На Мустела земав јас мајка, ама ние проблем со атопична кожа немаме па супер ни е факторот. Ете Финекс се со атопична, па може вас на Еуцерин повеќе ќе ви одговара према кожичката.
Веледа купка, после тоа масло веледа мачкаме и значи сјае кожа. Вака преку ден и ставам и од Млекото од бадем кога правам масажа на грбче. За лице кога ќе ми се појави некое црвенило или брумчиња малку едно зрцне ставам биодерма атодерм интензив баум кремот и како нова е.
@Feniksgirl @QweenSM а за косичка миење? Претпоставувам посебно треба нешто? И на главата и се направија лишајчиња исто, не знам што бидна.
Како се периодов со апетит малите кај мене е намалена со апетит... Иначе и кај мене од бебе кое фаќаше цуцла и шише наеднаш се престана да фаќа и сега само дреми на града колку јади искрено не знам и некогаш на вечер пред спиење и давав ад сега не сака со очи да го види а и дадам плука и молзено да и дадам од шише не го сака а пред тоа си пиеше и повеќе така сакаше молзено во шише барем знаев дека е најадена и во неделата 1 до 2 пати кака а си какаше по еднаш во денот памперси полни со мочки онака 3 4 пати кога именувам полни се ... наеднаш детево се смени од кога ги прими првите вакцини...
Мајки нормално ли е бебе од месец и половина преку ден тешко да заспива по 10 мин дремки има и често се буди наеднаш со очи црвени и муце спремно за плачење и делува како исплашена? Колку време откако ќе станат наутро се будни вашите? Читам сега треба 1час да биде будна, а ние сме веќе 3 часа будни со 10мин дремка?
Највероватно сте во прв скок и затоа има проблем со спиењето, мојава и во прв и сега во втор по 3 саати знае/ше да е будна и да има минимални дремки.. Период е ќе пројде. Јас еве чекам вториов скок скроз да и пројде да се стабилизира. А тоа дека само 1 час будна кај мене речиси немало ден да е така ама си надокнадува сон со една поголема дремка Тоа што ти делува исплашена во тие недели учат гримаси и почнуваат да се смеат, да прават тажни фацки и да плачат со солзи
И на глава од маслената купка. И син ми исто имаше лишајчиња кои со ништо не се губеа додека не земав биодерма. Ќерка ми исто откако се преселивме и се пресуши кожичката ваљда климава не и одговараше. И еве сеуште користам биодерма за нив. Имав обиди да им сменам секогаш кога кожата им беше ок, и на секое менување пак ново лишајче кај него и пак суви нозе кај неа. И еве година дена како немав обид да сменам и кожата им е сосем ок. Сега веќе за летово сакам да земам нешто полесно и хидратантно, па ќе видам дали ќе им погодам да им одговара. Ама за лишајчиња и од мене имаш топла препорака за биодерма.
Мајки со бебенца и тодлери дома, дали и колку време не ги носевте во градинка поголемите деца од доаѓање дома од болница? Јас моево планирав 2-3 недели ама дома цела енергија ни ја цица не може да се здивне ни 5 мин. Дури се мислам и порано од планираното да го пуштам. Сама дома со две деца нема теорија.
Време дека е жешко му давате вода??? Од колку месеци почнавте вака тие што ве фатил летен период а не биле 6 месеци