Дали ви се случува на бебето при цицање да му залетне? На мојава тоа и се случува да речам често да и залетне, да се закашла и многу ме плаши. Одма ја вртам на стонак и ја потапшувам
Да сосема нормално е особено ако е малецка. Како расте поретко и се случува но кога ми се пополни градите сабајле знае да и се случи, само ја поткревам да ждригне и ок е
Здраво мајки. Јас како тазе мајка на бебе од 2 недели имам прашања кои ме мачат.. 1. Како се справувате со моро рефлекс? Кај моето бебе е многу изразено, навечер без повивање не заспива, преку ден е борба и само во раце сака. Штом се успие убаво ке ја легнам и се буди за 5 минути, се бори со раце и нозе. Има ли некоја што го поминала истово? Ве молам утешете ме дека е краток период и ке помине. Ако имате и совети како да се избориме со ова, ве молам помагајте. Се надевам дека нема да се научи и да бара само во раце да биде. 2. Многу ретко ждрига после јадење, иако ја држам исправена, ја тапкам по грб. 3. Од кога ги легнувате на стомак? 4. Што ви се покажало како најефикасно против грчеви?
Моро рефлексот е до кај 5ти месец некаде. Сите бебиња така прават, и кај моето беше многу изразено, па пола дремка во раце, пола во количка/креветче. Јас на стомак го легнував од 2 месеци, ни тогаш сакаше, ни сега За грчеви еспумисан капки
Да е живо и здраво. 1. За моро не можам да те утешам, моево бебе имаше преизразен моро рефлекс до скоро, 4+ месеци. До 7 недели бевме живи ненаспани, на 10 минути се будеше со плачење. После тоа почнав да и повивам рачиња, значи не класично повивање туку само благо и ги лепев рацете со лепенка. За ова може да добијам голем backfire бидејќи е застарена метода, ама кај мене само тоа се покажа ефикасно и така ми спиеше секоја вечер до средина на 4 месеци. Од кога почнав да и ги лепам рацете се наспавме како луѓе и она и ние. Сега веќе сме 5 месеци и нема рефлекс воопшто. Имавме пробано неколку пати на 3 месеци да спие без залепени раце, тоа беше лудило цела вечер од рефлексот и пак се вративме на старо. Кај некои бебиња поминува побрзо, кај некои до 6 месеци. На 6 комплетно исчезнува. 3. Од 2 месеци почна да сака да спие на стомаче и и дозволував со постојан надзор од некој, да не се загуши. Сама не ја оставав никако. Тек сега ја оставам сама ама се врти, дига глава и сл. 4. Најефикасно инфакол капки. Ништо друго не помогна кај нас.
Не се справуваш со моро. Можеш да повиваш во спиење. Се губи со тек на време. И мојата ретко ждригнуваше, сега еве 3 месеци е и си ждригнува скоро после секој подој. И без ждригнување сепак ја држев исправена, затоа што ако ја легнев одма бљуцкаше. На стомак почнав откако и падна папочето, некаде од втората недела. Ако доиш, земи лактамикс, помага за грчеви. Инаку еспумисан и сличните на база на симетикон. Топло на меше. Реално ова само ублажува, не прави да исчезнат.
Една гушка и да знаеш дека не си сама. Битно да знаеш дека поминува. Бебе не се учи во раце, нема такво нешто. Едноставно тој период каде мама освен во раце, те бара тебе и блискоста. Од месец и нешто ја легнував на меше. Не ждригаше секогаш, ама ја држев исправена. Не мора да значи дека секогаш ќе ждригнат после јадење. Немав проблем со моро толку, секако после трети месец постепено се намалува до шести веќе исчезнува.
