Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.205
    Допаѓања:
    4.616
    Пол:
    Женски
    пробиотик и чајче бекутан (highfive):sun:
     
  2. Bum

    Bum Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2022
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Men
    Мене педијатарот мо рече да о давам по 3 капки Colief ви секое шишенце АД Hiipp кога правам на 3 саати...и плус и давам 7 капкиBabytool Neonate. I na Babytol D3 so K1 I Babytol она што ј прави мака е што цица малку од мене немам многу млеко ама инсистираат да цица о Ад и вчера на два три пати ми врати....и се витка пак со ноџињата нагоре.....овие комбинации не излудува....незнам што е ок што не е
     
  3. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    Се витка дека има грчеви и моево се виткаше и црвенееше.Истото го даваме ,само нас ни прекинаа д3 со к1,сега давам д3 и омега.Бабутол неонате јас давам два пати дневно наутро со првото јадење и навечер 21ч пред спиење.Кај нас многу помогна појасот за грчеви ама сега дека е топло незнам дали можеш да го користиш.Јас пробав на града да го ставам ама не влечеше ја држи само и се нервира,а немав ни многу млеко ми се намали уштр додека беше на Оинт.Па се измолзував и тоа 10мл со пумпа само,и се откажав сега сме само на Аптамил прематуре па добар е напредува .
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  4. milicka12

    milicka12 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2024
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Вигантол капките по колку време може да се користат одкога ке се отворат :))
     
  5. silvana4

    silvana4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2017
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Aj majki 6 skok kakov e sto da ocekuvam ? :D
     
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    3.984
    Пол:
    Женски
    Женски само што се вративме од прва контрола на педијатар бебка моја 12 дена. Родилната тежина повратена и педијатар вика од денес цицање на 3h, јас мислам дека нема шанса дс изржи толкав период… бара на саат ипол два ако не вознемирена е премногу. Педијатарот од систина ми вика ќе ја залажуваш со цуце, со водичка кретас или чајче на бекутан. Сега на враќање земав чајче читам на него после 2риот месец вика… какви се вашите искуства? Педијатарот ми вика ско сакаш да имаш спокојно бебе ќе мора вака ако не цело време ќе плаче и ќе биде на цице и ти без време и бебе нервозно … ама вака па знам дека ќе биде вриштење и мн се плашам ;(
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Многу е некако 3 саати, моево е и на доење и на адаптирано па ретко издржува 3 саати а еден месец е… кога му се јаде толку вреска што нема шанси чекање. Пробај ама не ми се верува да издржува:worried:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    3.984
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека повеќе од 2 саати е премногу многу се вознемирува …. А и сметњм декс треба да си го слушам и пратам детето … некако бесмислено ми е да следам саати а она да е незадоволна
     
    На Autumn05, Noemi и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    35.210
    Пол:
    Женски
    Има чајче од анасон што може да се дава од 1 недела старост, ти си го земала најверојатно чајчето што е за добра ноќ, тоа е од 2 месеци.
    Батали тоа на 3ч, гледај си по бебето. Доење е според потребите колку што знам, не е како ад. На толку мало бебче греота е да му скратиш цице. Нема ни толку сила да влече.
     
    На Izzy_0504, Noemi, Marijanche33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.883
    Допаѓања:
    12.897
    Пол:
    Женски
    Бебе што се дои цица колку сака и кога сака. Нема доза на мајчино млеко. Ако сака на 3 на 3 ќе и дадеш, ако сака на 1 на еден. Чај без потреба да даваш, не гледам причина. Нуди бебе колку сака, на почеток саат почесто, после сами си прават ред.
     
    На Izzy_0504, Autumn05, Viktorijaaa5 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    4.457
    Моево е 3 и пол месеци и никогаш преку ден не сум го оставила 3 часа без доење, најмногу 2 и пол. Не па на 12 дена, мислам тогаш цело време беше на цицка.
     
    На Autumn05, Viktorijaaa5, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    3.984
    Пол:
    Женски
    Ептен ме исплаши во смисла … ако сакаш да си врзана за нејзе цело време и да е вознемирена и да дреме на цице дозволувај кога сака … од друга страна со мм си правиме муабет во кола … с што ми е работа оваа наредна година освен да и се посветам нејзе … поготово по тоа колку години ја чекавме и колку сакано дете е од прв момент кога дознавме дека ќе ја имаме. Мене хормоните ми се хаос … тажна па среќна тотално сум во дисбаланс не би кожела да гледам да ми е растревожена и тажна :sweat: иако и вака мо е тешко … спие само до мене, на мене или на маж ми… ако се заспие малце подлабоко може да ја спуштиме некако до нас на кревет инаку се е со контакт напс дење ноќе … во креветче сама нема спиено ниеден ден
     
    На Autumn05 и naturally им се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.883
    Допаѓања:
    12.897
    Пол:
    Женски
    Мама, опушти се и слушај си се себеси и детето. Ќе помине периодов одма, после ќе смени. Ме изненади педијатаров на 12 дена бебе да дава вода… па и чај без никаква причина. Бебе цица и напредува, значи имаш супер млеко. Те молам не се растревожувај и нервирај. Искрено смени го и педијатаров, малку советиве.. ниеден педијатар не советува на одреден саат да даваш да цица, такво нешто советуваат само на почеток почесто за да крене да килажа. Нормално е да ти е хаос сега со хормоните, чекај скоковите да почнат:rofl:
    Само опушти се и давај на бебе да цица кога сака и колку сака. Нема ограничување на мајчино млеко.:l:
     
    На Izzy_0504, thinkerbell, naturally и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    4.457
    Исто е и кај нас, уживај! Супер си размислувате:). Аман со тие муабети “ако не сакаш да си врзана”, а кој треба да е врзан за моето дете?
     
