Многу време е 4 саати без дремка за толку мало бебе. На 10 недели прозор на будност е околу 1 час, еве преку сила 1.5 часа. Ми се случуваше и мене вака да ми биде будна со саати кога беше помала и беше многу плачлива, јас изгубен случај ни прозорци на будност и пратев ни распознавав знаци на поспаност. Некои бебиња и не манифестираат знаци на поспаност, ама тоа не значи дека не им се спие. Пробај нека има 5-6 дремки во текот на денот со будност меѓу нив од 1-1.5 час, на почеток ако треба мери и време. Знам дека е малку токсик, ама јас така правев додека фатам ред.
Мајка, баш напротив, колку повеќе не спие, толку повеќе нема да спие. Престимулирано е. И моето беше така, сабајле биди ја, направи и разлик ден и ноќ. Мора да разликува, она не разликува затоа е така.
Филев ми е матичен од скоро немав, идев приватно. Секако нема да давам колку што вика Марина, но сепак давам или чај или вода во многу мала количина.
За мирна ноќ, јас не го спуштав во креветче си спиеше на мене или до мене на спална. Сега има три месеци и планирам деновиве после вакцина да почнам да го учам во креветче, ама денски. Гледав видеа, почни да го учиш денски во креветче пошто е полесно, поодморена си од 4 сабајле. Ќе пробувам, ако успеам ок, ако не ќе спие на спална
Ние сме по датум на раѓање 7 недели и два дена, а по термин 5 недели и 5 дена. Последниве 3 дена имаме проблем со заспивање, тоа е борба, ја легнувам на мене, ја врти главата лево десно, ме влече со рацете, ги исправа нозете… таман ќе задреме 2 минути ги отвара пак очите ширум. Се успиваме по 40 минути и после тоа барем 30 минути немирно спие само мрда. После убаво заспива и спие во раце и повеќе од 2 саати. Ноќеска цела ноќ се будеше на саат време, а вообичаено спие по 2 саати ноќе. Не би требало да сме во прв скок според тајмингот ама дали има шанси да е ова поврзано со тоа?
На Wonder Weeks ми вика дека ни почнал на 6ти јуни и ни завршил веќе.. Ама претпоставувам може да е поместено малце, не мора да значи дека е до ден точно?
Па од 5та и пол недела почнува, според термин на раѓање, не според дата. А вие сте точно таа, и сте во скок.
Оф пиши како ќе успееш. Јас дневните дремки конечно ги направив безконтактни еве 2 недели веќе ама навечер уште не сум ја префрлила во креветче. Регресијата јако не мава и жива ненаспана сум не се осмелувам сеа
Спие во креветчето, не е проблем тоа. Проблемот е што заспива многу доцна. Инаку и дење и ноќе од прв ден спие во креветче. На спалната и да ја земам некогаш до мене, демек да се смири, од топлото уште толку повеќе плаче. А и не сакам да ја навикнувам да спие на спалната, па после и со тоа да се борам.
Да, дење спие во транспортното во дневна, тоа таму ни стои. Ноќе до мене спие во мало дрвено креветче.
Kaко знаевте дека се наспани и спремни за станување? Мојава станува цица и уште во раце е заспана. Колку пати во ноќта ви се будат бебињата штом станувате толку рано, мојата првата дремка откако ќе ја успијам навечер и е поголема околу 3ч и после знае на секој час или два да ми станува. Затоа наутро сум отепана ми се спие. Инаку денес еве од 20:00ч сме во спална, дури сега во 22:00ч заспа