Да,имале или 3% или 96.. Патронажнава сшомна нешто не секоја аптека имала лиценца... Дали нешто не се разбираат убаво со аптекариве не знам.
Хидроген капнувај па откако ќе запени исуши добро па стави банеоцин. Вака максимум 10тина дена, ќе знаеш дека е готово кога ќе капнеш хидроген а веќе нема да пени
Види, нема секоја аптека дозвола за продажба на алкохол, ама провери која во твоја близина има, и тие како се поделени незнам.
Не сум сигурна дали влегол еурофарм. Како ги облекувате за дома и за спиење ,3 дена сме стари. Ноќеска мислам беше вознемирена и од жешко на градите беше баш жешка. Со шпикознички на долги е си викав барем првава недела две да ја облекувам така според тоа како беа облечени на гак ама денес патронажна дојде вика плус чорапчиња да и ставам да не и било ладно така. Инаку клима пиштам малку само да олади и тоа е ,околу 25-6 степени ми беше денес во собата. Јас се плашам од претоплување а сега ме збуни таа...
И јас веќе не знам со облекиве за спиење. Денес му облеков ромперче ама и чорапчиња. Вчера шпикозни по долги ама мислам му беше топло, само пробувам.
Коса ми белее со секое засркнување дур цица и мислам дека се закашлува кога во истиот момент испушта гасови...
Мојата патронажна што беше, па она ми викаше расоблечи бебе… По фустан на прерамки од болница ј извадив. На 4 дена кога имаше во ромпер беше.
Е можно е хахахах Јас се породив почеток на септември. Дури и клима ми кажа да пуштам. А и Јасна кога дојде истото ми го кажа.
Леле оваа ми рече и да ја покријам со тетра барем кога спие дека на сите ни застудувало кога сме спиеле... Јас и да пробам да ја покријам ја рита мислам и нормално. Прежешко е некако. За климата само се карам со некој. И кива и ика сеа јасно ми е мене дека се чисти од плодова ама мм е заплашен чим кивне гаси клима...
Не е лошо да го покриеш малото барем со тетра или некое лесно памучно ќебенце штом сте со клима. Сепак кога спиеме изладува телото па добро е малку да сме покриени и ние и бебе. Сите новороденчиња на почеток киваат и икаат. Исто и син ми така па тоа не значи дека беше настинат. Нормално е тоа кај новороденчињата.
По пола саат пуштам да олади само и гасам па кога ќе стане жешко пак и пред спиење уште еднаш. Значи 2-3 пати дневно а времетраење зависи од тт надвор и тоа на 27-28 ја уклучуваме. И ставам и тетра ама ја рита и кенка додека не ја изрита скроз.
9 ипол месеци: 1. Уште кива, бидејќи е нормално едно живо суштество да кива. 2. Ика, па и тоа е нормално, сите икаме, а бебе па ептен е нормално. 3. Дали 5 пати во сите овие месеци, спиела покриена.