Јас првото дете шо се вика до завчера го заспивав. Со лежење не во раце. А во раце сигурно до година ипол. Исто до тогаш стануваше секој ден во 5-5ипол. Едноставно се будеше рано кога и да легне. Јас на твое место би пробала да го сменам мојот “распоред” пошо детето потешко дека ќе смени. Скроз разбирам дека е мачно, и мене ми се темнеше во зимските месеци кога беа мракојни а ние будни од 5. Па уште и на работа требаше да одам. Ама и тоа помина. Сега не можам да го разбудам, секој ден кнап стига во градинка. Ако нешто научив тоа е да не споредувам со други деца. На најдобрите другари малата им заспиваше како по книга. Мојов пола саат мораше да го думкаме раце да ти паднат. Стално викав кај се погоди ваков кај се погоди онаков. Ама моево цели песни пееше на две години, а она едвај реченички пд 3 збора сврзуваше. Едит: пошо не допишав. Сакав да кажам секое дете со свој ред и свој терк.
Знам за хиперманган ама на лице не знам дали може јас на пеленска бејбилов користам не е многу мрсна па намачкав денес па ќе видиме.
Бебешки акни. Со октанисепт спреј ние ги третиравме, уште во болница лом беше и тоа ми препорачаа во Систина. Поминаа за 2-3 недели.
Ќе легнуваш порано ако веќе не го правиш тоа. Друго не знам што правиш Јас пуштав машини сабајле, правев ручек итн.
Каков живот сакаш со бебе? Те читам само се жалиш. Гушни си го бебето, како спие, така. Само нека спие. До тебе, врз тебе... Мојата и на дневни дремки не спиеше без мене, па ете, жива сум. Не се сеќавам бебе до колку месеци ноќе спиеше врз мене. После продолжи до мене. Болеа грб, раце, врат, ама помина. Битно спиеше. И уште навечер кога ќе станам од креветот, знае да се повампири и плачејќи ме бара, па морам да се вратам назад. Мене не ми смета, оти сум свесна дека сум мајка и имам човече што го бара моето присуство. Колку побрзо го прифатиш тоа, полесно за тебе. Нема да се искриви, нема да се навикне. Ќе се издолжи и на него ќе му смета во раце, нема да може да си најде положба во толку мал простор.
Мајка ќе имаш живот не се секирај. Во првите години им требаме на децата да можат да пораснат здраво. Како лета времето нема ни да се сеќаваш на ова за една година, а да не збориме и за повеќе. Сега тоа ни е работа, да сме со нив. После ќе ни лупаат врата од соба и ќе ги бараме ајде позиривно само. Верувај дур трепнеш ќе помине и ова. Првото ми е 3 годинки не можам да го фатам да го гушнам секојпат кога ќе посакам. Ко вчера да беше бебенце. Ако ти е за утеха еве и јас си легнав сега. Пошо женскава моја си седи будна навечер па да не сум зомби
Првите недели се будеше во 2 ноќе и седеше до 4-5 наутро будна. Ќе презаспиевме до кај 8-9 наутро, некогаш и 11 не фаќаше. И да, свекрва и мајка ме гледаа попреку како сум можела возрасна жена да се будам во 11 ама пак тие не думкаа дете пола ноќ, туку си спиеја раат. После продолжи само за млеко да станува и да си презаспива. Еден период се будеше во 5-5:30 наутро. Ми се плачеше, да. Посебно зошто маж на работа, немаше опција да му речам чувај дете, јас да си спијам. Кога тргна во градинка на 9 месеци исто имаше период кај што ќе се разбуди во 5. Ми се плачеше мене, цел ден на работа, таа таман ќе ја ставев во транспортер во кола, си се успиваше. Неколку пати и со се транспортер му ја имам оставено на жените таму заспана. Да скратам во овие 2,5 години имало секакви моменти и такви кај што сум помислила што ми требаше ова. Ама еве месеци спие по цели ноќи, релативно сме наспани. Обврските наши викаат дека будењето е во 6:30. Дете по навика и за викенд се буди исто ама да сме живи, здрави, ќе дојде и период каде што за будење ќе се мачиме. Не само за легнување.
