И кај нас е прилично жешко дома. Дневната ни е цел ден на сонце. Сега моментално има 27степени во собата Не знам како ќе правиме летово за да ги разладиме. Под клима не ми се остава
Значи ова е предноста да живееш во стан на север. Кај нас сонце пече од 6 сабајле до кај 10 најкасно и тоа само во дневна, а во спална запад само зајдисонце и тоа малку продира од дрвото под нас. Моментално е 21 степен низ цел стан, милина. Немам претстава што се случува надвор. Инаку летото планирам клима да пуштам, нема шанси да се варам. Нејзе директно не ја изложувам. Ние и сега во кола ја пукаме климата исто ко да нема дете со нас.
Северо запад ни е станот ама најгоре сме, џабе врие. На тараса онака беше свежо дека е на север ама сега и таму не е.
Не се оптеретувај толку со вагата жено, ќе се пореметиш така ако мериш секој ден. Сега се поголеми, еве моево не застанува цел божји ден е активна, се врти, се подига од лежечка позиција, фаќа нозе и бута во уста. Трошат калории, не може да напредува исто како мало бебенце што само лежи. Очекувано е. Јас бев да ја измерам на доктор бидејќи многу ми одбива млеко, ама ете во ред си било се. Башка што и во висина си растат, не е само килажа
Не пробувај да излезиш надвор Јас би ја пуштила климата, ми е да не го испонастинам. Оти и мене ми смета некогаш климата, а за него не знам како би било. Абе базен ќе му наместам сред соба и нека шлапка по цел ден хахахахаха
Мајки ај малку помош. Како да го спречам детево да не ја вади еднава рака од каишот на седиштето. Ја вади на средина, а убаво е стегната, повеќе не може од ова. Сигурна сум дека правам нешто грешно. Спојлер
знааам, уште од раѓање се оптеретив со нејзината тежина, затоа и месецов си дојдов на "одмор" од вагата
Моментално во дневна 27.7 . Вака ако продолжи јас ќе пуштам клима. И мене ми е страв да нѐ настини ама ќе ја наместам да дува нагоре и на quiet mode. Малку барем да биде свежичко во соба. Мислам дека нема да има проблем така со бебуш и баш пријатно ќе му биде. Ами каде е Август бе.
Многу зависи почетна килажа, моево од пуштање 2250 за 5 дена беше 2470 во ремедика, и после за 8 дена беше 2750. Ама мн мало и со ад сме и знаеш даваш точно милилитри и качува. Единствено ако сте почнале со поголема килажа, ама и ако немаш доволно млеко бебе плаче, бара храна, нема така да помине тоа.
Кај нас дома е убаво 20 степени, само на сабајле печи сонце ама ролетните спуштени после ги кревам убавина е. Ама мисла ми е кога ја вадам надвор што да облекувам. Дома е по боди на долги таман е не е жешко, надвор е друга приказна. Туку кажете дали да облекувам одоздола боди по прерамчиња, леле хаос сум не знам бебето како да си го облечам. Еднаш си викам жешко е, после си викам ќе и биде ладно вака.
Јас сум со клима скоро месец дена веќе а бебе имаше месец кога почнавме да ја пуштаме па еве ја пу пу пу не настинала. На поткровје сум и со многу прозори на исток и сабајле е пекол нема шанси без клима ќе се препотиме сите дури и кучево се нервира. По цел ден на 24 ми седи пуштена ама во ходник не директно кај што седиме во дневна или спална
Јас пуштив клима на 26, нагоре свртена да дува колку да разлади воздух. Дома е 25степени да разлади и ќе гасам,првпат пуштив денес, и во кола пуштаме клима веќе подолго време инаку се нервира плаче ама па и нас ни е жешко, ќе се навикнуваме и на оваа мора... ако не сега за недела две ќе мора со клима нон стоп.
Дојдов само да кажам дека сонував како сум и дала мафин и откако изела пола ми текнало дека е со јајце и почнала да се задушува А далеку сме од хранење освен млеко друго нема мириснато Спијам по 1саат ама стресот не спие никогаш @MariaBouli имав вага на заем 2 месеци и откако ја вратив ја мерам еднаш месечно на педијатар и сум раат. Секој ебан ден ја мерев, болест. И мојата не накачува максимално ама што ги читам американките на редит уопште не се замараат како нас со грамови.
Дали ова е потпарено под пазуви од едната страна го има? И што да ставам, 40 дена е старо бебето. Ориданацијата кај матичната само прва е денес, а викенд фаќа да не се влоши ми е страв.
Pamelce за газето беше вака огин црвено и дури како рана кожата се љупеше, ми даде mirobakt 2 пати на ден и mantazol 2 пати на ден и се смири. Судо крем и веледа пеленска исто ставав. Би ти препорачала пробај прво за пеленска овиее па ако не поминува земи од овие две креми тие се ако више има развиено габична инфекција. Чувај да биде чисто и суво местото.