Таман. Јас се мислам со тенка вреќичка да пробам дека ги мрда ноџињата и го спушта надоле ќебенцето ама така ќе и дојде еден слој плус на неа. И во раце ми заспива ќе се спури додека заспие. На мисла сум хаха
Ќути, моево уште си тера по старо врз мене заспива. Кога доаѓа моментот да ја преместам во креветче жива вода сме и двете. Ама тоа е, не се дава да заспие поинаку па нека се стори жива вода ако треба. Инаку во тенка вреќа тетра пелена материјал ми спие, не се поти, добро и доаѓа тој слој.
Би пробала вечер ама многу ми е жал жива вода е кога ја спуштам хахаха кај вратчето и на грбот. После додека се исуши офф катастрофа летно време
Женски не знам дали има тема... после колку време се стабилизира менструацијата после пораѓај? На колку време добивате? Не можам ред да фатам
Нема рок, јас 7 месеци добив после пораѓај и тоа нормално добиено. Да ти кажам мислам се издишав наеднаш. Не ми фалело дефинитивно да имам добиено ама многу помага. На 29 дена ми е.
Мила, на Фло апликацијата јас пратам и ми пишува дека после бременост нормално е да не е стабилизирана менструацијата и до година после пораѓај. Јас добив рано, 2 месеци постпартум, ми доаѓа исто како и пред бременост, на 28-29 дена.
Ама и нормално е изгледа да доцни и да дојде порано, баш читав и дека дур се дои можно е многу да варира И мене ми е полесно штом добијам ама до тогаш
2,5 години скоро после пораѓај сум моментално, добив на 8мата недела после пораѓај. Претходно добивав на 30-31 ден. Сега секогаш различно од 26-31 дена. Тек последниве два месеци се поклопи да се на 30 денови точно. Инаку хаос. И јас да не знам кога да очекувам.
Јас баш ја прашував гинекологот што ме породи и ми рече дека дури и цела година може да нема циклус особено кај доилки
Јас еве втор месец и втора менстуација 4 дена порано, обилна неможам да ви кажам више 5 ден како прв, ме истошти. Денеска станувам од хранење на малава и се вртам круг огромен крв јас целата... улошки на два сата полни. Се слушнав со Котларова дека Афродита ми е на одмор, вика капки егрометил да намали малку. Па се симнав зедов, остај обилна па и боли мн, вчера со кетонали, денеска бруфен сменив кетоналот како да не ми делува више или болката е јака.
Немам таков проблем, баш нормлано ми е ко што ми беше. И немам болки како што и немав цел живот, ама овулацијата… преболна.
Јас не знам дали е до 4ти скок, ама откако влеговме моето дете не сака да се вози во количка. Абе до продавница неможам да отидам со него, за 5 минути кенка и почнува да плаче. Јас не знам што му стана наеднаш, а што убаво и си заспиваше и си разгледуваше. Ќе помине , нели?
Majki dali bebuski vi jadat isto sega vo ovoj period? Nie sme dva meseca i na AD, dva dena ne jade isto kako porano. Zapisuvav i po saati. Porano znaese da zdrigne na 60ml i si produzuvase so jadenje, sega dobiva nagon za povrakanje..