Јас прекинав после 2 недели од раѓање исто ради некакање. Еве го 11м без пробиотик, здрав, прав ништо не му е вакцините без никаков проблем и реакција
Ја држи главата, само кога е на tummy time, не сака да ја крене. Како да го поставам пешкирчето, ќе може да ми кажеш?
Луѓе, се извинувам, ако сум во грешка тема, но би сакала да ве прашам, од каде можам да купам такви, оградици за креветче како перничиња што се врзуваат на креветчето? (евентуално некој да изработува по порачка спрема посакувана големина/должина на креветче) Ви благодарам многу ❤️❤️
Ќе го сролаш ко ролна и ќе го наместиш под градите. Или има и перничиња за tummy time специјални, види во енци менци.
Каков пробиотик давате и кои се со пипета? Нас на испис ни го пишаа био гаја, ама мислам едно шише 5 дена трае некако ме нервира што не можам до крај да го искористам. Дали да го менувам или да не си играм играчки? Знам ваја е со пипета ама не знам кои други опции има.
Само да си кажам, по втор пат истото ми се докажува, беблак и одмор е супер комбинација. Ужива во вода, се радува, цица и спие моментално под голема сенка. Големото прави замоци, јас и маж тегнеме кафе. Е хаос е во смештај, туширај едно, туширај друго, туш за нас... и попладне на ново. Ама битно на бебе вриштало глас не му слушаме веќе 2 дена. Само смеење.
Пробаланс бејби, не е со пипета. Сите пробиотици таложат. Пред употреба извади од фрижидер загреј во рака и убаво протреси го да се втечни, подобро ќе капе и ќе се искористи макс. По колку капки ставаш?
Исти случај сме со био гајата. Ем што се троши за многу брзо, ем раката ме здоболува од толку тресење што правам за да капи и искористи до крај. Ама дека уште ептен малку сум во план да му давам пробиотик па заради тоа не сакам да му ја сменам.
Дали може скок во развој да се манифестира најмногу на заспивање? Ако гледам по термин во 5ти скок сме. Веќе 3 недели како со некој рис да си имам работа дома. Си заспиваше предходно супер на спална со млеко ама сега ова ми е ноќна мора мислам. Млеко се молиме да пие, така да со него нема шанси да заспие. Во количка предходно ми успеваше дома сега ни тоа не доаѓа во предвид кенка плаче. Морам да ја нишкам и ајде и предходно имало денови кога сум понишкала ама за 5 минути заспивала. Ова сега е како да влагаме во ринг. Трља очи, кенка, штипе, плаче, се тегне назад. Мислам едно добри 15-30 минути се бориме. Нема промена во ноќно будење исто е како и пред тоа. Дефинитивно ова ми е најтешко заспивање од како е родена.
Кај нас така беше 4ти скок, преку ден ни се манифестираше, ко со лав да се бориш. А навечер се беше супер. Може да е тоа.
Пробај после протресувањето да го ставиш со капачето надоле, така побрзо паѓаат капките. Инаку да, многу брзо се троши не знам ни дали 3 недели издржува.
Да, тоа е. 5 скок е ѕвер. Моево оваа недела излегува од 5 скок. Кај нас немаше ни 4 скок ни регресија, ама 5 скок ни наплати за двете.
Јас 3 дена после тебе бев со термин мислам. Нека заврши ако е за уште неколку дена ќе издржам некако, само нека врати на старо зошто ќе полудам со заспивањево, ме мава таква нервоза на моменти а гледам да сум смирена зошто осеќа одма и бетер е после ама не можам
Да, памтам дека бевме тука негде. Мене на бадник на 6 ми беше термин. Според календаров што гледам до пола од 26 недела трае.
Некое кремче за лице посебно им земате ? Цела е сп брумчиња јас мислам вруќници другиве викаат бебешки акни и не знам. Четврток веројатно ќе ја носам на педијатар ама за до тогаш не знам што да ставам.