Мајки дали на ова време им облекувате боди? По дома сме само по боди ама за надвор не знам дали да и облечам или не
Па до пред 2 месеци негде, а може и нешто повеќе, заспиваше во 19ч. До 5 ч , со едно до две макс будења за млеко беше само. И тоа не целосно будење, туку ја осеќав дека ќе се буди и одма и давав млеко и во спиење ќе го испиеше и продолжуваше. Два пати ноќно за млеко, се будеше на почетоко негде до кај 4 ти месец негде. После само еднаш, ретко ретко да не се разбуди ич. Еве сега дури во 6:30 ч негде се буди, давам млеко и знае да продолжи до 8ч.( ова само кога е татко и дома).
Само боди по кратки и кратки панталони, фустанче или ромпер. Ако мислиш боди по рамки под бодито по кратки, не. Претопло е. Ни чорапи не облакам, боса и дома и надвор 24/7.
Мајки малава денес и вчера се изнаспа. Вчера прва дремка 2 саати тераше. Денес сабајлево ја легнав во 8ипол до 9ипол спиеше и стана со плачење. Не сакаше да се смири никако и ја земав ја гушкав си заспа пак во 9 и 40, еве 11 саат е уште спие. Што да правам да ја будам ли? Навечер не ми спие убаво заби ја мачат на секој саат ипол станува, мислам дека затоа преку ден почна да надокнадува
Не, од топлото е, и мојата е таква. Одвај стана сабајле и еве ја веќе саат и пол уште спие. Од 5ти скок ги качуваат или си ги враќаат дневните дремки во нормала, значи под нормала мислам да мава 2 саати спиење.
Ауууу дај боже веќеее барем денски да здивнам. Вчера сама си спиеше 2 саати ама еве денес бараше презаспивање
Исто правев и јас до пред некое време. Тој спие јас трчај по соби да средам. Ама сега не. Тој спие, јас кафе си правам и си одмарам. Средувам кога ќе стане. Првиот сат е многу мирен после дремка, и го ставам на подлога и тогаш ќе средам нешто
Ајдееее доаѓа живот и за мене. Кафето раат го испив додека беше топло, сега досадно ми е не знам што да правам. Уште да се опуштам да почнам да тропам додека спие и супер ќе можам барем јадење да си направам
Истово и јас го правам, додека е на подлога средувам што можам а додека спие дремам со кафе. Па и јас имам душа