Дојдов да се пожалам ни почна 4 скок и стварно ептен лошо е особено за навечер за успивање еве денес се тегневме од 8 до 10 не беше заспана и после некако со кенкање заспа на кај 11:30 а колку убо си заспиваше кај 8:30 а дремките за преку ден ги поминува со спиење на раце ... Ќе прославувам кога ќе заврши овој скок...
Лош е 4ти скок богами. Нас ни заврши фала Богу, ама додека да заврши мислам ќе полудев. И плус регресија на спиење, абе хаос е мал збор. Ќе помине, само живци мора.
Не сме вратени баш скроз, ама дааалеку од тоа што беше. Добар е овие неколку дена, сѐ надевам така ќе остани. Вие како сте со спиењето?
Девојки, тие што сте на ексклузивно доење а давате colief да му ги капнам на јазик пред подој или да се измолзам па во шприц да ги растворам?
Јас капнувам малку млеко во лажичка и од капките, оставам да постои некоја минутка па му давам додека јаде. Филипс авент, единечна супер влече
Многу добро ги памтам скоковиве со првото и некои навистина беа исцрпувач Colief мора во млеко инаку желудочната киселина ќе ги уништи и џабе ги даваш.
Јас имам Филипс Авент бела што е уствари ко розевата и сум презадооволна исто. И со рачна ми беше ок ама сега некако почесто користам пумпа па електричнава многу ми се најде.
Здраво. Бебе е 10дена. Како ја држев на рамо да ждригне после јадење одеднаш ми се истегна со вратчето наназад, ждригна и си легна пак. Ни заплака ни ништо. Се извадив од памет да не и се случи нешто. Мирно си спие. Си се тегне, дур спие си се витка цела, главчето го тегне скроз наназад.
Ништо не е, милион пати ми се има тегнето така кога не ја држеше уште добро главата. И уште знае некогаш да забега ако е поспана.
Немој жено опушти се, кога ќе почне да се врти па 200 на саат се со сите екстремитети. Опушти се и уживај додека спие и е малечко.
Скоро поминаа грчевите, поминаа 3 скока, се стабилизира спиењето, бебка направи 3 месеци и е пресмешка деновиве ужива а и ние со неа. Не реално ми е колку е весела скоро цело време овие неколку дена ама читајќи други искуства почна да ме фаќа страв од четвртиот скок и регресијата што ни следат…
На мм еднаш така му се испушти, за да го пцујам цел ден, и утредента и мене да ми се деси. Еве ја, глава држи ептен стабилно од 3 месеци, врти на сите страни, гајле нема. Кога ми се деси ова, одма читање на интернет и прочитав една реченица што ми се врежа во мозок колку беше вистина: "Ако бебињата беа до толку кревки, до сега немаше да постои човештвото". И стварно е така
По колку мл Ад пие вашето бебе (7 недели)?јас кога му дадам 75мл бара ми на 2 часа.а кога му дадам 90мл испие ги и ми поврати