Ние сме од почеток на Диастоп, нит грчеви нит проблем со столица сме имале и гоа доено бебе. До сега не се десило да не се искака од кога е родена, додека примаше диастоп. На испис ни го препишаа од ГАК.
Комбинирано ја хранам доење + ад Пробиотик давам биогаја +колиеф, правам вежби возење точок и масажи но еве не сака. Само си прдка а се нема искакано
Моево почна со бејбитол неонате и откако наполни месец ни ги смени др. Муратовска прво со биогаја, па кога кажавме дека има повеќе грчеви ги смени со бејбитол коли, тие се и пробиотик и за грчеви па ги комбинирам со Nurse Harvey сирупче и инфаколик капки. Од сите најлоши беа неонате мислам, знаеше со денови да се мачи со гасови, со последнава комбинација многу брзо се смири се
По совет дека од двете земаат пари , двете се со различна бактерија ама земи си едно, ако си почнала диастоп и е ок продолжи со тоа, ние еве со овие пробаланс бејби сме одкако завршив биогаја (од болница имав што ми дадоа) и еве ротата сме денеска 5 ден и добро помина немаше ни дијареа ни проблем со столицата и подостапни се со цена. Само имаат дополнително д3 а ни препорача матичниот плус д3 така да во едно се. Пробиотик се дава подолго време искрено мн се скапи, и ова е хрватски бренд, по стандарди на еу, а подостапна цена. Колиеф сменив со ко-лактаза и тоа е мн подостапни а исто добро производство. Само мн пари се дава по доктори па мора цена да се качи.
Имате приметено разлика откако сте ги прекинале д3+к1? Све мислам на бебево му се потсмирија грчевите откако ги заменив тие со вигантол. Ама истовремено и пробиотик сменив па не знам кое имаше повеќе удел
Баш сабајле ова го мислев ,до вчера немаше грчеви. Завчера и ги дадов д3 +к1 а од вчера дха омега. Ноќеска почна да има. Ама јас мислев од омегата... сеа се мислам дали да ги прекинам.
На неколку места по групи прочитав слични искуства и се замислив, а не знам дали има друга опција со к1. Ќе пратам деновиве како ќе биде, се надевам нема да се вратат
Денеска е жива плачка, незнам седи и давам цуцле со све цуцле плаче, плаче на подлога, на перница за доење, во раце... а јадена пред еден сат, не е гладна. Седам на тараса да одморам мозок, мм ја шеткара низ стан. Незнам дали е влезена во тој 3 скок дека мислам пројдоа вакциниве има 5 дена више. Денеска е 2 месеци и 18 дена стара.
Мене маста почна да ми ја вади во овој третиот скок.. не е така кенкава ко што викаш весела е се смешка ама за успивање е хаос. Почна и на ноќе кога цица да нејќе да се успие на цице а од прв ден така правела.. Вришти да ја земам во раце да ја нишкам и гушкам на секоја дремка и еве по ново и ноќе…
Од вчера и извадив нова цуцла од фриг, до сега со овие авент сутис бевме ама некако гломазни и се и паѓаа. Вчера дете фати да шмука од фриг дури и сама со рачето си ја придржува дека помала и полесна. Прашањето ми е кога им давате цуце и колку време?! Нокеска и после подој кога се заигрува со рачињата и ја ставив и се смири за 15тина мин заспа па ја плукна. Ги оставате со цуце да спијат? Ја шмука баш страсно и се смирува … вчера и во релаксатор 20мин поседе со неа. Денес сме 18денови
И јас давав soothie и исто вака и паѓаше, сменив на бибс и ја фати страстно од прва, сега само такви и земам. Јас давам цуце за заспивање (за дремки и ноќно спиење), додека е будна не. За дремки и ноќно ја цуца 15-30 минути и после ја плука сама, ваљда кога ќе завлече и се згадува и не и ја ставам пак ниту ја бара. Единствено ако се подразбуди и ја ставам за да презаспие, па после пак сама ја плука.
Кога заспива и ја ставам си спие со нејзе и ја плука па продолжува да спие. И нас soothie ни беше гломазна ама одма ја прифати. После сменив на фриг и нив повеќе ги сака, сега ја чешаат и забите па и тогаш си се чешка со нејзе. Иначе можеш по потреба да и ја даваш, ако ти се смирува давај и. Јас по потреба и давам, не сакам да ја учам многу на цуцла, ама спасува многу цуцлата. Исто ко @baguf4e навечер ако се разбуди па ја презаспивам со нејзе.
Исто со soothie почнавме од страв дека со друга немало да цица после, ама не ја прифати многу е тешка за новороденчиња. Сменив на ultra air и ultra soft одма си фати. Сега и давам на успивање само, преку ден не, ама и сама ја плука кога ќе заспие и продужува без. Туку некоја игрална да препорачате? Почна да се врти на сите страни немам мир само испаѓа од подлога ако ја оставиме до ходник стига, за до вц морам да ја закопчувам во релаксатор/столче, многу ми е процедура.
Платена реклама, симетикон како и сите други. Нема никакво чудо да направи ниту да има одма ефект да прекинат. Сите капки се со 40мг симетикон само саб симплекс се со 60мг.
Како им давате вода, ми кажаа може веќе по неколку голтки во денот, давам со лажичка повеќе плука од што знае да голтне какво шише да земам или директно чаша со сламка (некако ми е мал за тоа не знам ) дека сме на доење врска немам со шишиња како, што, какви
Јас давам колку што и се пие од обично шише, мислам дека мам марка беше. Моево повеќе вода сака од млеко.
Со молење, има 6+ на авент шишенца со клунче, ама гумено е клунчето. Те ќе пивне, те плука одвај со молење. Ти нуди битно, почнавте со вкусови?
На подлогс од кога почнувате да ги легнувате? Негде читам од втор негде од трети месец… малечка е мојава ама полека да гледам опции а за игрална ваљда покасно кај 5ти месец кога ќе почне да се превртува и аздисува м?