Баш фала за мислењево и на сите погоре … дојдовме дома и од што се стресов како ќе биде почна и млеко помслку да истекува… одма влијае се.. се напив чај за доилки и за 10минути почна да надоаѓа пак … си ја надоив се искака и сега си седи во релаксатор веќе 15мин - за педијатаров од систина нема да и спомнам име … ама ептен е фалена од мои другарки а и на форумов сум читнала убави критики … изгледа за болни дечиња е подобра како дијагностичар отколку за стандард прегледи и совети немам друго шо да помислам …. Ај секако уште два пати треба да одиме во систина па после треба да смислам каде да ја впишам за матичен асален - од се што читав тука се е индивидуално изгледа ќе пробуваме и ќе талкаме и ние
Секое бебе си е различно. Големиот цицаше на 2 саати, слабо влечеше и спиеше повеќе на града. Ама убаво напредуваше. Малата сега цица на 3саати од старт, не сака на 2 саати, самата си го постави тој ритам. Првиот месец качи 1400гр. Вториов месец почна да врзува по 5-6 саати кога заспива и не ја будам. Следете си ги децата, тие ќе ви покажат најубаво.
Омг каков глуп совет од педијатар од Систина и тоа! Не давај чај и вода какви се тие глупаци совети, дој си го детето кога сака колку сака има само 12 дена леле се изнервирав не ми се верува дека некој дели ваков совет! Доењето е on demand, не се гледа саат и време никогаш, на 4 месеци нема цицано на 3 саати освен ноќеска кога спие подолго нормално. Ќе сака постојано на града моментално затоа што е нормален дел од развојот, со ова се докажува по стотипат дека педијатрите немаат поим од доење и единствено се експерти во дохрана и препорачување фирми од кои земаат процент. Водата и чајот се празни калории плус ги оптоваруваат сеуште недоразвиените бубрези, чајот плус е шеќер, те молам најди си друг педијатар и пиши го со име кој е овој со брилијантните совети.
И на другарка истиот совет и го дадоа до збор. Плус навечер замисли коа се будел да му давала чај/вода да сфател дека навечер нема млеко бидејќи не станувал од глад него да си игра. И еве од раѓање до сега детето нема сврзано повеќе од 2-3 часа сон навечер, станува цело време.. за неа била најдобра, се што ќе кажела така било..иако се што прави не му одговара на малиот, ама битно она така рекла.. Дали е на П презимето на др?
Мајка ако сакаш да имаш спокојно бебе ќе му даваш да цица кога сака и колку сака. Моево на таа возраст цицаше по 40 минути до еден час, а спиеше по 1,5-2 часа. Толку сила имаат. И бебе ќе си биде сито и ќе си се зближите, тоа е само ваше време. Чај и вода не ти требаат. Јас чај дадов неколку пати само поради грчеви, ама потоа давав сируп Nurse Harvey's и од чај немав потреба. Следи си го бебето, најубаво си го познаваш ти. Не го залажувај со цуцла ако не сака. Моево само за заспивање ја сака. Еве го 7 месеци скоро, уште цица на 1,5 до 2 часа. Ретко на 3 часа. Цицањето не е само ради реда, тоа е и утеха. На толку мало бебе му требаш ти. И ти најдобро ќе знаеш што му треба.
Мајки, ќерка ми има 2 месеци и јас уште сум со аларми на 3 саати за да ја дојам, иако понекогаш сама ми станува и пред алармот. Сакам да ве прашам, дали остававте сами да се разбудат навечер за да ги доите или гледавте исто на 3 саати да ги будите и доите?
Доколку добро напредува, нема потреба од будење. Е сега шансите се дека на почетокот кога ќе престанеш ти да ја будиш сама ќе станува пак по тој терк зошто се поднавикнала, ама ќе смени и ќе сврзува подолг сон. Јас кога престанав да ја будам и откако смени, сврзува по 6-7 саати до првото будење
Дали некој успешно успеал да "истренира" бебе да заспива во кревет/креветче? Значи не ми е проблем и јас да лежам до неа, ама сакам веќе да не морам да ја нишкам и да се шетам, зошто после 4 скок ново ни е дека морам да сум станата и да се шетам за да заспие... За 5 дена влегуваме во 5 месец и 5 скок, ама па најзгодно ми е тогаш да пробувам зошто тие 3 недели ќе сме дома.
