Мирно ли ви спијат бебињата навечер? 5 месеци е, 200 на саат е навечер во сонот. Се врти лево и десно, од грб на една па друга страна, дига нозе и ги треска со цела сила од душекот, се пика во ќош, се влече. Цела вечер вака… не застанува. Најчесто не се буди, може малку да закенка 2-3 секунди ама си презаспива одма. Можно ли е да и е жешко или нешто друго е?
Период е, исто правеше. Жива ненаспана бев, од што ме будеше само а госпожата си беше куфер. Вишок енергија мислам дека им е, не ја дотрошуваат па и во сон си продолжуваат.
Голема е. Веќе преживува во сон, се што и се дешава дење. Ќе почнеш да приметуваш, колку “побурен” ден имала, во смисла повеќе шетала, повеќе разгледала, повеќе луѓе ја играле и се приближиле и збореле, поинтензивна ноќ ќе има. Станува свесна за околината и тоа знае да им се отсликува во сон.
Исто. Еве цела вечер не сум заспана баш ради ова. Бетер од новороденче. Си направив една шолја кафе за машала за да не паднам некаде у текот на денот.
За една недела 5 месеци ќе сме, две вечери по ред така прави, глава лево десно врти, нозете исправени нагоре па ги треска, со раце допира глава трие очи и цело време миже, го занишувам или ќе осети дека сум тука и продолжува морно да спие, по некое време пак исто Синоќа среќа убаво спиеше.
Стануваат свесни за околината и тоа знае да им влијае на сонот. Ќерка ми особено реагираше во сон кога ќе се видевме со свекор ми. Покрај тоа што немирно спиеше и ораше низ креветче, знаеше и да врисне некогаш. Ама тој таков е гласен и така и се ставаше во фаца ја растресуваше… секогаш кога ќе ја видеше знаев дека нема да спиеме следните денови. И таман ќе се смири, ќе се видевме со старите пак. Еднаш бев преуморна и решив нема гледање еден месец. Бебе почна да спие помирно, сите се наспавме. И следно гледање, пак ново на ново. Евентуално го надрасна тој период. Ова е тоа за што ги носат бебињата на баење од уроци. Кога не можеле и не знаеле да си објаснат што им се дешава.
Ќерка ми ич не беше плачка, знаеше да зајде само на педијатар ама ич не беше така долго и страшно. Син ми зајдуваше страшно. До негде 2 години и некој месец последниот пат, со губење свест по неколку секунди. Ама почна доста подоцна, не како новороденче. А ова еве денеска само 3 пати зајде оти го спуштив на кревет за да направам нешто ептен набрзина демек. Гугл вика бебиња не зајдувале пред 6 месеци и да се консултирам со педијатар ако прави така. И многу се нервирам кога ќе најдам време да гуглам. Педијатар ви спомнал нешто околу тоа?
Големата кај мене многу зајдуваше,кога ќе ми текне.. На секое плачење..Уште од мала од 1,2месеци некаде беше до 2години.. Еднаш ја однесовме во болница оти се преплашив,може беше 2ипол месеци колку што се сеќавам,го допи млекото и како и го тргнав шишето зајде ама многу долго. Во болница ми рекоа као демек нормално било да не сум се секирала. Сега е 6години се океј
Не гуглај. Зајдува многу често и на педијатар, никогаш ништо не ни рекол а сме биле на различни педијатри.
Исто. Ноќеска ме испомава со нозете по фаца дека транспортно креветче имаме и мрежата е спуштена а јас главата знам да ја напикам накај неа Предходнава ноќ нај немирно спиеше иако веќе вака прави некој период вака, сабајле помислив да не и беше и жешко и јас
Лелеее па мм е таков, значи кај и да е да очекувам такво спиење а? 4ипол сме Она додуша знае со рацете очите да си ги копа што се вика засега, и се дешава да се изврти во хоризонтала на креветот, ама тоа сега дека се гушкаме заедно во камп, дома во креветчето не го правеше. Баш ќе видам во јули кога ќе се вратиме што ќе биде Како ќе го сменам мм не знам хахаха
Не се секирај за маж ти. Го гледа него од прв ден, навикната е. Сега ти претка дека сте промениле средина. Некои бебиња на промени знаат да спијат повеќе и да реагираат кога ќе се вратат на рутината. Сите се различни. Сите различно доживуваат промени.
Мојава исто прави а нема ни 2ипол месеци, којзнае што ме чека значи… Ноќеска после доење се искака се олесни а со тоа се расони и после пола саат си играше си мрдаше во кревет и им гугаше на рефлекторите на таван…
Тоа е моро рефлекс кај твојата, ова е сосем поразлино. Сосем нормално нешто е и твоето, како расте полека ќе се намали, и скроз ќе исчезне до кај 6 месеци.
Не е моро поинаку е од моро, буквално е исто како денски кога си игра во релаксатор така и ноќе во креветче и си гуга весела си муабети со таванот. Моро веќе речиси да нема
Кога и кажав на педијтарката, ми рече само дувни и или сврти ја. Не ми посочи дека е нешто загрижувачко.