Во количка пробуваме да ја шетаме неколку пати низ маало и вчера амбициозно во парк пола време е во количка пола во раце кај татко и пошто закенкува .. вака со цуце мислам ќе поседи повеќе да ја прошетаме баш вечер ќе пробам
Од нешто пред да наполни 2 месеци почнав да ја ставам на мека подлога со висечки играчки и уште една имав со нозе кога бутка да свири клавир доле. Оваа меката со висечки уште ја игра понекогаш, а на голема гумена подлога уште одма ја ставав на стомаче и ден денес ја ставам ама од кога почна да седи на 45 не е голем фан на подлогата.
Па има шанси да е. Кај мене големата до 2 м дење спиеше ноќе урлаше. Главче не се сеќавам кога почна да држи на стомак не сакаше се додека не се сврте сама е после како се сврти на стомак се на стомак беше.. На 3 м па сакаше на 45 да седи по одобрување на Видоевски ја ставав на 6м седна и како седна почна да се исправа ,лазење само по потреба. Некоја недела пред прв роденден прооде.
Мојата како новородено ич неќеше на меше, многу се нервирав, на baby gym ја ставам од 2 месеца негде со јас до неа нели. Пред 2-3 недели и здодади ја тргнав сеа си е само на онаква подлога со играчки расфрлани и се влече и превртува по нив. 20 недели сме. Ама тоа со вртењето е скрос индивидуално, нема што не направив да се врти од меше на грб кога едно сабајле сама реши дека ќе се врти. И сеа ми треба ограда да не направиме беља. Јас се трудам да е на под колку може повеќе ама и она си сака.
Kolku cesto kakaat vasite 3 mesecni bebunja? 3 ipol meseci e i samo na doenje. Veke mesec i poveke kako kaka na 4 ili 5 dena. I toa postojano se e taka. Prde cesto i koga prdne mnogu mirisa. Do sega napreduvase super, duri i poveke od potrebnoto.
Бејби јас почнав негде месец ипол да ја легнувам на подлогата таа што и висат играчки, не дека гледаше мојава ама ај да добијам време да направам млеко, ама со цуце. На стомаче почнав одма кога ми ја дадоа рачунај 3 ипол недели беше... а таму кога плачеа нешто врц на стомак и нека се оправа самото сирото.. и на страна ја ставаа со тетра гушната околу неа за да се смири кога била вознемирена. Ах колку ми е тешко што не ја кенгурирав ич таму и ретко ни ја даваа а и исплашени дане и пренесеме нешто. Викам осамена била ама тоа е да не си мачам ум ќе се шекнам. Иначе си седи на стомаче од старт одма ги наоѓа рацете и ја слушаш шмука. Ептен ако е вознемирена некогаш ја смирува ама некогаш може да ја доразлути. Пробувам све и релаксатор (мислам имаше месец ипол) и подлога на кратко да видам како реагира. Секое дете е различно. Ама вежбај ја и да кенка не ја кревај одма, дај цуце, легни до неа на подлога да те осеќа. Да не е во раце. Во парк сега изводи неколку дена после вакцина да зајдува во количка( се научи малку во раце па глуматор тежок ја земаш и толку гледа лево десно заборава на плачки ( солзи сега има више не плаче на суво) , па почнав и го тргнам скроз тоа од колчиката тендичето хаха да гледа и застануваме цуцето мора да е во уста иначе хаос настанува , пред вакцина ни беше рај стај ја ќути и шопинг и све спие само во количка. Се молам да се нормализирс да де врати во чил моуд.
Леле исто скрос... Понеделник на утро ни е ден за какање и после дури следниот понеделник кака... Исто како што кажа и за прднувањето кога прднува мн мириса... А и за напредокот уште си е така само што какањево е еднаш неделно...
Мајки со мали бебуши, дајте совет што би било корисен поклон за повојница за другарка, второ девојче има сега, и првото е женско. Моето е поголемко, а не ми текнува што корисно ми донеле тогаш Може има подобра тема за прашањево, ама не успеав да најдам. Фала
Има ли Nuk цуцли во ДМ, да не одам за џабе? Зедов и јас soothie ама вистина се многу тешки ми е жал да се мачи, а и мало е..
Како се со бројки и килажа пуфис? 2ка пр од колку до колку кг е и од кај ги земаш? Прашував еднаш во зегин немаа, дали така се погоди само..со големиот користев пуфис и ептен ми се погодија.
Земи фриг ептен се лесни и убави на лик, мојава ептен ја сака, од вчера и ја отворив нова, дете фати одма
Педијатарот ми кажа декс постоеле вежби за да се изедначат двете страни на главчето кај бебето, бидејќи левата страна повеќе ја сака и спие претежно на неа, иако ние јс вртиме цело време и малце и е како нерамна. Дали можеби знаете кои се тие вежби, како да се легнува бебето за да и се изедначат двете страни. Бебето е два месеци
Мајки читам има некој growth spurt на 6 недели, бебе денес е повеќе будно него што спие Се и сешто пробав да ја успијам и дури сега се предаде… не сакам да ми спие во раце или на рамо, неа комотмо и е но цела е искривена, се плашам за грб, колкчиња… Или да не е некој скок во игра?
Пет ипол недели е моево и исто 5 саати го успивав, ќе заспие пет мин во раце и ќе се разбуди со плачење, ама врескање буквално Не сака да цица, се бори, ме тегне, а дохрана колку ќе му дадам толку ќе изеде. Пред пола саат заспа ама се превртува, прокенкува во спиење не знам што е ама мислам најлош ден до сега
Женски дали е океј месец ипол бебе многу да се лигави? Нели е рано за запчиња? Исто да ве прашам какви пелени користите? Земав обични памперс ама некако чуден мирис имаат…