@Feniksgirl @gwenst фала ви. Ќе и го вклучам пак одма. Не бе не, ова матичниве се ужас. Зошто не си се слушам самата не знам. Матичната ми рече да го прекинам и баш и реков дека и на големото до скоро 6 му давав, ама не, немало потреба. Викам ај добро и јас сум за што помалку работи да давам. И совет од 4 месеџи сега да почнам со вкусови. Аха да, бебе доено што напредува по кило месечно и што воопшто нема никаков интерес за храна ќе го малтретирам на 4 месеци. А да, и беба се врти од грб само до пола, на страна, ама затоа кога ќе ја ставам на стомак си се завртува на грб еве веќе неколку пати. Ама неее, ми давала рок уште две недели да се заврти скроз бебе. И после што? Кај ќе ме прати? Ма ајде бре.
Леле, да си ја смениш. Мојава само од грб на меше се врти, обратно јок. Еднаш се сврти и тоа мислам по грешка. 7+ сме, па не ја ни форсирам. Кога сака ќе совлада вештина. Еве ја седи стабилно од 6 и пол. Сака да седи детето и готово, ако ја легнам на подлога урла. Пробиотик прима зашто царски и природно не е исто. Царски родено не ги собира здравите бактериите како природно родените бебиња. Затоа и до кај 6 се дава. И прв пат слушам доено бебе да го тераат од 4 месеци без никаква причина да се почнува со цврста храна. Ја на своја иницијатива почнав од 5, матичната ми рече од 6 зашто ексклузивно доење е до 6 месеци. Мојата уста не отвараше од 5, и пак си почнав од 6. Фала му на бога јаде сега. Давај пробиотик, некои работи дефинитивно води си се по себе.
И мојава вака прави трансфер на две… малку порано ама сега тоа е. Очекував дека до кај 8 ќе има три, ама сака порано изгледа.
Мојот 9 месеци има, и само на страна се врти. На меше не, обратно не. Ретко некогаш ако му се згреши.
Големата до точно 6 ми беше на ексклузивно доење. Со ова планирам од 5 да почнам, па ќе видиме како ќе биде. Што ако почнав со големото на 6, ниту јадеше, ниту вода пиеше. Ама како и да е 4 ми е премало. Ако има реален проблем, да, сум за, ама бебе што одлично напредува нема шанси. Она ми вика кашички, јас и викам не, кога ќе дојде време со парчиња директно почнувам. Уште да се закаравме.
Мојата почна да се врти па негде кај 8 ми месец. Сега веќе незнам на која страна и кога е свртена на стомак грб постојано. Не ми рекла ништо педијатаркава за тоа. Дека секое бебе само си ги прави работите кога ќе им дојде. Батали ја таму.
Еве моево по кило и 200 до 300 гр накачува....совет од педијатар од 4 и пол месеци кашички....а вода нели не се дава пред 6 месеци како ќе давам вкусови ...од дома напнуваат за тоа веќе аман аман второ дете настрана ќе гледам вака не бива
Повеќе педијатри прашав до кога да давам и сите различно ми кажуваат. Една докторка ми рече давај и до годината не штети демек ништо пробиотикот, една до кај 3 месеци, друга до 6 месеци. Ние сме 4.5 месеци и давам цело време откако е роден. Јас планирам до кај 6 месеци да давам па ќе видеме како ќе биде. А после тоа по потреба, ако прима антибиотик некогаш нормално. На крајот од денот секогаш наша е одлуката, дека овие педијатриве сите различно си кажуваат па оди биди паметен.
Рано е толку мало со кашички. Тоа уште не знае каде е, не па каши да му даваш. Нека си пие млекце. Ќе јади кога ќе дојде ред.
Не ме советуваше да е стриктно АД туку да се одмолзам после подој и да и го додадам ама ако нема доволно да додадам АД. Инаку да скроз ме издепримира пошо ми вика Мајкааа ова не е добро. А после си направив математика дека уствари мерењето беше 2.5 часа од последен оброк. Што ако ја надоев непосредно пред мерење? Ќе си беше таман. Толку бев среќна што почна да си цица и да не се молзам и вчера ме пресече скроз. Едит: дохрана да сум давала после подој 75мл што мислам дека е премногу за бебе пд 2 недели и 3200 грама. Вчерс еднаш и дадов толку и бајаги исповрати. Околу 60мл и е таман, со 75 ко натупана жал да те фати.
Bebe e 2 meseci skalpot e suv i se peruta , sto da pravam? Za mienje na kosa koristam Uriage i stavam becutan ulje , ama nema podobruvanje
Неколку пати и треба да го снема. И јас Бекутан уље и ставав неколку пати, оставав пола саат да отстои, чешлав па миев.
Женски здраво Многу би ми значело ако некоја од вас има поминато нешто слично да сподели искуство, совет или мала утеха. Бебе е 7ма недела, комбинирана исхрана но доминантно на мајчино млеко, последниве неколку дена навечер после 7:30 е апсолутно неподнослива. Вришти, цица некако немирно, тешко ја смируваме а сме пробале се - се смирува кога ја бањаме за заспивање ама се буди буквално 5 минути откако ќе ја спуштиме во креветче - ова може да потрае неколку часа и да имаме неколку обиди кога делува дека мирно заспала во раце а пак се буди брзо после ставање во креветче. Помислувам дека се грчеви но имавме таква епизода на околу 5 недели и баш видно се грчеше со нозете, сега како да е само нервозна? Единствено ми останува да пробам порано да почнеме со заспивање, можеби сака порано да легнува. Преку ден е генерално ок, има неколку дремки зависно колку лудувала минатата вечер. Ете, не знам, било каков предлог би ми помогналмногу.
А јас немам почнато со пробиотик уште, бебка е 7 недели. Ни на големиот не давав. И давам само Д3+К1 од капсулите. Заради ротата треба да се дава пробиотик или зошто? Големиот не ја фати таа вакцина, па немав препорака за пробиотик. Му имам давано само кога пиел атб, што било ретко, и кога сме оделе на одмор и одма запек правеше, па последните години ни тогаш не му давав пробиотик.
Пробиотикот како препорака го даваат од болница на испис особено за деца родени со царски.. за после рота исто бидејќи се пие со лажичка па им ствара проблеми на стомачето