Ми појави црвенило и тоа само 5 памперс употребив ...не сменив ни крема ни влажни беше страшно и тоа новороденче прашав педијатар ми рече од памперс дека е ...кан бебе земав можам да сменам на нив Немам слика да прикачам
Не знам што правам погрешно ама се чуствувам како на часовник да ми е животот.Следи прозори на будност следи знаци на спиење и пак напразно.16та недела стигнавме и некои денови се тешки а некои претешки.Измеѓу нема бе.Короната за ова ми е ко ништо..цели денови затворени изолирани сами а не сакам ни човек да видам Денот почнува во 6 наутро иако од 5 се презаспиваме. Јаде ад во 15 до 8 наутро зошто е капнато и ќе заспие во раце,ќе го префрлам некогаш ќе спие половина час некогаш после 5 мин се буди па пак у раце.Играње па пак јадење во 11,ако е уморно ќе заспие ако не кај 12 во раце пак.И се така цел ден дури и кога гледам знаци на умор пак нејќе да заспие,сега почна на моето шушкање и он да си пее.Навечер во 20ч јаде и заспива.Знае да се разбуди по 15 мин па пак да го земам и да презаспие одма.Некогаш тера до 2 некогаш во 11 се буди.Ама во 2 му давам да јаде.И ете го 5 дошло и пак со нишкање.Во 11 и во 5 наутро се буди од навика ама никако да ја тргнеме таа навика.Наутро нема кај да шетаме нема услови,немам возачка а попладне и да тргнеме нема до 20ч да стигнеме дома.Вчера јас плачам он ми се смее...и така секој ден ни тера Не можам да му се изнарадувам. И не ако не го земам во раце го тапкам само не заспива,се буди спремен за игра.
Jas koristam Pufies mn se dobri. Ne mi kisnat nikogas. Mi zaspiva vo 21:00 se budi vo 09:00 nautro. Ne mi prokisnal nikogas. Tie se malku podebeli. Poskapi se ama zemi probaj. Ili probaj so gakjicki vidi moze tie nema da ti prokisnat.
@happygirl скроз те разбирам. И јас немам живци ич. Може и дека ни се големи веќе првиве, па сме навикнати на слобода и самостојност. Како во магла ми се првите два месеци со бебево. Мали ѓавол е ова бебе жими се. Големата како што викаш, бебе по книга. Сега гледам се исто правам, ама децата се различни. Секој ден сум во неверување како можеше така, како да не ги родив јас двете. Ова сега нека е живо и здраво ама многу чуден карактер, лутка првокласна. А вриштењето е посебно. Си стана пред некој ден свежа во 5, погуга па се развриште. Му викам на маж ми изнеси ја од спална не можам да ја слушам веќе. Ја симнал во дневна си презаспала одма. Ама да не ни е досадно нели.
Да знаеш колку пати си помислив што ми требаше оваа работа... И да, ми фали слободата и мирот што го имавме сите тројца пред неа, ми недостига времето што го поминував со големиот на раат. Синко уште е дете по книга, само сега јас немам воопшто време за него па е нон стоп со мм, ептен се сојуз. Наместо да шетаме, излегуваме со големиот на раат, ние тек сега бебе ќе думкаме. Ама сами си го баравме Толку многу е поразлично се од првиот пат, не ми се верува. Иако потајно знаев дека ако некогаш имам второ, вака ќе биде - тешко за гледање. Таа не плаче, веднаш хистерично вреска и од петите ме поткрева тоа нејзино плачење. Се надевам ќе смени оти вака ако продолжи ќе полудам жими се.
За спиењето немам совет и мене ми се буди по неколку пати, се надевам после 6 месеци ќе сврзува повеќе сон. За шетањево, има можност барем пред зграда после 19:00ч да го извадиш неколку круга со количката? Колку да смените малце и ти и тој.
Живееме во куќа надвор од градов ,дворот сеуште не е завршен а кучиња има премногу,страв ми е сама.Се молиме на викенд само кога ќе дојде па шетаме со мм.Преку недела ми е преживување.Многу ми е мал за во молови да го носам попладне,а и спиењето во 20ч е пречка повторно бидејќи не може толку брзо да стигнеме
Ме плашите за второ ... Секогаш велам дека второто е за животот да ти го скрати хаха и еве има истомисленици ...
Добро имаат ли крај грчевиве? 8ма недела сме и најинтензивни му се. Во цела недела одвај два саати сон имам споено. Утешете ме дека сме при крај иначе ќе полудам.
За во мол и затворени простори ми е мал,не знам народ болести.На отворено да.Што знам така ми е во глава дека не треба.Да пројде вакцината по 4ти месец па можеби ќе се осмелам и во затворено.
Имаат крај.После други срања па ќе заборавиш и дека тоа си го поминала.Мене тој период толку ми беше стресен толку плачев што сум цела во магла.После сите можни капки сирупи пробани спас ни беше промена на ад млекото во аптамил комфорт
И мене истото ме интересира… многу мака гледаме со грчевите и гасовите.. пие сируп ама некако како да нема ефект, не знам… иста недела сме
Можеби би те утршила мојата ситуација, првото од лошо полошо.. плачење од луѓе никаде не можевме да излеземе, без спиење.. сега е 2 ипол годинии . Еве второ си велам да биде мирно да не плачи оно бетер нон стоп во раци така и спие и се, немам време скоро ич за големото за да седи мирна си гледа на телефон што најмногу мразев ајде малата и на ад ја префрлив несакаше да цица мн повраќаше виксм со првото да ме го утнев тоа да беше гладна па плачеше еве исто и тоа си плачи.. Деца ќе поранат некако, и завидувам на оние кои имаат мирни бебиња. Бевме во парк 2м бебе око не склопи во количката само кенка само прети за во раци и како да одиш пак. :/
Тој период и на мојава и беа најинтензивни и скроз те разбирам како ти е.. плус највероватно сте и во втор скок така да добитна комбинација. На мојава и се намалија накај 10та недела ама после рота вакцината пак имаше бајаги дури и капките не и помагаа баш. Некои денови сирупот Nurse harvey’s ни беше спас и мнооогу гушкања
Нема што да му биде, баш напротив ќе му биде интересно и ќе се изнауживате и двајцата. Ние во декември правевме 40 дена, епа пресметај колку е поразлично зимно време. Опушти се и слободно шетсј бебе, и ако толку ти е мачно со пратење на прозори и слично, не прати. Не се сите бебиња исти, слушај си го бебето.
Пробав и со пратење и без пратење,последниве денови не заспива освен до момент кога ќе почне со плачење.Го бута прстето напред и сака кога го чешкам со глодалче доле но сеуште нема запче а и мислам рано е,уште 1 недела 4 м ќе сме.
Lele jas nemozam da se pozalam. Kako da nemam dete. Tolku e miren,mil. Nemavme grcevi skokovi ne osetiv nisto,se ligavime za zabi ama nemame uste. Ama zatoa znam deka vtoroto (koga ke dojde u plan) ke mi naplati i za ovoj shekerov