Здраво девојки Кога ги вакцинираа вашите бебиња против туберкулоза мене ми закажаа за 14 дена од породување да не е многу рано за вакцина мене ми се така чини
Мене така ми закажаа мене ми е прво дете па незнам малку сум исплашена и незнам кога обично ги вакцинираат против туберкулоза
Не е рано, орална фаза е. Недела дена. Бсж ја боцнаа во родилиште. Не е рано. Бсж се боцка прва, нас во родилиште не боцнаа, не е рано. Другите вакцини се покасно на 2 месеци.
Ние дека сме предвремено родени и немаше килажа не не боцнаа во болница ни кога не пуштија.Дека примавме крвна плазма ни рекоа послем 3 месеци да почекаме па да почнеме со вакцини.Педијатарот рече од септември он има кг ама нема 3 месеци од крвната плазма.Дали за бсж треба да е над 2,5кг така нешто спомнаа.
Официјално прв скок и кај нас започна цел ден си сакаме во раце,млекце ако може на 2ч,спие ама цирка со очињатс да не отидсм негде.Еве сега во паркчето пред зграда сме од 6ч он си спие во количка јас кафе пијам и дремам на нет и ги испраќаме комшиите на работа.Одамна немам излезено во 6ч пријатно е
Педијатарот би требало да ви ги покаже вежбите или барем да ве упати кај некој кој работи со тоа. Од наше искуство можам да ти предложам да појдетете и на физиотерапевт (физиоактив или Дијана од Систина). Ќе ви објаснат како и на кој начин да ја стимулирате страната на која не лежи толку. Ортопедот исто може да ви објасни како да правите истегнување на вратчето зошто е многу битно да нема затегнување таму за да може еднакво да ги користи двете страни за спиење. Tummy time, contact naps исто многу помага. Репозиционирање на главчето кога спие исто. Играње и стимулирање со контрастни картички, тропалки на страната која не ја користи.
Да се надополнам на сите корисни совети кои веќе ти ги дадоа, на нас многу ни помогна што почнав да форсирам да ја дојам легната свртена на страната што не и е толку активна. Мојава дека и навечер со цицање така се успива па си останува така да поспие а обавезно ја потпирам со перница долж глава и цело тело за да не се сврти обратно. И во количка и ставам играчка насочена да мора да се сврти обратно да ја гледа и исто и ставав тетра или мало перниче од страна да мора да се врти на другата страна и во количка. Сеа почна и сама да се врти и на оваа страна иако пред тоа воопшто не сакаше
Не и се плаши за искривување нема такви шанси, моето до 4 месеци речиси во раце тераше дремки, а и на многу други членки. Контактните дремки им пружаат сигурност и комфорт при наглите скокови во развој.
што се случи после 4месеци? Како успеа да ја трансферираш во креветче? И мојава е само до мене или повиена за да не се буди со рачињата ама на почеток мора барем 20-30мин до неа да сме за да потоне убаво во сон
Не знам што се деси Почнав накај 3ипол да ја оставам прво на спална јас до нејзе и тераше 20минути дремка, па 30, па 40. После почнав да ја успивам со нишкање и да ја спуштам во гнездо и продужуваше. Уште има потреба да ја презаспијам некогаш за подолга дремка. Навечер сме на cosleeping за мој комфорт, многу понаспиена сум, спиејќи дојам. Собирам сили да го сменам тоа сега... Ама искрено уживав во тој период, еднаш ќе е толку мало бебенце и би ја држела уште сто пати. Ако ти кажам дека во раце ми има спиено 1 саат во таверна на 3 месеци и сите напреку ме гледаа
Сега додека е 3ипол кила ич не ми смета обожавам да се гушкаме и ќе ја држам што викаш со саати… него се плашам кога ќе стсне 7-8кила за некој медец што ќе бидне ако нејке да ја спуштам во креветче. Иначе навечер спие до мене, ко слипинг креветчето е до нас али така за сликање украсно само преку ден ско е повиена успевам една дремка во него да истера иначе за навечер строго или до мене или до маж ми … од ова што читам уствари ништо посебно не може да се направи освен да си помине времето и да ни пораснат колку толку за да осетат дека не ги оставаме и да имаат сигурност
И 7 и 8 кг кога ќе дојдат пак ќе ги држете од милост Моето не го осеќам како бебе туку како детенце 5ипол месеци 8. 500 се повеќе се разбираме и сме зависни еден од друг Сега е во период кога заспива сака да не допира по лице, па само брца рачиња во уста во око
Денес сме на педијатар и ќе се консултирам ама ај и тука да прашам, оваа недела и се појавија на обравчињата бубулички и како загноени се … читав за бебешки акни не знам дали се тоа или од силиконските брадавици што ја допираат на лице и се прават
Бебешки акни се, исто вака му беа на моето. Само не ги стискај, јас не ставав ништо, така му поминаа. Уште некој ден 7 месеци, исто вака кога заспива, де во уста, де во нос брца. Некогаш и во око
Не само во таверна, на 1 мај во кафана надвор 3 дремки си ги отспа врз мене, еднаш на ручек си седнавме знаејќи дека и е време за спиење па фино лепо си ја земав и си отспа врз мене 45 минути, во кафичи на кафе сме седеле и си спиела врз мене... До ден денес не спие во количка, ама се научи да спие бесконтактно дома на спална.