Јас од skin care сега-само кога се мијам лице наутро хахахаха А ти баш кул намена хахаха Да си земам и јас, ќе ми се најде на горештиниве
На купечките на секоја пишува колку време смее отворена. Некои се 2 дена, некои 3. И тоа да не е притоплувана цела количина и да не јаде детето директно од неа.
Ее до година и јас само лице миев, сеа живнав последниве месеци да живее Тему стварно е супер, ем евтино, да си земеш обавезно
Здосадив и богу и народу ама луѓе ве молам утешете ме дека моето дете ќе почне пак да спие. Дали заби ја мачат не знам, значи полудев за сон не се издржува ова. Таман ќе задремам еве ја пак на саат време, саат ипол, сред цицање се расонува.. сабајле пак во 4 ми се расони до 6 беше будна. Не знам кој крај да го фатам веќе Се оправа ли со тек на време ова спиењево? Не сакам да ја оставам да плаче тренинг да и правам
Ауу и тоа како паѓа, некаде од трети месец почна. Сабајле, на чешлање, на миење, цели прамени. Ама ќе се обнови, се средуваат хормоните. @Noemi дај линкче, или како да го барам?
Да, како заврши скокот се врати во нормала. Ние од 22ра до 26та и пол секој ден бевме по 100 пати стамување навечер. Цел 5ти скок. Како заврши одма си се врати на старо. Тренинг не е ако ја оставиш да плаче, пиши ми лп.
Јас од Flying Tiger го земав од Солун ама вакво е слично, rechargeable hand-held fan барај, има и што се закачуваат на количка.
Како ќе излегувате летото ако бебето си легнува 8 саатот? Веќе станува жешко порано не може да се шета
Истото и мене ме мачи. Не ми се менува рутина сеа па почнав да ја шетам сабајле после доење за прва дремка а навечер ако треба да идеме негде ќе се делиме со мм… бар сеа з сеа така дур е малецка
Нема да излегуваме. Малку на лулашка или еден круг во количка низ населба и дома. Еве денес дури 7 излеговме на лулашка во двор, го избањав, млеко и 8 заспа.
Бебето вчера си го претоплив изгледа. Ми беше облечен во тенко боди по долги и хеланчиња. Цела вечер беше кенкав. Не заспа цврсто ама ич. Ајде во скок сме, ама одпосле забележав дека многу му е топло. Затоа оваа вечер го соблеков само по боди на кратки и една летна вреќа материјал како тетра. Заспа луѓе цврсто, кома. Вие како ги облекувате за спиење периодов? Кај нас е многу топло дома, ако продолжи вака клима мора.
Пижамчиња на долги и летна вреќичка од Ело, долу кај ноџињата и на половината знам да и префрлам тенко кебенце дека внатре не е баш температурата како надвор кај нас. Станот е претежно на северна страна ама спалнава ни е на западна страна. 23 степени е моментално.
Леле, камо среќа да ја имам таа температура. Кај нас во дневна моментално е факинг 28 степени. Не прашувајте како , не знам стварно.
Вечна дилема. Денес и кај нас нагло се стопли, преку ден во спална беше 24 степени па дремките ги спиеше на кратки горе и доле и само до половина покриена со фротирка. Е сега за спиење едни шпикозни од синсеј најтенки што може по долги ракави, доле отворени и без чорапи, до тенко памучно ќебе. Уште не е покриена пред малку ја легнав, ќе ја оставам да се разлади малце па ќе ја покријам. Ако продолжи вака се мислам од утре ромпер на кратки да и облечам ама со покривањево не знам како ќе е
И кај нас 28… Нервозен беше, пуштивме клима да олади. Горе е по кратки, а надоле 3/4 хеланчиња тенки, ама ваљда ќе го облакам во ромпер од утре. Надвор бевме, дете голо а главата утоп… не знам што ќе се праи.