После колку денови од течење на носот да го носам на доктор? Само спреј и носко употребувам ама пак е затнат
Ива кај мене беше мн изразено моро ефект и осетлив нервен систем па се штрекаше цело време и си спиеше дење ноќе повиена. После како затопли намалив, и сега некогаш кога ми е хиперактивна знае да ја повијам и одма заспива. Така да мало е повивај и нека си спие, дење во дневна или во соба кај неа со светлина дневна спиеше, ноќе во спална затемнето. Ми рекоа на Неонатологија дека е мало за џдригање и одкако ја зедов значи имаше 3 недели ии како почнавме да зголемуваме храна, ја ставам на рамо повисоко нежно тапкање и притисок од доле нагоре на грбчето и одма џдрига. На почетокот со пауза на сред јадења, сега пие све па џдригнува. Одкако ми ја дадоа ја ставам на стомаче значи од 3 недели и нешто, ама кратко минутка две па зголемувам. Еспумисан на секое млеко, термофорче, колиеф за грчевите. Сега се доста намалени 2 месеци сме.
Мајка сите исто сме поминале. Моро рефлекс сам по себе ќе исчезне. Тоа е нормален рефлекс, кој го има и треба да го има секое бебе. Повивај ако така ти спие помирно. Кај мојава пример не се будеше, ама како ќе ги дигнеше рацете, така си ги држеше во вис, па полека си спушташе. До 5 ти месец го снемува. Сака во раце, си бара близина. Уште незнае тоа бебе каде се наоѓа. Гушкајте се. За ждригање, ќе почне да си ждрига. Убаво намести и тапкај нежно по грпчето. На меше ставав уште од месец дена, али ќерка ми не е љубител на тоа да биде на меше. Се врти, се превртува, ама на стомак да е и е болна тема ххахха За грчњеви ќе си пробуваш се, додека не најдеш нешто што ќе помогне. Пробав и давав се. И пак ги имаше со некој мал намален интезитет до кај 2 месеци и нешто.
Зелена кака од што може да биде, а не е оксидирана? Последните две пелени зелени и беа, само на доење е, месеципол е.
Бебе има месец ипол и има кандида на јазичето. Матичната му препиша нистатин капки 1х10 капки. Да ги мачкам капките или да ги пие? Не ми кажа ништо за третирање на градите. Чуствувам благо пецкање. Дали е нормално на месец ипол градите да бидат помеки, да не се тврди и да не ги чуствувам полни? На ексклузивно доење сме. Ви благодарам
Многу често од грчеви знае зелена да е каката. Исто и ако многу се прецицала па млекото побрзо да поминува низ дигестивниот тракт без да се преработи. Да е гладна не верувам, иако и тоа дава зелена кака. Од друга страна мала дигресија, еве на другар пример детето му го урочиле на вакцинација и затоа кака зелено И клинови моја љубов непреболена даваат зелена кака (За последниве две работи не ме сфаќај озбилно )
Исто последниве може 4 дена по еднаш кака мојава на ден, пообилно и темно зелено како спанаќ. Зголемивме храна, дека сме на ад, незнам дали е тоа или нешто друго. Цел ден читам.
Нормално е, не значи дека има проблем. Зелена кака не е сигнал на проблем. Како што пиша @thinkerbell побрзо поминала низ организам. Не се секирајте.
Како ви спијат бебињата во креветче? Има некоја финта или такви се од раѓање? Јас со првото не се потрудив многу, па препишувам на тоа, ама сега второво од старт реков ќе спие во креветче, од прв ден, ама таа сто пати да ја спуштам сто пати отвара очи во иста секунда или за кратко, а до мене спие, мака нема, ја прва се будам што се вика. И повиена и неповиена, и бел шум, и цуцла и тапкање и сите опции се пробани.
Стави и гнездо во креветчето и остај ја сама да се успие со цуцла или млекце. Кај мене ова беше успешно од прв ден, и еве 9 месеци е, уште си спие во креветчето
Не прифаќа цуцла, исто од старт е давана поучени од првото, негде околу втора недела ја одби. И плаче, вришти да ја земеш, го буди големиов. Исто и во количка ако и се приспива вришти дури не ја земеш. Сите се успиваат возејќи се само овие моиве што деца ќе беа .
Плачките може да и се и од грчеви Пробај да смениш цуцла од друга фирма. Јас прво имав од canpol, не ја сакаше, па му зедов на Авент. Знам дека нема да ти е утеха, ама моето за дневни дремки го заспивав во раце до 5 месеци