната и никогаш ја немаше измерено. Пред две недели кога бевме на вакцина втора доза рота таму докторката и го измери главчето.
Не знам за вас ама како што се гледам на слики, цела сум била измотана со пелени на тоа жешко како мумија.
Е како иначе, досадно е на тишина Па тоа една нервоза, мавање наназад, мавање со раце, плачење, кенкање и одеднаш shut down. Вчера 2 пати се туширав денес ќе видиме.
Како бебево да ми го опишуваш.. Што да кажам друго не знам, освен челични нерви и што побрзо да помини скоков.