    На Autumn05, Noemi и Baby warrior им се допаѓа ова.
  15. An43

    An43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Скок 2 го прогласувам за почнат!
    Бебе спие само враце и сака да биди држена цело врме,грчеви на макс, кога ќе ја легнам во креветче се куби за косата од што се нервира и плус од грчевите. Дневните дремки се некаде изгубени, повеќе е будна одкилку што спие.. обесена е на цице и се прејадва и повраќа.. и такс. Утешетеме дека ќе биди подобро после скокот и дека дремките ќе се вратат во нормала да заспива сама.:sweat:
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.883
    Допаѓања:
    12.897
    Пол:
    Женски
    Многу тежок скок, ама ќе пројде. Со лесно мајка.:hug:
     
    На An43 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    Мајка честито бебе пред све, да е жива и здрава и да ве радува цел.живот :inlove:
    Толку мало бебе неможе да не е врзано за тебе,само тебе те знае.. и нема да цица само од глад, ќе сака да се мази и да го држите, баш како што кажа првите неколку месеци во раце спијат. Плус и грчеви кога ќе почнат цице ќе му биде најголема утеха..
    Бебе на доење цица кога сака и колку сака,плус на топлово ќе му треба и почесто. Доев 2 години и мојава не беше страствен цицач ама повише од 2 саати никогаш не издржала да не цица..
    Остави го докторот што кажува или смени го. Какви се тие совети стварно не ми е јасно.
    Нуди цице почесто така и лактација ќе се воспостави да си имаш млекце цело време.. Гушкај бебе и нека цица колку сака и кога сака.нр гледај на саат . Сега сигурно хормоните ти се хаос ама ти најубаво ќе си го познаваш бебето натака ,ќе знаеш кога што му треба.
    Тоа па чај и вода апсолутно нема потреба. Во мајчиното млеко има све што му е потребно на бебето :inlove::l:
     
    На Izzy_0504, Noemi, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    1.708
    Пол:
    Женски
    Јас вториот скок освен вриштење за се друго не ни сетив, првиот ми беше потежок. Овој дали дека во движење бевме цело време, повеќе возење и во кола и во количка полесно го поминавме. Го немаше она будење ноќе со триста плачки. Кај нас една недела скоро траеше сега и заврши брзо и пак си е вратена во нормала.
     
    На An43 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    1.708
    Пол:
    Женски
    Не знам кај кој педијатар сте биле и јас ја носам во Систина мене ми рекоа уште на прв преглед доење по слободен ритам колку сака и кога сака. Да не гледам на саат и да не ја будам за цицање. Бебе е тоа ако огладне не цуцла што сакаш да дадеш гладно е само ќе се нервира повеќе
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.502
    Допаѓања:
    13.712
    Пол:
    Женски
    @Baby warrior да си го следиш бебето и да не се замараш со саати сега.
    Ти гарантирам дека 3 саати нема да ти издржи на таа возраст. Мојава е безмалку 4 месеци па преку ден максимум на 2.5 часа цица. Некогаш на 1.5.
    Да му давам чајче, па ни помалку ни повеќе на бекутан? Ни во најголемо лудило. Шеќери и празни калории. Не му ги оптоварувај бубрезите на бебето уште сега со натриум и останати минерали од водата, не можат да исфилтрираат. А настрана шеќерот од чајот на две недели бебе што прави. Ќе му ја крене глукозата, за нагло после да има пад, па мирно бебе нормално. Поспано нормално. А ништо хранливо не внело, дури може да ти стагнира па и да губи на килажа.
    Ексклузивно доење е кога сака и колку сака.
    Мојава од трета недела си заспива во 8 и цица тек во 3-4 сабајле и продолжува до 7.
    Ама преку ден тој период и да сакав не можев да и направам распоред на цицање на толку време.
    Во период си кога уште лактацијата не ти е воспоставена целосно и вакви глупости само тебе беља ќе ти направат.
    Штом вратила родилна навечер не ја буди додека сама не побара, ама лудо е да малтретираш будно бебе помало од месец на 3 саати. Тоа важи за ад исхрана.
    Кој педијатар ти ги кажа глупостиве?
    Во Систина и јас првиот месец ја носев нели и вклучени во пакетот беа, кај Фидановски бевме, па баш човекот беше ептен задоволен од тоа како напредува бебе и едино ми рече убаво би било навечер да почне повеќе да ти сврзува бидејќи добро напредува.

    Еј жички ми се спојуваат. Добро бе има ли некој педијатар во Македонијава што ќе посочи на мајка како да дои, што да прави? Не никој.
    Да не се разбереме погрешно, ако некоја не сака да дои е скроз ок, ама мајка што веќе дои, се труди, учи, да и лупаш вакви глупости ми е нонсенс.
    И аман веќе со тој чај на бекутан, не знам како е одобрен за употреба искрено.

    И уште нешто, сите ние си ги сакаме децата повеќе од се, секое дете е чекано и сите се трудиме да правиме што е најдобро за нив. Сите се тресеме за децата, прво колку напредува, па колку јаде, па болести, тантруми, плачки, исчукани колена и несфатливи емоции. Љубовта е таа. Сите имаме некакви трауми во себе.
     
    Последна измена: 23 јуни 2025
    На mari30, Feniksgirl, Orchidea и 7 други им се допаѓа ова.