Ние утре правиме 4недели влагаме во 5та ама веќе неколку дена како да сме влезени во првиов скок … а стане од спиење си плаче стандард… во раце држење, спиење во раце или на нас… навечер мора да ја повијам да спое иначе пафта со рацете и толку е одма се буди… ноќеска маж ми излезе околу 8 се врати околу 11ипол. Почнавме да се успиваме во 8ипол … после три пати заспивање вриштење па се искака па се тепаше на града со мене раце да става во уста заспа конечно во 10:15. Не си сама … еве со тебе сум а не сме ни во скок по термин / ми личи како до година - година ипол дека ќе си скокаме константно
Да биде хаосот комплетен оваа мојава кака по 3-4 пати дневно така да еднаш секако у успивање се трефнува
Истоо сме, сега поднамали иначе првите 2 месеци и по 5 пати… и во 3 сабајле па после иди презаспиј ја…
Моево не е во скок (веројатно) според ова што читам а вечерното успивање исто вака ни е. Може има 4-5 дена ко ќе земе да се бори со градава леле огромна нервоза ме фаќа. Чак си викам немам млеко па ќе се засркне таман ќе изговорам и мм ме кара Кај нас дополнително големава и смета ја закача па телефон ќе пушти па ја бркам ... хаосче
Ноќеска додека се нишкавме и ме тепаше буквално … си помислив свака част на жениве со две или три децаз. Јас со едно бебе од медец дена ме фаќа страв некогаш што да направам а не па да имам уште едно или две со нивни потреби поголеми онака скроз ми се смени видикот за мајки со две и три деца … херојки
Исто пред некој ден искоментирав дека не ми паѓа на памет второ у блиска иднина иако полнам 35 уште малку … ми даде поглед / не збори глупости
Ние наполнивме 4 месеци ,со вкусови се спремаме од следен месец здравје ама како гледа сирот кога јадам глупо да те фати.Туку ме интересира кога и како ги потседнувате малите ?јас на мене полулегнат и со рачињата вежбички го дигам до седнување и назад.Но еве следен месец ќе треба во хранилка па баш се мислев да не треба повеќе нешто да правам.Во количка спортско седиште уште не го ставам само во транспортер и корпа.Дајте ми совет од искуство гледам некои со пернички ги ставаат ама страв ми е да не му зафркнам кичма
Здраво, жени што сте замрзнувале млеко имам неколку прашања. Бидејќи треба да се измолзувам неколку дена за количината да ја постигнам и да му оставам повеќе дали може како ќе се измолзувам да ставам во обичен фрижидер па потоа во кесичка за замрзнување? Макс што би оставила во фрижидер обичен 24х колку да олади млекото па после да ги спојам во кесичка за замрзнување, океј ли е тоа? 2. Колку време се одмрзнува замрзнатото млекото? Негде прочитав да се остави во фрижидер 12-24 часа и тоа само се одмрзнува и пред користење само во млака вода шишето да се стопли и да се даде? 3. Знам дека секое дете е различно ама од прилика колку млеко би му требало при еден оброк? Инаку е 6 месеци. На доење е само, а треба да го оставам неколку саати да го причуваат. Фала ви
Баш херојки се. Зависи од карактерот и возраста на поголемото моето е речиси 5г и уште ја пука љубомора ама пример пред 2 г беше мнооогу пољубоморна на сите чак и на татко и во однос на мене и не се решавав некако. Т.е и сеа не се решив ама се фати и не можев да абортирам. Инаку мислам никогаш немаше да се решам. Лејди ти низ се што помина во бременост и пораѓај најнормално е така да се чувствуваш. Ама ќе ти помине. Замислете јас како се нервирам кога ќе почнат ајде третото МАШКО аман кај поодвратно од тоа машко женско ми нема ,кај немам намера на трето да идам треба психа ,пари,поддршка од партнер не е само роди и ај На 45 степени ставај го во количка само ќе извежба да се исправи.
И мојов е мислам во прв скок, исто со гпт консултирано и тие се знаците стоеше дека му е до денес и еве го ноќеска спиеше мирно, стана сабајле почна да се смее цело време и да пушта гласови нови некои, како друго бебе е е сега дневните дремки му се уште кратки ама не е нервозен, си игра, си гуга, си разгледува
Истиот муабет, он вика одма на второ да идеме, си викам друже едвај со ова едно излагам на крај, какво второ, не ми паѓа на памет ни во лудило
Можеш да оставиш во фрижидер и до 4 дена и да комбинираш па да заледиш (најстарото да е 4 дена, не повеќе од тоа). Ако се користи одма може и директно во млака вода да се одледи, ако нема да се користи одма може и да отстои во фрижидер па да се загрее. Ако некој има лично искуство со количината нека ти каже, инаку вака мислам дека околѕ 180 би требало да е океј
Од пасивно седење нема многу резултати, оставај го на под повеќе да јача мускули. Ако ти е хранилката со наслони можеш на 45 степени да го ставаш. Исто и во количка во спортско седиште. Ама секое дете е индивидуално, нема потреба да се форсира пасивно седење ако нема добро совладано контрола на глава пример. Ќе си го следиш.
Ортопед ќе ти каже, за секое дете е различно и дозирањто, негде ако има потреба ќе даде дополнително, негде ќе намали ако примети калцификати. Тоа зборевме со Др Тони Талески
Од кои му даваш ако може да ми кажеш? Мојата е скоро 2 месеци дојдовме во Мк не знам кои да ги земам.