Јаболко, банана, праска, авокадо, морков, тиквица имам дадено досега и вода неколку голтки во текот на денот.
Моето така уште од почеток кај нас и по цели ноќи плачеше од што напнува а нема резултат ...прво користев ваја ама немаше подобрување сега линекс бејби давам и кака секој ден или на два дена ама сме на доење..е од овие работи ми е страв да почнам со вкусови... аман
Се ти е ова добро што даваш, авокадото помага многу, темна банана, јаболко. Зголеми ја водата, давај пробиотик ако не даваш. Паузирај некое време со морков и слични што прават запек, вклучи кајсија и праска барем сега тоа има свежо. Банана никако зелена не давај, почекај црни точки да се појават на неа.
И ние сме само на доење, и пред да пробуваме вкусови какаше на неколку дена ама скроз полнеше пелена и се олеснуваше убаво што се вели од раѓање немавме проблем ама сега многу се мачи, денес од сабалје само се стега и дури прееска во 22ч едвај малку како топка пластелин Давам БиоГаја ама изгледа ќе треба да менувам баш утре ќе прашам доктор.
Меѓу оваа што има пробано му имам давано и комбинации пр јаболко и морков, банана и авокадо, еве денес праска и јаболко. Бананата скроз чекам да созрее зелена не сум дала... треба да дадам и компир да проба ама ми е страв уште толку да не му е тешко плус не јаде којзнае колку оти уште пробува. Јас начин на исхрана не сум сменила пример да е од мене, баш периодов повеќе овошје и салати јадам.
Не е до тебе, такво си е бебето. Ќе се среди кога ќе порасне малку, само засега внимавај повеќе. Не воведувај компир, можеш ориз. Многу помага оризова вода, малку ориз свари го убаво и водата исцеди ја во шишенце и нека ја пие изладена. Исто кашите потечни прави ги, мора повеќе течности да внесува, мислам дека е до тоа. Кај моите па Ваја најмногу им одговараше, од Биогаја имаа запек.
Прашањето беше за самостојно спиење.Толку.Не знам кој ви дава за право да ме напаѓате дали јас сум помалку мајка од вас зошто сум пишала детето ми спие само во раце.Патем платформава ми служи за да си олеснам и да си се пожалам кога ми е тешко и тоа што во 2 месеци сум пишала 3 пати дека ми е тешко не значи дека цело време се жалам,а и да се жалам може само сум реална и не глумам како се е розево и мајчинството е такво помирени сме сите ,се можеш да истрпиш стисни заби ,зошто ова не го поминувам само јас,па еве мајки што сакате да се пожалите,не сте сами.Јас немам опција да искочам со бебе наутро ни напладне ако не е викенд.Не живееме во градот.Надвор пред куќа немам опција од кучиња па бидејќи бебе ми е на прво место не ризикувам.Истото важи и за 20 маркети одење ,немам опција.И да седењето затворен влијае на психа ама го терам 4 месеци,викендот го чекам со радост.И пак ќе се навратам на муабетот за самостојно спиење ,сите тренери за спиење го препорачуваат истото и не ми беше јасно како е возможно бидејќи ние спиеме гушнати вп раце по цел ден сите дремки.Бебе да не било држено во раце немаше да спие така лесно и убаво.Ме интересираше искуство за што јас правам грешно и кога и како треба да сменам или да очекувам да се смени за НЕГОВО ДОБРО.Патем да,читајте ме како се жалам зошто не сум сама која што поминува низ ова,но имам глас да кажам дека ми е тешко.Завршив на темава ви благодарам на читањето.
Исто сме и ние цело лице и е со ситни бубулички и на главчето имаше под косичката …тие поминаа ама на лицето се како повеќе да има и мн се грижам. Матичниот педијатар и педијатарот од систина викаат ќе поминат сами од себе бебешки акни се … ама не ми се свиѓа како изгледа и страв ми е да не и се уништи бариерата на кожичката уште волку мала… месец дена сме Неколку мајки тука спомнаа дека ставале биодерма атодерм ама не знам точно која за лице е погодна пошто гледам на сајтот на зегин има неколку споделете искуство со што мачкавте поискусни мајки и дали имаше резултат?
Те читам и навистина ми е криво што ти е толку тешко. Сите поминуваме низ темни моменти кога мислиме дека ни е најтешко ама кога ќе не погледнат тие мали убави очиња насмеани еднаш во денот се станува поубаво. Дај си сила сама на себе… ако не можеш да прошеташ излези на тераса направи си кафе и збори му на бебето за викендот … што планираш да правите за некој месец … колку многу го сакаш итн. Исполни се со поубава енергија колку и да ти е тешко… на сите ни е верувај. Само храбро некои денови се полоши од други а некои се најубави сите мајки викаат првата година поминува брзо и после тоа веќе имаш дете за гледање не бебе и се станува поинаку
Апсолутно се согласувам и истото го правам,давам се од себе и терам напред,си плачам кога е многу тешко и се смеам кога мислам што ме чека.Он ми е се.Но ако овде не смеам да се пожалам и да изнесам кога ми е тешко не знам каде.Да мајчинството е тешко,да се вреди за тие очиња,за животот кој што расте од нас двајца.Но сметам дека е здраво за мене тежината да не ја потиснувам туку да ја изнесам и раскажам.Може е некој со исти мисли,па како и мене што ми е полесно кога ќе прочитам дека некој истото го поминува а не е се цвеќиња и сонце,може и на некој друг ќе му е полесно ,и не не прави ова помалку подобри мајки од останатите.
