Кажете финта како да фати цуцла лажливка? Секакви купив, не фаќа никако, месеципол е. Големиот со цуцла заспиваше до годинаипол, и ја плукаше кога ќе заспие. Она не, а од прв ден и ја нудам. Цуцлата е пола мајка, да не мора ноќе на секое на града да ми виси. Исто и шише не фаќа, не знае. А ми треба некогаш да оставам измолзено, да излезам без неа, на лекар, до банка.. Џабе молзам и мрзнам млеко. Исто, како да заспива порано? Нема никаков ред, една вечер во 01,друга во 04, па во 02, реетко во 21/22ч да заспие. И откако ќе заспие, веќе една недела врзува по 5-6 часа, дали треба да ја будам? После првото станување, после тоа се буди на 3ч нормално за доење.
Може да ми ставиш слика кои од Авент, да пробам среќата, гледам повеќе мајки ги препорачуваат низ форумов само не знам кои точно?
Пак јас. Имате ли рутина? Ние пример во 19:30 почнуваме. Ја бањаме, пижами, затемнуваме па цицање во тишина (колку што може покрај големово). Се комира во 8 и спие до 4, цица и продолжува до 7. На почетокот знаеше да се буди, а да не е гладна, кај мене скроз се расонуваше затоа што ме намирисуваше, па маж ми ја преземаше. Така успеавме да дотераме до 4 сабајле. Сега веќе ако се подрасони се држиме за рака само и заспива. Воведете нешто секој ден што ќе се повторува без отстапки. Цуцла штом не фаќа не е страшно, пробајте нишкање, тапкање по газе, бели звуци. И обавезно во темница. Да се редактирам во поглед на цуцливе. Пробувајте со форми како сликава, помалку беља и деформитети прават од кружниве. Имитирале пупка жими мајка. Пупката е мека и со вакумот при цицање оди скроз позади до меко непце. Овие кружниве како авент само поголем отворен загриз може да направат. Не дека и овие сплесканиве не прават, секоја цуцла прави, ама помало зло се.
Да, се ова го правам секоја вечер. Затемнувам, ја нишкам, пуштам бели звуци, пеам приспивни песни, ш'шкам... Големиот си игра навечер, па не е скроз тишина, ама преку ден не и смета галамата, спие како заклана цел ден. Скроз и е сменет саатот нејзе, преку ден многу малку е будна, си надокнадува за ноќе што не спие всушност. А не можам да ја држам многу будна, оти дење знае и сама да си заспие лежејќи во креветче.
Кога станува сабајле? Ќе и смениш, разбуди ја. Јас така и со рутина и сменив, невечер мора да и е поразлично за да почне да разликува.
Па тоа е работата, нема утро да се буди таа На пример, заспива во 02ч, спие до 07ч и цица, заспива на града и продолжува до 10ч, пак цица и пак заспива, продолжува до 13ч. Се буди на 3ч само за доење и дали 10-15мин е будна до кај 16-17ч. После тоа може да биде будна и саат време, па и повеќе, кога како. А може и да задреме пак уште саат-два, кога ја шетаме во количка навечер на пример. Си доаѓаме дома од шетање, почнуваме рутината и ќе задреме во раце, со нишање само заспива навечер. Може да дремне 10-15мин во раце, ќе ја спуштам во креветче и се буди. Ајде пак наново, цицање, нишање..и се спие премногу ама не се предава, а очињата и се затвараат. И така е се до 02ч кога се предава. Завчера дури и до 04ч беше вака будна, со плачки.
Обратно и е биоритамот, ден и ноќ не разликува. Јас ја будев не ја презаспивав, од 9 недели спие цело време. Освен во 5ти скок, што се будеше 100 пати навечер, сме немале проблем после тоа од периодот пред 9 недели.
