Незнам јас тешко ми е више да ја хранам, се мислам на јастуче да почнам, и само за ждригнување да ја кревам... неможам да ја држам сега со појас седам. Кога станувам од кревет едвај одам нозеве како тешки, мислам од боцкањто за спиналот 3-4 пати пробуваа болеше... а не успеаа да ја стават
Перница за доење имаш? Да пробаш исто како за доење да ја наместиш, мене ми е полесно кога го дојам со перница ама па на спална кога сум легната не можам со неа.
Како воспостави рутина во врска со дремките? Таман ние почнавме некој ред или барем мислам дека имаше ред, дојде втор скок и сега не се знае ни когс легнува ни кога станува. Многу мака имаме навечер со грчеви и во текот на ноќта ако не ја преслечам уште толку се нервира, а така се расонва.. хаос ни е
Ве читам за пелениве и изгледа нешто грешам. Мала е мојата, 5 недели, и претежно на 2-3 часа ја соблекувам. Гледам да ја соблечам и измијам веднаш после какање бидејки за жал газето и е веќе црвено…мислев дека треба почесто пелена да менувам но ако ги оставате по подолго време и нема проблем јас џабе брзам и гледам саат. И ние памперс користиме.
Ама не си разбрала. Ова е само ноќеска дека моето цица и продужува да не се расонува. И под услов да не се покака. На 5 недели мењав и ноќеска пошо почесто и какаше. Преку ден на 2 саати мењам или ако слушнам дека кака одма мењам, кој остава покакано дете да седи 10саати со тој памперс.
Таман сум значи. Брзам да ја соблечам веднаш па макар да се расони. Околу црвенилово, почнавме со веледа, па судокрем, биодерма и сега мустела. Од судокрем се поправи но кожата и стана рапава… па го прекинав. Секој совет е добредојден
Од прв ден сме со Веледа од невен, влажни Waterwipes и Памперс, сме немале никогаш никакво зацрвенување, многу ретко мијам само на големо какање сушам убаво. Ја бањаме секоја вечер со Биодерма маслената купка. Кога имам услови на мењање ја оставам по неколку минути да дише кожата пред нов памперс. Судокрем е за моментален третман, за превенција на црвенило треба да има бариера меѓу кожата и какано/мочкано, кај нас оваа комбинација се покажа ок. Многу бргу многу продукти си сменила и од тоа може да реагира.
Научна фантастика ми е како да и воспоставам некој ред на ќерка ми. Вака кога читам уште толку се фрустрирам само. Со синко немав никаква мака, толку беше умен и бебе по книга, само со створи ред за се од старт. Ова врескалово стварно не знам како и на што да го учам, алергична сум на нејзиното плачење веќе, а само 8 недели е. Преморена и ненаспана сум и јас, раздразлива и нервозна цело време. Знам дека ќе помине, се поминува, ама кој да ја издржи првата година со плачки, грчеви, вакцини, заби. И ќе ми речат уживај, во што? Во 3те саати сон, или маратонот секое сабајле до 03-04ч за заспивање? Како се стемнува надвор, мене ми се темни во душата, знам што ме чека. Не сакам ни гости ни никој да гледам, самата не се поднесувам веќе.
Не ми се во исто време секој ден, све ми зависи вечерта кога ќе ми заспие почнуваме од 9 ипол до 11 варира. Зависи и колку спиела, макс и е 16.5 ч да спие. Не и кратам дремки ако тера и 3ч спие. Сеа за сеа. Значи се пресоблакаме, јаде, џдригнува и заспива тоа трае 1 ч, еднаш или два пати во денот кога прозорот на будност и е поголем вежби правиме, па на стомаче, на подлога итн. Значи точно по сат не е. Зошто зголемуваме храна, и ја држи подолго пример еве сега спие скоро 2ч и 4 ч не е јадена.
Кога ве читам за дремки, пелени и сл јас изгледа сум скарана со саатот. Пелена денски менувам често ама не гледам на саат од прилика на два до три часа, ако е какана менувам одма и ја мијам. Навечер заспива после 21h обично во количка, станува еднаш на полноќ цица и после некаде кај 5-6 сабајле дури. Ретко се буди порано од 5 ама цица и продолжува одма. Навечер не и менувам пелена освен ако се покака. Денски немаме ред на дремки некогаш дремнува 15 мин некогаш саат време. Не сум гледала на саат ни за спиење ни за цицање освен на почетокот кога стигнавме дома. Мислам дека е многу мала за било каков ред да имаме што знам
Здраво, Сакав да прашам бебо е 5ипол месеци ама ќе одиме на одмор па матичната ни кажа да земеме нешто за да имаме за инфекција на око. Е сега во аптека ми дадоа Тобрекс ама на упатството пишува дека се за деца над годинка, ама и ми се чини ко да прочитав негде низ форумов дека имало некои кои смее и тие што не смее со кортико. Совет што би смеела да земам? Исто сакав да прашам, електролити за бебе ми рече некои кесички на бекутан? Има некој искуство со овие? Сируп против алергии ни дадоа Цетиризин, го користел некој? Фала ви, секој совет е добредојден
Мајка, додека не се опуштиш и препуштиш на хаосот, ќе полудуваш. Исто ми беше, истооо. Мораш да и смениш, буди ја сабајлее, во 8 разбуди ја, направи и разлика ден и ноќ. Моментално и во втор скок сте, претежок е. Те молам само опушти се и прифати ја ситуацијата, ќе видиш како се ќе си дојде на место, те осеќа и бебето. Знам дека како старееме немаме толку трпение, ама ставрно препушти се на хаосот, ќе видиш како ќе ти е полесно.
Мајки имам пробано памперс премиум алергија има од виолета исто и реков слепи ...овие ги имам мерено со од памперс 3ка исти ми се...како помали да се од другите ...еве сношти кладов во 21.00 сабајле во 8ч беше преполн памперс и плус тетрата водена ... а ако менувам на 3 до 4 часа не прокиснува ама повеќе ако го оставам е утоп
Sleepy се многу танки. Барај некои други, пробај со тие од ДМ baby love, знам многу мајки се задоволни од нив.
Јас за моето користам бејби лов до сега нема пропуштено а имало експлозивни каки. Јас сум задоволна, никакви иритации или црвенило на кожата немала
Топломер Сируп за температура Сируп против алергија Аспиратор за нос Спреј за нос Електролити Гелче за ублажување од убоди Спрејче за заштита од инсекти Фактор крема Јекодерм за ако случајно има некое црвенило од сонцето Капки за очи во случај на инфекција Јас ова планирам и ми препорачаа, секако во консултација со педијатарот ако треба нешто. Поискусните нека го дополнат списокот
Сега е бетер, не спие веќе ни преку ден, веројатно од скокот. Само кенка, плаче, и неподнослива е и дење, особено последните 2 дена. Се буди околу 9ч сабајле, не спие веќе по цел ден, дремнува само како зајак по 10 мин и толку, после кенка цело време. Како да се препуштам на хаосот, ме чека и големиот, сега е на распуст, си бара внимание и тој. Да не зборам дека алишта извираат, ручек скоро секој ден готвам.. зборот ми е, не е така едноставно со две деца како што ми беше кога бев само со едно. Плус и годините се тука, не ми е исто на 27 и на 34 со бебе. Сега е мнооогу потешко. Ќе се жалам тука годинава, ќе ме трпите Колку време трае овој втор скок?