Ива, влегов во темава да ги прашам искусниве за моро… 5денови сме, новороденче ептен … премногу изразен и е рефлексот …. Цицаме да речам 40мин денес и целата е поспанка само што ја зимам да ја спуштам во гнездо ја оставам и за 5секунди се преплашува и почнува да плаче. Вечерва ќе пробам со повивање со лепенки имам две такви swaddles среќа нарачав иaко не мислев дека ќе ги користиме дека е лето ама се надевам ќе и го ублажат стравот зошто буквално се вади од памет цела и е многу вознемирена. Единствено се опушта кога е на меше кај нас, посебно кај татко и, прееска еден саат отспа на меше свртрна на гради кај него, уживаше буквално. Две ноќи сме дојдени од болница… ама не сака да спие во креветче до нашата спална, па ја земавме меѓу нас. Ептен ми е страв плус жешко е и жива ненаспана сум да не ја удриме и само ја проверувам… како постепено ги научивте во креветче? Кажете некоја техника
Кога ќе најдрш техника те молам сподели . Јас за првото се карав со сите мора да спие во креветче, и дојдени дома, ние спушти го тој одма очи отвара и се буди, цела ноќ крени спушти, дојде 5 сабајле, мм се изнервира, ја истурка спалната до ѕид за да не падне синко, а тој во дневна и така е веќе скоро 4 години . Е сега проблем е што и дадата е иста, а не ми е безбедна да ја ставам меѓу мене и синко дека он многу немирно спие. А за Моро, само повивање, па и во Систина преку ноќ ги повиваа. Од долу само пелена и тенко боди и нема да ја покриваш.
Ко за моево дете да читам. До 4 месеци имаше преизразен моро рефлекс. Јас и лепев само благо рачиња исто со такво свадл од тему, многу ми се најде. Се наспавме како луѓе и таа и ние. Од кога почна да се врти и го тргнав ама и веќе рефлексот беше намален. Инаку на почеток е секогаш така, мојава од 7 недели тек може и поголема беше како првпат спиеше во креветче, пред тоа или врз нас или до мене на спална во гнездото и да ја држам за раче цела ноќ, а татко и во друга спална беше тој период. Многу е малечко, си бара близина и топлина, гушкај ја и нека спие до тебе ако не сака во креветче уште одма. Полека како ќе пркне ќе ја научиш, ќе и направиш и ноќна рутина и се по ред.
Не знам каде да прашам. Како сте задоволни од вреќите за спиење на Нанам? Во план ми е да порачам летна. Само некако многу се слаби со дезени.
Имав пролетно-есенска, беше до 6 месеци. Материјалот океј, малку се расипа од сушење во машина. Сега нарачав летни од 6 до 18 месеци и беа преголеми, немаше теоретска шанса во таква бебе да спие, нема измеѓу бројчиња, тоа само им е утка.
Јас земав летна. Не е лош материјалот ама непрактично ми е што горе на рамената се закопчува и патентот е од страна. Од стружанка ми се поубави. Напред патент и плус и ракави имаат што се вадат.па и на есен си ги користев.
Леле исто прави и мојот поткашлува или вика малку ако не го регистрираш и вика налутено. Ние утре 5 месеци... Деновиве спие со кренати нозе нормално е нели или се врти на страна и ги потпира на креветче кренати и спие. Пред некоја вечер не спиев од што мислев дека му е нешто Вие што само доите на колку време им давате да цицаат и по колку цицаат?
И мојава крева нозе и се врти на страна во спиење ама не успева да се намести убаво, па како заспива паѓа наназад и се буди.. само ја презаспивам ја придржувам. Иначе цица на 2, 3 саати. Јас и нудам плус дека е жешко многу
Бебињата значи скроз исто. Господинов мој 4 ипол месеци исто поткашлува ако не му обврнуваш внимание. Исто со кренати нози спие и само туку ги треска со сета сила. Неможам да се изначудам од каде едно бебе има таква сила за толку многу да ги мава од кревет , па и се смее после на цел глас.