Нејзи денот и почнува од првата голема дремка и и трае до после полноќ. Почни кога се буди во 7 на утро да ја држиш некоја минута будна пред да земеш да ја доиш за да не се успие одма. Збори и, тропалка некоја, шушкава играчка некоја. Колку ќе издржи толку, минута, две, пет, десет. Со секое наредно будење пробај да ја држиш малку будна и кога ќе ти успева да е будна кратко, почни да зголемуваш по некоја минута. Некогаш ако се буни многу заспиј ја одма не ја мачи, ама кога ќе видиш дека може малку да издржи остави ја будна. Ноќе смени рутина. Ако цел ден е во гласно нема потреба и ноќе да е. И кај мене е гласно дење, што децава, што гласови и коли од надвор, прозори ми се отворени, телевизор, музика си пуштам. Навечер и јас сум престимулирана и сакам тивко и гледам и бебули исто. Навечер само гушкање. Спуштам ролетни и дојам легнати. Во 7 легнува, едвај и толку издржуваше некои денови, почнува да кенка од 6 ипол. Во просек му требаат 40 минути да се уцврсти. Ама ни тапшам гзе ни пеам, само се гушкаме. Некогаш ако е вознемирен само му зборам тивко и го галам по главчето. Знае да дремне, па да се разбуди, па да си призаспие и така 40тина минути. Се буди на 3 часа, еве последниве 2 дена првото будење го помести за 4 часа. Ќе одиме во Грција иначе ќе го ставав во креветче ама не сакам толку да му менувам, па кога ќе се вратиме ќе почнам во креветче да го префрлам. Што помалку работи инволвираш во ноќна рутина побрзо и полесно ќе научи да заспива без да има потреба од дополнителен стимул за ноќен сон, а и за тебе ќе биде полесно на долги стази за и ти да не треба понатака дополнително да одвикнуваш од непотребни навики.
Поминало времето за редактирање, ќе се самоцитирам “од првиот подолг период кога е будна и и трае до после полноќ кога е следното успивање” требаше да е.
Од нистатин капките ќе ставиш на газа и ќе и поминеш во усната празнина и на јазичето. И обавезно и градите да ги поминеш со нистатин капките на газа. Пецкањето би требало да ти биде од млекото што надоаѓа барем така кај мене беше тој период.
Женичка мислење ве молам, последен циклус ми беше 23.05 денес ми се појави розе сукрвица, со кафено, инаку сум породена со царски пред 3 месеци, дали сте имале ваков случај постпорпдилно? Не планирам второ сеуште а имавме со мм однос но со пазење, фала ви
@Feniksgirl знам користиш биодерма крема за бебе. А за бањање? Морам да ја менувам мустелава, детево со лишаи ми се направи. Лицето од биодермава и е супер, па се мислам и за бањање да земам нешто на биодерма. Големава со мустела од раѓање ја бањавме и ептен и беше погодена, па немам искуство со другиве линии.
Дали користите спф кога излегувате? Секако лицето не ја пече носиме шеширче ама на пример нозете и ги пече дека сме боси и во куси па не знам дали да ги мачкам?
Ќе ти пишам јас и ние сме во атопична кожа. Маслената купка на биодерма предобра е. На мојава па сега цело грбче и е со лишаи од топлово. Не и помага од биодермава не знам што да правам дали да сменам нешто. Не и се повлекуваат никако само и се влошува
Исто маслената купка на Биодерма ја користам, и плус балсамот си ја мачкам. @PoisonIvyFatale да ја мачкам со Еуцерин.
Да да, ја мачкам со 50 фактор,на ножиња,рачиња,лице.. @happygirl кај мене првото дете цело време беше со цуце во муце и шише прифаќаше секакво,а вторава ќерка ништо ништо нејќе освен града. Еве 6м правиме она нити една цуцла не прифати,купував и јас различни ама џабе.. Шише со водичка почнав да нудам сега,не знае да пие од него,ја гриза цуцлата и утоп се прави.. Цуцла веќе ни не нудам.Ама 6м си ја носам со мене и по банки и доктори секаде.. и да,цела ноќ е на цице...
И ние користевме Мустела од раѓање. Сѐ беше во ред со кожичката ама наеднаш почнаа да се прават лишаи и кај нас. Не знам дали е до Мустелата, ама решив да сменам на Биодерма маслената купка за бањање, па можам да кажам дека после 2-3 бањања кожичката му светна и лишаите веќе ги нема. Баш @Feniksgirl ми ја препорача и мене Биодермата, па не згрешив што ја земав. И преубаво мириса после бањање.