Насабајле, пред јадење. И ќерка ми не ги сака ич, неколку пати ми се засркна со нив (други капки без проблем ги пие), пробува да ги исплука, се гади.
Мене исто ми ги плукаше од лажичка(реално смрдат стварно) и негде пред второ цицање и ги давам во малку молзено млекце во шишенце и не прави проблем
Ако си со количка, на количката закачи од тие алките против комарци. Членка кажуваше за Чико апаратче преносливо исто, на количка што се става.
Моментално сум во куќа каде што на терасава има мн комарци, за простор ми е не ми е за шетање со количка.
Имаш адаптери за во штекер. Имало и во Стокомак некое со течност. Колешката баш ми кажуваше дека за малата, уште од бебе кога била од тие користеле. Алката и нека стои во близина на беба.
Вчера исто кај мајками, врие комарци, мушинки. Со мрежата од бејбилов од дм ја купив на количка и ужива. Ништо нема на неа. Јас купив и од уријаж тоа сос пен за после каснување ама не го искористивме фала богу.
Мајки кај кој ортопед ги носите вашите во Систина? Ние идевме кај Горан Видоески ама ја затворил ординацијата…
Во Систина е Маја Каличанин, ние имаме закажано за во јули. Само ќе треба да се јавиш доста поранко за кај неа, барем во нашиот случај прв слободен термин беше за месеципол.
Мајки,по колку од кашичката јадат вашите бебиња, и по колку вода пијат дневно ? Моето е 5 месеци, вода пие 100 до 120 ml во денот, денес проба кашичка од јаболко и многу ја сакаше, ако не прекинев да давам,мислам цело тегленце ќе го изедеше
Осанит гранулиите како се даваат од колку месеци и по колку, 4 месеци има до сега давав по 8 два пати дневно макс ама сега читам по две требало?
24-25cтепени во спална,за спиење само со боди на кратки и покриено со памучно ќебенце до половина,таман е? Секоја вечер исти прашања
Да. Кај нас во спална е 23 моментално, спие само по боди по кратки и пелена во вреќичка од материјал како еднослојна тетра пелена.
Што е бре ова зимање крв ко за возрасен, 10 минути плаче бебе овие стискаат. Порано колку што памтам нас една капка ни зимаа. Господе Боже какво малтретирање за пред вакцина.
И кај нас е толку ама со клима, спие по боди на кратки и вреќа материјал како тетра или на ромперче и вреќичката.