Мајки вие што сте на доење со каква вода почнавте кога почнавте со храна? Првата недела кога давав дохрана ја правев со Бебелан ама знам имаше 24ч рок па требаше превривање.
Мајки, тие што не користите swaddle за мала помош околу моро рефлексот, како се справувате со вечерното спиење? Преку ден спие со перничка до неа но секако ја надгледуваме. 7 недели сме, креветче не сака последниве 2 недели. Вечерната рутина помага, но не може да ја бањаме нон стоп. Спиење со нас не сакам од страв, contact naps тераме но и тоа не може нон стоп.
Мајки вие што доите дали ја фарбате вашата коса и со каква фарба иии дали шатирање/бланширање е подобра, побезбедна опција од фарбањето при доење?
За вечерна рутина, нон стоп ја бањам или туширам од раѓање, 6 месеци е. Контактно спиеше до полни 5 месеци преку ден и никако другачије. Навечер до 4 месеци ја повивав со свадл лепенка заради преизразен моро рефлекс. Ќе ја заспиев врз мене и ја чував така околу саат време, после и лепев раце и во креветче во вреќичка. Откако почна да се врти прекинав, сега сама си се мести како и одговара за спиење, најчесто на стомаче.
Каде може да најдам такви лепенки? Да пробаме со тоа. За бањање да, вечерното е секојдневно и доста ја успива. Пишав во смисла дека не можеме пред секоја дремка да се бања…едино тој чин резултира со длабок сон.
Мене ми е од тему, ама има и во енцименци мислам само е доста поскапо. Тоа да, пред дремки не можеш да ја бањаш на секое. Знам и јас се фрустрирав на почеток за дремките, дома и надвор она исклучиво спиеше врз човек. Ни количка ни креветче ни бутур. Се помирив и ја оставив до 5 месеци така и после сама си смени наеднаш откако направи трансфер на 3 подолги дремки. Не знам за ова како да ти помогнам, на почеток се трудев да ја спуштам ама немаше ефект и прифатив да е врз мене. https://www.encimenci.com.mk/prekrivka-za-poviva-e-blossom-sevi-bebe-118-169
Кога смени на 3 подолги дремки? Веќе два дена тера три релативно нормални дремки и една 10минути не знам дали грешам што ја успивам за 4 дремки (таа од 10минути е 3тата дремка) ама си заспива. Се си мислам мала е за 3? Утре 5 полни.
Мојата многу брзо откако наполни 5 смени, првата и е 40мин до саат време, втората и е 2 до 2ипол саата и третата зависи, некогаш и 20 мин и е
Како наполни 5 месеци, наредниот ден на 5+1 ден имаше 3 долги дремки, во текот на цела таа недела имаше те 3 те 4 ама веќе на 4тата почна ептен да ми се опира и не сакаше да заспие никако. Сфатив дека си сака транзит на 3 долги и почнав да терам така. Проблемот кај нас е тоа што речиси на секоја дремка како аларм се буди на 40-45 минути и ретко да си спои циклуси сама, ама ја презаспивам. Легнувам до неа и не се откажувам дур не презаспие (некогаш и треба буквално 1 минута, некогаш и 10), а откако ќе заспие пак може да тера саат ипол па дури и повеќе. Ама над 2 часа не ја оставам, ја будам полека. Да ти кажам и јас се плашев од 3, ама вака ми е раат. Си спие подолго и имам време за се да завршам низ дома и ручек дури да направам.
Скроз и е време. Мојава од 3,5 месеци, а можеби и малку порано е со 3 дремки. Две од по 1,5 (ретко 2) саати и една макс 45 мин. Има денови со скоков без крај по 45 мин кога спие, ама и тогаш и се 3 дремки. Ама сепак води се по детето. Само ќе ти даде знак, ќе се буни нема да заспива, или пак ќе почне покасно навечер да ти заспива. Те читам почна со дохрана? Нашиве мислам околу 2 недели се разлика. Јас едвај чекам, таман одмор сега, па вакцини и после да почнуваме.
Не не немам почнато со дохрана уште, за две недели мислам вкусови, а од 6 полни блв ќе се пробам па ќе видиме. Или некоја комбинација ќе тераме, неќам да е на блендирано. Баш за тоа што мислам дека дава знаци за кратење на 3 дремки потпрашав. Не сврзува циклуси и она како на @baguf4e на 50мин макс се буди, а не секогаш ми успева да ја презаспијам. Затоа уште тераме со 4 дремки повеќето време. Скок, регресија и заби не знам кај тераме веќе, крај нема. Да избие забов мислам ќе се преродам.
Во што ви спијат бебињата денски? Имам гнездо од Ело, ама се мислам не му е комотно, многу тесно ми е некако, а бидејќи го чувам на тросед, се лизга малку надолу и со главчето оди скроз до граничникот од гнездото.
2 дена ни се разлика бебињата. 3 дремки има веќе одприлика 2 недели, ние вчера наполнивме 5 месеци. Околу саат ипол му траат сите. Предходно имаше 4-5 дремки ама по 30-40минути. Вака искрено ми е по раат. Мислев и јас дека е мал за 3 дремки ама баш му се ок, не спие малце.
Мало е уште моево ама имам уплав дека нема доволно циркулација на воздух во гнездово Посебно кога ќе го видам на еден цм од граничникон..