Периодов “без живот” претвори си го во најубавиот период во животот. Еднаш е вака мало, утре ќе порасне и ќе ти треска врати по дома. Смени го малку мајндсетот во попозитивен, искористи го време на породилно психички да се одмориш. Спие во раце? Ок, си купувам грицки и гледам нетфликс. Мозокот на пасење. Станало многу рано? Добро, ќе легнам порано и ќе станам порано, ќе го искористам максимално денот. Земи количка од сабајле по ладот, излезете на кафе седнете негде надвор. Одете во маркет пазарете, одете на пазар. Јас денес фрижидер наполнив со неа, во 3 маркети влегов. Не знам колкаво е бебето, играјте на подлога, читајте книги, глуми лудило со гласови додека читаш, прави му смешки. Нека не те “памти” негативна. Ќерка ми спиеше врз мене 5 полни месеци. Никако другачије освен контактно. Се нервирав зошто не можев да мрднам, на крај го прифатив и си релаксирав додека и траеше дремката цел саат. Магично престана да спие контактно, се издолжи многу, не и е згодно и си спие на спална. Навечер уште ми заспива во раце, врз мене на гради. Ја држам цел саат пред креветче за да завлече. Не ја оставам сама да заспие. Сака да ме мириса, да ме гушка пред спиење, па ако тоа го сака до 3 години, до 3 и ќе го правам. И повеќе ако сака. Мама е мама. Јас кога сум нервозна или тажна па и среќна си ја сакам мама, нејзе прво и споделувам. Кога е на гости со спиење кога си оди ја исплакувам, далеку ми е 100 километри од мене… Уживај во периодот, ќе менува многу. Прифати го моментот како што е и памти го секој нејзин здив и насмевка и прегратка па и плачка.
Да се приклучам! Официјално и ние сме во четвртиот развоен скок и целата куќа е во режим „опстани ако можеш“ . Бебушка е многу нервозна, сака само на града, не и се допаѓа ништо... освен шетање надвор. Во количка спие, ама само ако сме надвор – дома нема шанси. Ноќе станува постојано и цица, а што убав ред имавме фатено, па спиеше цела ноќ, заврши и тоа хаха. Споделете искуство, ми треба бар психолошка поддршка колку трае ова.
Кога читав не верував дека е вака ...пишти како да го колам не спија плачи само да цица не сака шише ...ќе си умрам помош немам никаква само од сопругот ама и тој зафатен е
И јас така размислував си викав- Со ова дете нема да го сетам овај скок премиерно е спие, цица, гуга , се смешка, се сега верувај друго дете имам ништо не прави од тоа, освен што виси на цицка спиејќи, а кога е будна само се напина. А замисли имам и тодлерче
Па со 4 ри месечно бебе, кое освен мајчинска грижа и љубов што бара, незнам што очекувања имаш, ама тоа е. Ќе се смени. И мојата се во раце спиеше. Боже сачувај да ја легнев, одма се будеше. Си најдов занимација, пуштав Нетфликс и уживав и јас со неа. Цела зима и некој почеток на пролетта, ние во 5 ч веќе бевме будни. Она во 19ч заспиваше, ние 19:30 веќе заспани бевме. Ама се е период кој поминува. На моменти се каам за некои работи, што не сум ги уживала максимално, ама назад нема. Затоа сега спие со мене , си ја гушкам цела ноќ, си ја бацувам, од сабајле со најубава насмевка ме буди и несакам да го сменам тоа. Уживај, време лета.
Имаше ли подобрување ј за колку време помина? и ние ја имаме истата терапија ама страв ми е изгледа страшно
Од кога почнавме со вкусови бебе има тврда столица во скоро две недели три пати има какано едвај. Се мачи многу а на крај скроз малку и многу тврдо, жал ми е сакам да се олесни. Постојат ли некои капки нешто, што да му дадам.