Дома не,надвор спие во количка.Но прашањето ми беше за во креветче како да го научам за и натака да му е полесно.Не ми менува држењето во раце секако сум до него,но сите статии велат дека треба самостојно да се научи дека е подобро за него,па затоа.
Ќе го научиш постепено. Како мајка на дете што заспиваше во раце до 2 ипол години, можам да ти кажам дека ако си е детето такво clingy, не можеш многу да направиш, ете го 5 год и без мене не заспива, мора да ме гушне, да си кажеме се од денот, 200 пати на ден ми кажува те сакам. За спас на твојата кичма пушти white noise, стави го во количка во дневна и заспиј го штом спие така. И после префрли во креветче. Со тек на време ќе се навикне. Може никогаш нема сам да заспие ама барем додека спие ќе одмориш и ти, не да го држиш во раце.
Bioderma atoderm користиме и лицето и цело тело и се супер https://zegin.com.mk/mk/bioderma-atoderm-intenziven-smiruvachki-emolienten-balsam-500-ml мојава има сува атопична кожа и скроз и се подобри одкога почнавме со биодерма читајќи ги сите пофалби од феминки и препорака од педијатар. Предтоа бевме со веледа
Помина за околу 5-6 дена исто така ја подмивав со камилица и покрај белоген+канестен 3 пати дневно мачкав голема количина или павловичева или судокрем
Кај нас немаше реакција ама кога ја прими читав дека можно е такви знаци да покаже така да би требало да е од тоа
Многу ми е жал што вака препогрешно ме сфати. Верувај ми I’ve been there кај што си, дете во раце од прв ден да ми спие. Не си немајка, таман работа. Многу ми е жал дека ти е тешко. Ти дадов неколку предлози што јас правам да си олеснам без да знам во какви услови живееш и дали имаш можност за да излезеш. Реално, со топлово, сите сме дома затворени по цели денови и денот ни е сведен на менување пелени, хранење и гугање. Никој не вика лесно е, ти си помалку мајка од другите. Сите се жалиме тука од скокови, неспиење, нејадење. Јас се жалам од дете нејадач, живци корнам дома 50 грама да ја натерам да изеде. Жали си се слободно, само биди и отворена да прифатиш и некоја позитивна сугестија од членките тука за да се обидеш да си го смениш тешкото секојдневие за нијанса полесно. Уште еднаш, стварно ми е жал што ме сфати како нешто да те напаѓам.
@Stone и мене целта ми беше да ти кажам да пробаш да ги шифтнеш мислите на позитивно. Далеку од тоа дека си немајка. Како и сите така и јас сум била на истото место. Се осеќав ко заробена, ко го затвор со дете што не сака од дома да искочи. Ама еве ме сега со второ бебенце и не гледам толку трагично на работите и пробувам да уживам пошо колку и да е мачно, еднаш се толку малечки. Затоа беше мојата порака, пошо малку ми е криво што некако бев депресивна тогаш а сега сум многу свесна и присутна. А иначе и да не спие само твоето никогаш што се вика, не си ти крива. Имам пример од другарка што првото дете беше ко кукла, само спиеше, ни грч ни ништо немаше, со јадењето никогаш проблем. Па после со пелени и градинка воопшто немаше мака, ама второто е тотална спротивност и душа и излезе. Целта на ова ми е дека најчесто што и да се случува е до самите деца, сите се раѓаат со некој табиет. Барем јас така верувам. Ние може да се обидуваме да воведуваме ред и тоа се супер ама ако не ти успева немој да си ставаш на срце. Прифати ја ситуацијата каква што е и пробај да се прилагодиш ти. За се во иднина, не само за сега. И не знам која феминка беше кога бев активна тука пред 3 год со првото дете, ама секогаш велеше this too shall pass. За самозаспивање немам искуство пошо првото мое беше малку тешко за заспивање, а и не сум за да се остава дете да рика и да се успие само. Јас го нишкав или во количка дома/надвор го возев. Со второво ќе видиме како ќе биде, 5 недели е рано е уште. И секако дека треба да се олеснуваме тука, немој да мислиш дека те напаѓа никој, барем јас немав таква намера а верувам и другите членки
Нормално е иначе, се учат цревата, дади слива, многу помага. И мојата така првите недели после се навикна организам еве ја по 3 пати кака дневно. Рече дека сте во 4ти скок, тешко тогаш дека ќе успееш во креветче да го преместиш. Таков е скокот, стварно еве види сите викаат дека е најтежок од сите. Нека помине и полека почни во креветче да го ставаш. После и 5ти оди и тој е доста тежок да знаеш, ама проаѓаат. Иначе види, на форум не можеш да очекувап дека сите ќе имаат исто мислење како тебе, па дома со маж ти ќе се срчнете што се вика заради различни мислења не па на форум со непознати луѓе. Те имам приметено дека тешко ја прифаќаш ситуацијата и те разбирам зашто и јас бев на исто место, понекогаш и не прифаќаш мислење макар и да е тоа мислење правилно, само зашто не е тоа што сакаш да слушнеш. Битно е да си ставиш во глава дека се ова што проаѓаш е нормално и дека никаде не грешиш, се правиш најдобро за своето бебе како што знаеш. Едноставно секое бебе е различно па и во скоковите стварно се тешки, ко друго бебе да имаш дома. Излези надвор, ако возиш, отиди некаде со кола, земи бебе и прошетај, ќе ти годи.