Majќи со оглед на топлото кое време од денот излегувате со вашите бебиња кое време од денот е идеален за на парк ?
Др Јадранка, Др Марина поп лазарова,Др Драгана Емел, Др Филев.. кој друг да ти кажам. Све се педијатри со искуство. Др Марина ми рече 3* 70 мл да и давам, Др Јадранка ми рече до 50 мл во ден, Др Емел исто како Јадранка. Филев ми рече давај малку. Идат на предавања со колеги за адаптираното млеко. Вода не се препорачува ако доиш. Oвде секој споделува совет што е добиен од доктор нели не експериментира никој со своето дете. Направи ад и млеко твое остави да одстои да видиш како ад е врзана формација и не се развојуваат ни фази ни ништо останува густо и лепи, за разлика од мајчино. Па може да се види колку е полесна форма за пиење.
Кој од овие ти е матичен педијатар? 3 пати по 70мл вода да даваш на бебе прематурче од месец и кусур?? Мора да се заебаваш со мене. Неам коментар, нека идат на колку сакаат на платените предавања со колегите од фирмите за АД, сите истражувањата ти се достапни бесплатно да си ги прочиташ, пак ќе се вратам и АД е вода буквално ставаш 90/120 итн мл ВОДА па прав. Кога водата е врзана со млекото не го нарушува електролитниот баланс, а чиста вода го нарушува и ги оптоварува бубрезите. Препораките се исто и за АД и за мајчино, 210мл вода на месец и кусур бебе е катастрофален совет и опасен. Апсолутно нема потреба од вода зашто нема никаква корист и наместо да го хидрира бебето како што лаички може да мисли некој го нарушува електролитниот баланс и полесно ќе го дехидрира бебето.
Јас ја имам кремата атодерм за нормална кон чувствителна кожа, со тоа го мачкам и на лице. Кога ќе ја истрошам следно сакам и јас балсамот да го земам.
Лелел тоа многу рано е, јас не можам да функционирам ако станам толку рано, со оглед на тоа што станувам неколку пати ноќе за да цица. Ама ќе се трудам да стануваме порано. Денес на пр. имав аларм во 8:30, ја гледам нејзе си спие и јас си продолжив, жал ми беше да ја будам, а и ако спие не знам што да и направам нема да се разбуди. Затоа ја почекав и она во 09ч почна да мрда , да квичи па цицаше и станавме. Во 10:30 пак цицаше и еве ја од 11ч спие. Пресреќна сумм сама сум наутро со нејзе и мн ми треба да спие за да можам барем да појадам. Секој појадок ми е во 13/14ч се надевам ќе се научиме и ќе направиме некој ред
Рано е, и јас не можев да функционирам на почетокот кога почна да се буди во 7 И мојот се буди навечер за млеко, сега повеќе и од забите знае да се разбуди, и има денови кај што сум жива ненаспана, ама отрпнав од се, се научив да функционирам така. Јас од ко е роден, досега, до 16часот сум сама со него. На почеток и мене ми беше претешко, не можев ред да фатам за ништо, ни јадење, ни капење, ни кафе да испијам. Ништо не можев. И те разбирам како ти е. Ќе ја оставаш на подлога долу да си лежи, или во количка со играчиња со нешто и ќе си завршиш некои обврски. Полека полека треба да стекнете некоја рутина
Мајки дали е загрижувачки бебе од 10 полни недели 4 ипол саати да е будно? Одкога е станата сабајле од 15 за 7 еве сега конечно ја фати сон во раце со гушкање и тапкање иако од саат ипол кога се разбуди шетавме со количка, се држевме во раце, цицаше неколку пати и не можеше да се успие.. Знаела да врзе 2ипол-3 саати будна ама ова веќе ептен па се замислив да не нешто не е ок или уште е во скокот… Цицаше нормално, мочкано и какани пелени, не е ни топла ни ладна мислам и е таман… Да напоменам дека убаво се наспа ноќеска од 19:15 до 6:45 само со едно станување за цицање. Не беше ни нешто прекенкава, малце ќе покенка па ќе си погледа нешто ќе се заинтересира ама очињата црвени како да и се спие… Нормално ли е се ова?
Поголемото ми беше на АД, ја носев редовно кај Јадранка и Марина, вода до 6 месеци никако беше советот. Пред 3 години, што и не е така далеку. Сега бебе ми е на цицање, 4ипол месеци, кај Драгана Емел сме и ми рече вода не, може мииииинимално од тие бебешките лажички сега дека ќе почнеме со каши, ама пак да е минимално.
Voda do pocnuvanje na cvrsta hrana ne se dava, si prima preku majcinoto mleko i ad i toa mu e sosema dovolno vo soglasnost so mokta na funcijata na bubrezite. So pocnuvanje na dohranata se pocnuva i so vodata, najprvin na lazice poleka pa se zgolemuva so zgolemuvanjeto na vnesot na na cvrstata hrana. Stvarno se cudam od kade pedijatrite gi citaat site tie raboti...
Дојдов да се жалам..пак. Синоќа ја избањавме, цицаше и околу 20:30ч почнав да ја нишкам за да заспие. Дремна во рацете 10мин и се разбуди, ајде пак наново, нишкам по 40мин за да ја спуштам во креветче и да стане после 5-10мин. Така три пати правеше, и веќе од 01ч како почна да плаче, едвај се смируваше. Заспа дури во 04:07ч, јас и мм веќе бевме преморени ептен, не можев ни да нишкам, ни да пеам приспивни. Не знам до кога ќе издржам со ова темпо, пренапорно ми е. Како се стемнува надвор, и мене ми се темни оти знам долга е ноќта за нас. А баш вчера дента не спиеше многу, и си викав вечерта порано белки ќе заспие. Не бре брате, не уби со неспиењето. Еве ја сега уште си спие, стана само еднаш да цица и одма продолжи. А јас и мм не можеме да функционираме, цел ден како зомби сум. Немам сила ни желба за ништо, ни да излезам до парк, да прошетам.. Ја мразам првата година, едвај чекам да помине, најтешка е. Како да уживам во моментите кога едвај имам сила еден ручек да направам? Големиот не го ни спомнувам, го немам видено откако е родена, немам време за ништо.
Наутро 7:30 до кај 9ч ама покриен со тетра пелена дека сонце има.Навечер послем 18:30 до кај 20:30 дека 21ч сме веќе избањани и време е за спиење
Не споредувај дете со други. Сите се различни. Мојата имаше периоди каде 15 мин макс спиеше преку ден. Само во раце и ништо друго. Навечерод прв ден терав исти период бањање, облакање, млеко и во спална. И да се разбуди , ниту еднаш до сега ја немам изнесено од спална. Не дека на 4 ти ден она фати ред, ама не се откажував по ниту една цена. Терав исто исто и веќе почна, штом отидеме во спална, да чека со отворена уста млекото и да спие. Може ти е клише совет, ама верувај се ќе помине. И трпение , многу трпение.
Хахахахх Мојава во 5 стануваше до пред 2 месеци секој ден. Во 7 веќе тераше прва дремка. 7:30 да станела, јас частев кафана. Не е рано, ќе се навикнеш. Ќе си легнуваш со неа да одмориш и навечер порано легнувај.
Јас баш го прашав док Филев дека е топло дали има потреба за вода,ми кажа бекутан чај ,исто и ако бара уште млеко ,чај да се дава .Дека ние сме на ад и пие 90мл и некад бара повеќе ама да не му давам затоа што ќе е премногу за него.Ми рече за 4 недели ке дадеме повеќе