Со лесно. За шетање е најголем проблем, дома регулираме со клима. Јас чекав пролет за шетање, ама ме поеба ќерка. Среќа не чекав 40 дена и не се замарав ладно што е па цел јануари, февруари и март се утепав од шетање по 10 километри на ден.
Бебка од пред можда недела дена многу ми бљуцка, онака количински бајаги. И кога цица и кога пие од шише е исто. Ја држам барем 15 мин и повеќе обавезно да ждригне. И таман ќе ја спуштам бљуц. И после почнува со икање. Можно ли е да се прејадува или да не е рефлукс? Синко имаше рефлукс и до кај 5 месеци тоа беа цели млазови бљуцкања. Не е повраќање пошо не се напрега, само си искача млеко.
Не треба, си пишува во упатството. . Как да съхранявате Вигантол Съхранявайте на място, недостъпно за деца. Да се съхранява в картонената опаковка, за да се предпази от светлина. Не използвайте Вигантол след срока на годност, отбелязан върху етикета и картонената опаковка. Срокът на годност отговаря на последния ден от посочения месец. Да се използва до 12 месеца след отваряне на бутилката.
Чим ика е од прејаденост, стегање на дијафрагмата. Од пребрзо јадење или многу воздух примање при јадење се дешава.
Мислам дека и иде многу воздух пошо пак клика кога цица. Како да ја неместам си клика, а и мислам дека се прејадува и дека наеднаш и иде многу млеко дека и се засркнува некогаш. Ја тргам и ја кревам да подригне измеѓу ама не е многу од помош. Добро ајде ќе се зајакне дијафрагмата и валда нема толку ненаситно да цица секојпат А за вигантолот јас никојпат не сум го чувсла во фрижидер. До пред некој месец му давав на синко го трошев последното шише. Здравје после преглед на ортопед за бебуш ќе барам што алтернативи има. Мислам имаше од Џејмисон исто маслен Д витамин.
Исто бевме, и тоа количински доста блуцкаше. По препорака на педијатар и давав Алгорал, намали доста. Го давав еден месец, до кај 3 месеца. Од тогаш до сега (5++ сме) е добра. Има некои денови кога е по разблуцкана ама 99% од времето е океј.
Мојата многу бљуцкаше на почеток, накај 3 месеци престана да бљуцка, дури и често икаше и така кликаше како што викаш, веќе не прави така па може добри два месеци.
Нас ни рекоа преглед на 2 месеци и 10 дена, таман пред вакцините. Ама ако продолжи вака со бљуцкање ќе се јавам за преглед порано да видиме дали е рефлукс или не. Не знам ни како се дијагностицира и прегледува тоа. Може и да се повеќе работи ко што набројав. @Feniksgirl знам дека ќе прекине ама онака е ми е жално за гледање. Па и пресоблакање на секое.
Леле не ми збори за пресоблакање, по 100 пати дневно, маж ми па само кукаше, леле само переме, мислиш па он на рака пере хахаха. Мислам не е рефлукс, таму е млазови повраќањето.
Здраво мамички Имам едно прашање бебчето за некој ден ќе ми прави месец Ама сега пред некој ден и излегоја некој бубулици на лицето вчера и на главчето почнаа дали некој се има соочено со тој проблем дали е нешто загрижувачки вели лице и цело главче и е незнам дали да ја однесам на доктор
Може да е тивок рефлукс, односно да и се враќа како киселини на нас што ни се враќаат. Мојот педијатар рече дека за тоа најверојатно се работи кај нас (зошто исто не беа млазови ниту со напон) и затоа ни го даде Алгоралот - тоа е уствари сируп што го згуснува млекото за да не може да се врати низ хранопроводот. Ми стои едно шише - ако се решиш ќе ти го подарам отворено е пред помалце месец а вика дека може 3 месеци да се користи по отварање Жално е ептен, плус и константно бев насекирана дали е најадена и дали ќе качи зошто пола си го блуцкаше. А пресоблакањето беше ноќта мора зошто и така не сакаше да ја пресоблакаме (и до ден денес не сака)
Јас денес бев редовна контрола. Исто така има на лице во увце и на главата,за 7 дена прави месец. Прво праша дали сме на доење дали јадам конзервирана храна (туна паштета чипс смоки такви работи ) викам многу ретко. А да не има некој што би ја допрел со брада или нечисти раце . Бради немаме ама има дада што ја фаќа и ја бацува. Не ни даде ништо рече со тоа што ја мачкам на пеленска да мачкам и за една недела кога ќе се мериме ќе видиме ако не е повлечено ќе бараме чаре. И да не ја допира...
Бебуш преку ден спие топ,ама во раце.Лесно го заспивам и си спие колку ќе го оставиш.Гледам по 1 час да му се дремките.Навечер легнуваме во 8,се буди во 1 или во 2 за јадење и потоа 5ипол е буден Многу се иритирам кога ќе прочитам самостојно заспивање.Како да го научам?Легни го во креветче преку ден одма се буди.Не ни плаче туку спремно за се од почеток.Плус раното будење,што не прочитав веќе не знам ни јас.И на спална преку ден се буди,само во раце си тера.Дајте совет како да правам.Не е проблемот што ќе го држам страв ми е за натака,4 месеци сме сега.
Конзервирана храна не јадам,чипс само два пати до сега имам каснато.. Е сега со брада има,со нечисти раце има Значи можно да е до тоа
Да ,јас ништо не ја прашав сама едно земање на бебуш прво тоа праша. Прв пат одиме таму од претходната не бев задоволна.
Самостојно заспивање после 5-6 месеци можеш да пробаш да го учиш, сега се уште немаат вештини за тоа. А за спиење во раце, некои деца едноставно сакаат контакт, еве @baguf4e ќе ти каже за будењето сабајле е нормално, тогаш им се намалува нивото на мелатонин. Во 6, 6ипол сабајле се смета океј време за будење, ако стане порано, не излагајте од затемнета спална и бидете тивки за да се навикне дека не почнал тогаш денот туку да поспива уште
За наутро тоа и правам ќе го земам и во раце до 6 бар па после демек да знае дека покасно треба али нема фајде бре. А како бе луѓе да го учам?
Ние бевме исти само и на вратот,плус стаив и павловичева на тој дел слушајки секого и бетер беше.Ќе се исчисти само ,се е ова од што се чисти.Ако се влоши има едно хиперманган гранули или нешто така беше во вода се става на бањање и плакнеш со нејзе.И маст микробакт мачкав јас.Али се ова за вратот.