После 5ти скок треба да имате подобрување во спиењето Моето заспива само, ама на креветот во дневната. Преку ден не сака да го смисли креветчето Му давам шише млеко и го легнувам, заспива за 5 мин, секако со White noise во позадина И држи тетра во рачето
Ма кај сака нека заспива, и на земја ако треба, само да не треба да ја нишкам веќе Ние сме со цицање, ама само навечер заспива така, преку ден поретко, зависи како ќе и се погоди терминот. Викаш да го истераме 5ти па ќе биде подобро? Зошто ние сме мн интересен случај, во мирниот период меѓу 4 и 5 ние почнавме да кенкаме, да заспиваме со плачење и со шетање...
@MariaBouli можеш да ја истренираш. Ова за ноќно спиење. Ја затемнуваш скроз собата, ни ламба ни ништо и ја легнуваш. Нежно галкаш, тапкаш газе, шшкаш, бели звуци пушти. Може да почне да плаче. Стави цуце ако прифаќа, па продолжуваш со галење/тапкање. Ако многу се растревожи ја земаш да ја смириш. Кога ќе се смири повторуваш на ново. Неколку ноќи и ќе научи сигурно.
Денски не правиш вака, ќе го збуниш детето за ден и ноќ. Мојата преку ден е во дневна, на најсветло што може и секогаш галама има. Не вриштење, ама нормално зборување и трчкарање од големата. Цица, не заспива скоро никогаш на града, ждригнува и ја легнувам. Сака да се држиме за раче и за 5 минути е кома. Или да ја чешкам по главче. Исто и со големата беше. На прсти можам да избројам кога сум ги нишкала, освен во најјакото во скоковиве кога се корнеле од вриштење, или пак болна кога била (големава, малово до сега фала богу супер е).
Спие исто во дневна, на галама од тв или јас што работам, ама веројатно ја научив да ја нишкам, па сега се мислам како да го сменам тоа Затоа ме интересира некој баш со ваков случај, што бебето му заспивало со нишкање и успеал да го научи да заспива на кревет Што сум гледала тренинзи, викаат демек и за дремки да биде во креветче, во затемнета просторија и тивка. Претпоставувам дека веќе си има разграничено ден и ноќ па тоа нема да е проблем, ама искрено не дека сакам така зошто нема секогаш да ги има тие услови За денски
Мајки како се справивте со 3 скок? 12тс недела сме по раѓање.. плаче без врска, денски има кратки дремки, навечер си врзува, ама јаде ептен малце 60мл макс… ме фаќа лудило
Од кој период пали ова… јас пробувам ама изгледа е многу малечка мојава .. колку што гледам трнинзиве и на др гуднајт се од 3месеци … денес пробувам и ја и мајка ми да ја успиеме веќе 2 саати … станата е 4h нацицана пресоблечена си мрдкаше сама на тросед активна … заспива и се буди за 5-6мин неколку пати … никако да потоне убаво во сон …
Мајки моето бебенце се роди со хематом на главчето, знам дека не е страшно и дека исчезнува ама некоја да каже искуство ако имала за колку време се повлекол. Многу ме нервира и не можам да проценам дали се повлекува, бебе има 15дена.
Моево од многу мало не сака да спие на светло, а сепак ја спие цела ноќ. Она и дење и ноќе спие во спалната, јас и затемнувам секогаш и подзатворам врата за да си работам низ дома. Инаку ние бевме исклучиво со контактни дремки до скоро, ама пошо спие на меше и дење и ноќе, последниов месец ја научив да ја легнам на спална на средина на меше, легнувам до нејзе и ставам цуцла и ја држам за рака и ш’шкам, заспива така за 5-6 минути и ја оставам заградена со перници дека се врти. Хематом или хемангиом?