Има бебиња и на 4 и нешто месеци вадат заб. Иначе 16та недела е 4ти скок, и е ужас на ужасите. Има регресија во спиење, как нас денски се одрази, не спиеше по 10 минути и само во раце, па после отворив летната количка и така видов живот. Не се затварај дома, прошетај и во мол со бебе, ќе ти годи и на тебе и на него.
5meseci. Osven sto imav maka so povrakjanjeto i na pocetokot so cicanjeto. Taman se naucivme na nepolni 3 meseci da cicame moravme da se odbieme zasto mnogu povrakjase i moravme na adaptirano AR. Druga maka ne vidov.
Најтешко нешто со малава ми е успивање дефинитивно. Значи освен навечер и едната поголема дремка денски што и се со цицање и лежење во спална (мада и на тие извољева во скок дур е и морам прво на перница за доење па да ја преместувам и да се молам дека нема да се раскенка) на другиве успивања мора нешто да зјапа да и е интересно. Не пали тишина темно шшкање шумови… Мора да има нешто интересно да гледа и дури подисправена да е за да се успие.. Во количка, на лулашка на тераса или дома на стол ама обавезно подисправена и во нешто да зјапа
Мамички до кога користевте цуцла со 1 проток ? И дали сте биле со бебе (7 недели )на планина .дали сте имале проблем со затнување ушиња поради висината.
Заспива ама малце потешко, или има грчеви и плаче некој период прво или кога нема грчеви се буни ако сме скроз легнати и прво на перница за доење па ја преместувам. Не сум размислила дека и е топло, пуштам клима на 25 малку ама на мод за вентилација дека па и бањата ја заспиваме ми е страв да не ја настинам
Нема да ја настинеш. Нас ни е цело време пуштена веќе месец дена на 25-26 да лади па еве фала Богу супер си е. Така свежичко е само во собава. И навечер ни дува. Син ми за спиење е по боди на кратки или ромперче и во летна вреќичка и таман му е.
Ви дува пример во дневна а вие со отворена врата од спална спиете? Ја веќе не знам што да измислам луѓе на моево дете да не му е топло.. биваше ли цела да е на татко и, само они двајца се препотени што дишат мислам.. И тоа голи спијат и двајцата…
Во ходник ни дува и сме со отворена врата во спална, да мила. Мада и дневните дремки кога му се го легнувам во дневна и ја пуштам таа што ни е во дневна со затворена врата, дека кај нас не се дише. Знам, склет ѝ е. Ако не сте пуштиле клима за навечер пуштете, ќе ја видеш разликата одма како подобро спие и нема да ѝ е топло така.
Ние така и не ни постига во спална е 28 степени... во дневна може да дојде 24. И некако шок е за неа од дневна во спална. Пошо така е поставена климата овие изумиве сега ахитекти или кој и да ги прави нацрти за становиве хаос. Треба да земам пропелер да дува да се оладат собиве или да ставам во соба клима а тоа немам намера да ми дува над глава додека спијам. Вчера сум ја соблекла по пелена... и таа како мм, не е на мене хаха двајцата се потат и им се лади потта на нив. Незнам како ќе се издржи летово.
Ама пуштив и клима и прозор и уште гола пиштол да ја соблечам, ја стварно не знам што ќе беа и двајцата, маж ми синоќа се префрлил во дневна во 3 сабајле и легнал под клима да спие жешко му било премногу..
Ама не е испотена ич, и таман ми делува ни претопла ни преладна кога ја пипкам за врат… По комбилезончњ по кратки спие и со памучно ќебенце откога ќе се успие ја покривам до пола само. Денес и вчера ми одбива и цицање пред спиење што никогаш не се десило, урла се стиска како да има грчеви и кркори мешето и ми заспива во раце… од утре можда е паменто да пробам да ја дојам пред бањање. Плачела и до сега од грчевите ама сепак не одбивала некако ќе успеела да се нацица
И ние сме така со отворена врата од ходник и климата таму цела вечер работи на 25, ама дур ја успивам навечер во спална ја пуштам таа од спална на мод вентилација дека затварам врата и на тивко
Кај мене така одбиваше да цица кога беше во 2 скок и буквално низ соба се шетав а таа цицаше за колку толку да јади барем малку...
Мајки, денес додека ја доев малата, таа заспиваше, а јас чепкав во телефон и несакајќи ми се пушти звук. Но телефонот да ми бил пуштен најгласно што може и ја преплашив беба, кога скокна, испружи раце и нозе и кога почна да вриштии така до сега ја немам слушнато. Ме преплаши и она мене, цела се тресев. Сега се обидувам да ја успијам ама таман потерува во сон скока, отвара очи и се буди. Па прашањето ми е, дали ова може да остави некакви последици и што да очекувам? Инаку беба е 2 месеца.
Гледај температурата да е 23 до макс 25 степени за спиење најубаво да е 23 степени ...Кај нас в спална се прави 30 степени ужас и пуштам клима се разладува...Како ја облекуваш за спиење ? Земи си термометар за в соба и ќе знаеш колку е ..јас на термометарот гледам е мак 25 степени
Имам некои работи заборавено. Пример колку е досадно да му пазиш глава.. кога почнуваа сами да си држат? Од кога ставате во електричен релаксатор ? Предлог цуцла помала дека мали брадавици имам и купив на адвент 0-6 меки што се цели ама голема и е веројатно се дави. Од кога почнуваа грчевите ,големата имаше многу ,малава или нема или уште не почнале Да се спремам
Тие цуцлите авент soothie се многу тешки некако. Да видиш на медела или мам не беа лоши а слични ко медела. Грчеви почнуваат 3-4 недела мислам. Првото немаше кај мене, ама женскава пред какање е жално да ја гледаш. Стоскам палци да не ви се појават