Ние сме вечно во скок ама ова со дремките заврши. Сега ја земам и пеам песничка и одма затвара очи, полузаспана ја ставам на спална и си спие
Мајки колку дремки треба да имаат бебињата од 5месеци? Мојата 5ипол е борба водиме да спиење преку ден и се спие многу цицнува заспива и се буди за 5 минути или одма најмногу за 10минути . Еднаш дневно знае да врзе 40,45 минути и толку другото катастрофа. Навечер нема мака си спие 8,8ипол најкасно 9 е заспана станува кај 6,6ипол, не ми се буди навечер за цицање спие цела вечер
Моментално сама си прави некако трансфер од 4 на 3 дремки. До скоро имаше 4, еве неколку дена по ред 3 се и мислам така ќе тера така. Инаку се буди на 30-45 минути негде ама ја презаспивам и тера саат или саат ипол максимум.
Мајка на 3 саати многу е. 3 саати е за ад, на доење на почеток е 1и пол до 2 макс. Не држи исто мајчиното млеко. Да пробаш да нудиш града почесто?
Се си мислев се имам прочитано и отприлика се ми е јасно кога ќе дојде бебка ама денес сме 6денови и ја секој ден имам нова збунка. Цицаме со медела брадавка, имам проблем кога веќе заспива на крај на цицање само што ќе ја ставам на кревет за некоја минута се буди и кенка и пак круг одново. Прееска на пладне сврза 3саати некако после одвај ја разбудивме пола саат дете не отвараше очиња почнав да мислам да не случајно не и е доволно моето млеко па да не може да се успие убаво… сега после цицање 1саат ми спие на раце… ми е страв да пробам да ја преместам зото сигурно ќе се разбуди. Исто..Колку време ви беа будни бебињата вака штотуку родени меѓу дремки?
Па мајка се на се 5-6 саати будност цел ден вкупно, преку сила. На почеток многу спијат, стварно се што прават е спиење, какање, мочкање и бљуцкање. Бара блискост, не е дека не е јадена. Тој период многу сакаат contact naps, затоа и спие на вас. Ја некогаш и навечер дремев она на мене да спие. Не се буни, се супер правиш. Како што се учите вие на нејзе, така и она на вас. Отвори ја dr.Goodnight на инста, има многу корисни работи.
Дека имам многу млеко мислев цица доволно. Се буди на 2.5-3 часа. Инаку да, ќе нудам града почесто. Со првото бевме комбинирано доење плус АД на почеток и сега ко ново ми е пак без разлика дека е второ.
Мене ме тераа да ја будам. Будев додека не направи добра килажа. Така на саат и пол до два и давав. Буди бебе на 2 саати.
Се случуваше да не можеме да го разбудиме, го миевме во лице, шетавме низ стан, никако не сакаше да се разбуди. Од жолтицата така се успиваат.
Исто, 5 ипол месеци, денски 3 пати заспива едвај по пола саат,и кога се буди,очите ширум отворени, се смее,гуга,не ми е јасно како е наспан Навечер во 9 заспива,до кај 6 ипол,7, само што еднаш се буди да цица.
Ај мајки предложете ми кенгур за бебе сега сме 3м плус ...за на жешково нешто нешто што нема да го поти да биди убав материјал