На доење сме, на почеток исто си какаше повеќе пати на ден, после по еднаш ретко два и сега неколку дена преку еден ден почна. Кај нас на болница се бог да чува ама тоа е
Сега читам ова... и на моето му е сплескана позади, 7 месеци сме и се нервирам... викаат ќе се среди до година две, ама страв ме фаќа. Сега веќе и само си заспива на страна и стомак, има мало подобрување само.
Е потполно те разбирам како е ...дури некогаш си велам мајка дека тој е не јас...прашано пред педијатар носено значи со него заедно и за некој работи попушта ама за некој е ужас ...помош дома никаква се на мене и ручек и чистење се ... ама сепак нема разбирање дека не треба да си игра со животот хаха ...не знаам што да правам вака на нерви оди па уште кога ќе му речам аман то и то ме нервира па ми вели не можи ништо да ти се речи
До 2 години се средува. Не читај. На тема мажот, мора да разговараш со него, делов каде се сама правиш е проблем, не си сама, не е гостин во ќуќата, животен сопатник и татко на твоето дете. Детето е и негово, не е само твое. Седнете и разговарајте, само така ќе решите.
А фонтанела до кога се затвора ?? Моево е скоро 4 месеци и е скоро затворена уште еден прст има за затворање
9ипол сме. Сега смени и позиција за спиење, веќе не спие на грб. Си спие на страна. На грб е само кога му сменувам пелена. И е мнооогу многу подобрена ситуацијата со главата. Така да не се секирај
Моево од десна страна, што да кажам главчето скроз искривено, три недели таму на една страна само ја ставаа во инкубатор. и сега ја вртам лево десно ама позади така и е лошо испапчено неможе право да застане кога лежи и потешко и кога лежи да ја врти главата. Сега сме на ортопед јуни почеток, да видам што ќе каже.
Исто и нас така ни беше баш на 4м. Имам пишувано, сега било многу почеста појава него порано, ништо страшно, нека го ѕирне ортопед и педијатар. Мене ме успокоија.
Од 6-18 месеци. Еден прст не е малку. Што мислиш ти колкава е фонтанелата? @Ladyme ќе се среди, врти ја обратно да спие на дневни дремки, ќе ти каже и ортопед дека ќе се исправи.
И моето прво беше така, само од едната страна. Така си било свртено дури било во мене, и таа страна ја преферираше. После тоа кога почна на грб, машала ја сплеска скроз и ние одевме на ортопед, ќе ти каже вежби како да и правиш, и како да ја држиш правилно. Ништо страшно, ќе се среди.
Јас има земено перниче со отвор е внатре го зедов од локо кроко а и во енци менци го има Од пријателка детето е скоро 15 месеци значи како ливче е горе на главата дури некогаш си велам дека не е во ред тоа ...и пулсирање можам да осетам на допир а кај моево немав така осетено Од кога бевме на ортопед на првиот преглед за колкчињата ни дадоа по 4 капки да давам д3 а инаку давав 3 капки И ти рекоа дека е во ред така ?? Ме паничат многу луѓе не требало да се затвори многу рано
Некогаш си викам он појма нема што значи да си цел ден со бебе дома. И јас си кажувам шо ме нервира ама кај мене па ништо не враќа си ќути за да не се караме. Одвај чекам да ми се средат овие хормоните оти се ми оди на нерви
На ортопед може да ви дадат вежбички за истегнување на вратчето, зошто при лежење на една страна муслулот знае да се затегне. Ставај на меше кога можеш на тебе или ако имаш перница за доење на неа ставај ја, земи картички контрастни и покажувај и ги лево десно за да го врти главчето колку може. Давај и млеко од обратната страна каде не е сплескано и можеш да ја поставиш да спие во кревегче обратно со главчето од таа страна што не е сплескана да е свртена накај тебе. Играње со играчки тропалки исто лево десно. Кај нас воопшто не сакаше да ја врти главата на лево со се ова се среди, се уште не е главчето скроз средено ама се надевам ќе се среди.
Бебе порано какаше 4-5 пати дневно.сега 3 дена не е искакана.на АД сме.од што може да е така и до колку дена е нормално?
Мислам дека на ад до 3 дена е нормално да не какаат, над тоа веќе треба консултација со педијатар, барем мене вака ми беше кажано. Следи дали е весело и дали си јаде нормално.