Мојата ќе спие од вечерва по кратки. Ја облеков во шпихозни по долги за спиење, кенкаше, ме клоцаше, се одбиваше од мене, нејќеше да цица. Ко видов температура во соба 26.5 . Ја раслеков, одма се смири бебе, така да сезоната на ромпери за спиење ја прогласувам за отворена . Покриена со тенко ќебенце или тетра, зависи ноќта каква ќе е.
@Feniksgirl наеднаш ми затопли дома. Од оваа вечер по кратки ја ставив да спие. @QweenSM пакувај долгите ракави. Претопло ти е дома за долги. Добро што си го слекла бебуш по кратки.
Јас исто се мислев како да го оставам да спие. За сега е во долги, ама го оставив бос и е покриен. Каде да најдам лесни пижамки на кратки? И со што да го покривам, дали е океј со некое муслин прекривче и каде да најдам такво? Некако одеднаш ми стопли и ме фати неподготвена
Од утре и јас ќе почнам со кратки. Ја облеков само тенки шпикозни на долги и 0.5 тог вреќичка. Капки пот од чело и капеа дури де успиваше... Ми беше жал да ја будам и пресоблекувам бидејќи беше веќе задремана.
Истиот проблем со жештината дома, на бебифонот ми покажува дека е 28 степени во спална соба, а се мислам дека е мала 4 месеци да ја оставам да спие на кратки ракави, а и сеуште носи шпихозни на долги ракави со стапала долу. Не знам како инаку да ја облечам
Во последниве 24 часа бебево многу малку моча. Секоја пелена е измочкана ама многу малце за разлика од претходно, дури ни индикаторот не посинува цел. Имам простор за паника или поради топлото е па се поти и така исфрла течност? Вака не е нешто испотена по алиштата, грбот и градите и се океј, ама главчето знае да и е топло и испотено. Плус во понеделникот се вакциниравме, нз дали и тоа може да влијае. Инаку вака си е најнормална, весела, активна, си спие (освен што последните неколку дека ми станува ова време што е рано за нас хахаха )
И кај мене е исто веќе 2 недели. Многу малце мочка. Буквално со 3 пелени го тераме цел ден и една ноќна. Мерена на килажа завчера, си напредува супер.
Ве читам и си викаж да не го оставам голо детево? Ажа па не се буни. Веќе неколку дена, откако во спална се качи на 24 степени, ја оставам по боди на кратки за спиење и тенка вреќичка со ракавчиња. Преку ден е само во ромперче и чорапчиња евентуално, во дневна ни е 22 степени. Вака не е ладна, грбче, гради таман некако топли.
И син ми е 4 месеци и исто 28 степени ни е дома. Од вчера го оставив да спие само на боди по кратки и летна вреќа материјал како тетра. Мноооогу му беше топло. Од Тему.
Исто е и кај мене, многу малку. Ми се разбуди после 12 часа со сува пелена. И пишав на педијатарката ми рече дека е физиолошки процес, ама да ја пратам. Од топлото е, се дупнав од нудење водичка сака по малку со лажички, и се дупнав со нудење на града, млеко немам… не знам што да мислам, вака супер е весела, среќна, си игра. Ме фаќа паника да не ми падне на килажа.
Ние немаме почнато со храна ама педијатарот ми рече да почнам да и нудам по малку вода, 5 месеци сме. Последниве два дена и нудам и многу сака да пие вода, како да не видела. За млеко така не се тепа.
Не сака кај мене така, нудам со лажиче, по малку прифаќа, еве и денес ми стана со скроз сува пелена. Ќе ја носам на педијатар да ја измери, не прифаќа ад никакво кај мене. Нудам града немам веќе млеко толку да постигнам. Не знам веќе што да правам.. ми е страв да не падне на килажа.
Мене само сабајле ми се буди со каки и полна пелена. Во текот на денот и се суви. Јас мислев дека е бидејќи ми одбива млеко, едвај со 300 плачки 90-100 мл ќе испие на 4 саати, некогаш ни толку не сака. 90 ми пиеше на 5-6 недели, сега на 5 месеци толку сака. Не знам дали им влијае времето на намален апетит. А ти снема млеко наеднаш или го исцицува цело? Јас баш заради ова ја однесов завчера чисто да ја измерат од што бев во дилема дали напредува поради тоа што не јаде, за еден месец 730 грама беше што е океј. Неа повеќе во висина и оди, знам и вие сте така. Ај баш пиши како сте со килажа ако одите денес.
@Feniksgirl @baguf4e Јас имам вага дома и подобро да ја немам. Во последните 20 дена околу 350 грама има качено, ама конзистентно, нема паѓано. Плус доста е издолжена. Ама уште од раѓање помалку накачува, ама ја гледаа 3 педијатри и сите ми рекоа дека е во ред, едноставно побавно накачува, битно напредува, не паѓа, она е активна, развива вештини... Само што стигнав кај моите и ја оставив вагата дома да одморам малце од тоа, ама сеа ме ставивте во мисли дали требаше да ја земам, а ќе бидеме тука цел месец... @Feniksgirl како приметуваш дека немаш толку млеко? мојава почна после 7 мин да се трга, да се врти, ама пак фаќа, не е дека затвара уста или нешто, и кога по некое време јас сама ја тргнам не се буни. Ама почнав да менувам од двете гради пак и давам за да си го испие тоа од letdown-от. Ама откако почнав така па почесто си блуцка, па си викам да не се прејадува.... Немаме раат, оффф..... п.с. Вода и АД не сум понудила се уште
Можно е заради потење намалено да е мокрењето? Од кога фатија жештините како помалку да мокри ама и се поти. А може и пудрата да упива па така ми изгледа.
И јас ја облакам по кратки за спиење и фротирка за покривање ама и тоа го бутка. Жешко им е иако си мислиме да не се голи. Многу нагло дојде транзицијата долги- кратки затоа не сме сигурни.
Од вчера ми е по едно фустанче како боди, денеска на боди на кратко. Мерев температура 37.9 одкако ја расоблеков 37.2... а имаше само тенко маиче и хеланчиња со ногавки од зара како комплет идеа тие, ама тенки мн. И сега е само по кратки боди, како пајак е нозе и раце голи хаха тенки. Ама ова не се трпи дома има 29 степени во стан.