Здраво мајки, барав група но не најдов каде да го поставам прашањево, ако некој знае слободно нека ме упати Се породив пред 4 месеци и веќе месец дена косата ми паѓа во голема количина. До која мера е нормално паѓањето, дали има врска дека би траело подолго ако детето е доено или не, и каков совет би ми препорачале за раст на косата или барем да го намалам опаѓањето? Пред да останам бремена користев масло од рузмарин и ми се покажа ефикасно, но прочитав дека можело да влијае на мајчиното млеко. На секое миење ми паѓа премногу и почнувам да се загрижувам. *ако има друга група, пратете ми линк, ќе прашам таму
Јас си купив, се дувам јас ја дувам неа ужива Доењево на топло е ужас, јас ја дојам на перница со тетра и пак и е испотено главчето, јас сум утоп по цел ден, а кај е август
Лидера не треба да се користи повеќе од еднаш неделно. И ги затнува скроз порите. Потењето е здрав процес што се одвива во телото, не треба да се спречува. Место тоа користете само нешто за маскирање на мирисот. Кога ќе се средат хормоните и прекумерното потење ќе престане. За жал немам да предложам ништо. Последниве 6 години лутам меѓу стикчиња и антиперспиранси со прифатлив и не штетен состав, ама ништо не ми се покажа ефективно за лошиот мирис. И конечно се вратив на нивеа перл&бјути иако е со лош состав. Се тешам дека се друго што користам е природно.
Јас на Алое вера го користам стикот, мене тој ми помага. Сопругот користи Лидера, знам дека му помага ама врска немав за ова со порите
И мене ми паѓа....не знам ни кој да прашаме што можи да се направи да се пијат витамини... ум немам ама мислам дека ќе попатни сета...
Ние сме веќе 28 недела тераме ама некако ми се пореметени периодов децава мислев дека им е скок некој.Што никогаш не ми се случило навечер да се будат и плачат сега им се случува
Мајки, што им правете на кашичките што не ги дојадуваат, ги фрлате ли ? По колку дена се чуваат во фрижидер,овие на хип? Јас 3 дена по ред,му дадов по 4 лажички морков,но пола тегленце остана, сега ќе почнувам со брокула итн.
Си земав такво за skin care кога си правам, да не се бришам со крпа и кога чекам да се исуши производот па нов да ставам и после ми текна дека и за летово ќе ми се најде, 2 во 1 е работава ама топ си дувка еј