Ден два да се навикне на пробиотикот, после ќе биде даваш-кака. Сега давам со млекото во 9 и кај 10 кака.. можеме да паднеме во несвес. Еднаш во кола беше тоа се угушивме. Што какушка ќе беше, ама еднаш во денот кака, како возрасен човек е. Не дадам пробиотикот, проблеми настануваат. Така да давај еднаш во ден по 5капки. Можеш да пробаш и ваја. Јас све купив од биогаја ми беше најокеј во првиве два месеци , сега ќе земам од друг пробиотик тој е со плус д3. Гледај ситуација и како бебче реагира секое бебе различно.
По колку мл ви пијат бебе е 2м и 4 дена, на ад сме но денеска и вчера по 60најмногу има испиено .. нели е малку за нејна возраст ..
90мл пиеше тогаш, многу ретко 120мл. Сега сме 4.5 месеци и сеуште знае некогаш да пие 100мл преку ден, а одлично си напредува. Сега навечер пие и по 150/170мл. Не пиел никогаш според негова воздраст како што пишува на ад, па буце си е.
И нас ни ги дадоа истите од болница два дена давав страшни грчеви имаше, престанав да ги давам и се смири. До сега немам дадено ништо за грчеви освен топло на стомачето, масажи и вежби за да извади гасови. Патронажната кога дојде и кажав за капките рече не и давај не знам зошто ги форсираат на тие со царски одма да почнат да дават ставај само топло. И на педијатар во Систина кога бев кажав ми рече ако нема грчеви не давај ништо. До сега фала му на Бога добра е
Малата ми е 2+ месеци редовно си какаше секој ден, еве од некни преку еден ден кака дали е нормално така? Гасови има ама еве веќе неколку дена преку еден ден кака
Ние сме 8 недели и првите две недели какаше секој ден а сега какаме на 4-6 дена и покрај неколку видови капки што имаме пробано. Др Радица од Систина ми рече кај доени бебиња се толерира и до 10 дена. Е сега што се мачи бебето е друга работа..
Ние сме 3 м првиот месец какаше по 3 4 пати во денот потоа почна само 1 во денот а пак сега еднаш неделно исто само на доење сме ... Дури и на педијатар ја однесов на болница оти еднаш до 8 дена не беше какана тоа после вакцината кога ја прими таму па дури налутени шо сум ја однесла за глупости со бабини лекови требало да пробувам и ми рекоја да сум пробувала со топломер или сарделче до тој степен ни е "(не) здравството"
Jas otkako e rodeno celo vreme e po bodi na kratki ili romperce, taka i bese vo bolnica celo vreme nekogas na spienje samo tetra na nozete.
Малку е оф топик дали после пораѓај си мало бебе ви има дојдено да го оставите партнерот?? Толку на живци ми оди што крај нема ... уфффф имам дете за гледање инаку мислам дека немаше овде да биди ...Во се се меша во се ...кај не знае па уште и се лути ако не биде по негово ...Дуваше ветер не го облекувај не е ладно и фатив си го облеков па се испоналути значи во се се меша буквално во се ...Се повеќе сум кон идеата да го оставам
Како се меша? Извини, ама и он е родител исто како и ти. Хормони ти се хаос, па може така гледаш на работите, ама кај мм упали да му објаснам зошто така и така е подобро. И негово мислење почитувам, ако рече да ја облечам свежо е или обратно да ја соблечам топло е.
Знам дека е родител сето тоа во ред и да кажи мислење и се ...во случајов е дека тој знај како е најдобро а јас не ... или ќе му речам не така пример нее смее вода до 6 месеци и одма како да не нема гајле... уфф или кога ќе ми речи од 6 месеци кравјо млеко алооо бре нема шанса не можам да се објаснам зошто и како
Малку нека се едуцира ако не знае, или одете на контрола кај педијатар заедно и овие прашања поставувај ги пред него па нека чуе ако до толку е дојдено да кажува, оваа повеќе како инает да прави Инаку ние заеднички за се се договараме ама баш за се дури и се смееме некогаш, ама пак и маж ми нон стоп вели: ај ти види поубаво знаеш
Еее Вики убаво ти пишала. Пред педијатар прашај се ова. Јас така знам да направам, па менува мислење веднаш.
До хормоните е ама они стварно не можат да го разберат тоа. Јас на мм уште првата недела му кажав дека ќе се разведеме сега допрва со мало бебе. Еве и овие два дена не го поднесувам, денес престанав и да му зборувам од шо ми оди на нерви. Цело време е зафатен со работа и тоа ме вади од кожа затоа што немам помош за ништо. Кога сме излезени заедно да ја шетаме он ја вози количката, ако ја возам јас на 2 минути слушам пази небаре јас не знам да возам дете по тротоар. Знам дека хормоните ми се хаос уште ама мислам дека мажите слабо разбираат како функционират хормони.