Кај нас помогна бебешка пудра за 2 3 дена се смири црвенилото и се повлече и од тогаш на секое после капење и ставам пудра
Дали и вашите 4 месечни бебиња се нервозни кога неможат нешто убаво да фатат со рачињата? Аууу денеска е врв, цел ден кенкаме и плачиме.
Толку не било, ама помалку му се јавуваше на почетокот исто на овој дел. Убаво сушев и ставав Јекодерм, му помогна и не се појави од тогаш. Инаку, јас клима почнав да пуштам неколку денови веќе. Или го носам во спална за дремка и пуштам да разлади, или на другиот крај од дневна го ставам за да не му дува. На 24 степени ја пуштам. Еве денес беше само на боди на кратки ракави пред да ја пуштам климата. За спиење преку ден го покривам само со тетра, до половината, колку да речам дека е покриен.
Гледам муабетите за вода, почнав да нудам последниве денови директно од чаша. Не гледа дека пиеме па и тој се пружа. Не дека пие, пробува само со јазичето. Каква вода им давате? Од чешма или флаширана? Каква да давам?
Нас денски ни е 24, 25 температурата дека сонце не не фаќа ама иччч. Денес во ромперче,или само по боди на кратки ја оставам. А за спиење најверојатно ќе и облечам ромперче и 0.5 тог вреќичка, ако и е жешко ќе терам без вреќа. @pamelche нас вака ни беше вратот, метил преднизолон мачкав, а крема со цинк педијатар ми рече да не ставам на така воспалено.
Како ги одвикнавте вашите бебиња да спијат само во раце? Ние имаме 6 недели и порано си спиеше во гнездо без проблем, но кога го достигна врвот со грчеви почна само на гради кај нас и дење и ноќе. Ако ја оставам во креветче/гнездо мора да е на стомак и најчесто станува за максимум 30 минути. Сега ја олабавија грчевите ама уште си уживка во раце, а ради топлото веќе мора да е со слободни рачиња што дополнително ни отежнува.
Исто како јас да сум го напишала ова... Еве 2 ипол месеци е само на раце спија така се научи од тие грчевите и сега кога заспива а ја остам во креветче секундарно се разбудува а на раце спија... Не знам вака до каде ќе тераме... А на вечер на спална ја оставам но мора раката да е под глава кај неа...
Купи си додаток за каишките. Мал дел е, се става на гради и ги држи двете каишки. Ем нема да вади раче ем побезбедно е возењето. Не се плаши. Се дешава ова. Кога ќе се зацрвени измиј со чиста вода, убаво исуши и стави од кремата што ја користиш за пеленска регија тенок слој ќе смири. Ако е побуцкасто може почесто да му се случува додека не пркне и кожата се истегне. Види и околу вратчето може да има. И сегде кај што има засечоци. Само одмивај со чиста вода и убаво суши.
Денеска не знам кај терам од еден часот попладе почна многу да плаче само враце се смируват, имат еден месец и седум дена дали е скок или де грчеви не знам мерев тт нема што може да е
Од еден часот попладне и еве сеуште не спие, нон стоп е гладна а неможам да давам нон стоп млеко на вештачко е
Премногу е тоа за толку мало бебе. Почека само, направи и атмосфера, нека разликува ден и ноќ. Воведи рутина, бањање, па после масажи, имајте си некоја рутина, бебињата сакаат рутини. Недела дена трае скоков, ќе помине.
Да, со рутина само може да биде подобро. Тешко е и напорно додека се воведе ама бенефитот е голем. На почетокот многу касно заспиваше некогаш и 1,2 часот ама со рутина секој ден кратко го поместував времето, бев упорна, иста атмосфера и стигнавме до 9 и пол. И тогаш ќе и се наместат и прозорите на будност полека.
Малата почна со грчеви секој ден, исто и има гасови не можи да прдни некогаш и се стега, се вцрвенва и пушта звуци како да и е тешко се дури не прдни. Ги крева и нозете често. Има еден месец кои капки се ефикасни штто ги имате користено за грчеви/гасови.