Поминуваат, немај гајле. Нема шанси да и се уништи. Не е тоа ништо што треба некое посебно третирање. Хормони се од тебе. Знам дека страшно изгледаат, ама коа ќе поминат пак ќе и сија кожичката. Јас користам Биодерма, Атодерм Балсамот и маслената купка. Со две мачкања стакло беше.
Никој не те нападна и секоја го има поминато истото и само совети ти дадовме. Тебе барем ти е погодено лето, па еве викенд викаш ќе искочиш. Зима, мрак, загадено беше кога мојата беше тие месеци. Ни викенд, ни ништо немаше опција да искочиме да прошетаме. До пред два месеци, стрикно во раце заспивање. Машала и не беше лесна за држење. Дојдов до степен да се укочам и да неможам да се поместам. Па на среќа успев мм по тел да го добијам и дојде за да фати дете. Ќе менува бебе многу.
Мајки јас пак ќе кажам моментот дали имам живот дали нема,дали имам кај да идам е сосема друга тема,и прифаќам ситуација и има денови кога не прифаќам.Полесно е кога ќе прочиташ дека исти срања поминуваат и други и дека работите што се случуваат се нормални,а не инстаграм совршени.И пак и ова не е битно,не барав утеха.Туку константно слушам и читам за самозаспивање па ме интересираше дали јас нешто грешно правам или како да постапам.На крај памет не ми е дете да оставам да плаче ниту некад за било што не само за спиење ,може и затоа е clingy.Фала ви на советите.Инаку Феникс положив пред да се породам и искуство имам нула,па не би тргнала со кола до некаде,а немам време кога да вежбам јер бебе.Така да освен викенд,остало сме во 4 ѕида и тераса.
Тоа ми беше и муабетот,дали треба да почнам некако да го привикнувам да заспива сам и како.7ипол кила скоро 8,го држам без проблем,мање више тоа.Дали е подобро за него да се навикне во креветче ,бидејќи секаде читам и слушам за едното исто самозаспивање а мене не ми е јасно.
Сите ама сите низ исто поминуваат, ти кажав кој ти кажал дека не поминува, те лаже. Тогаш повеќе време бидете на тераса, на воздух, и бебе ќе ужива и ти. Стави си кафенце, бебе во количка и уживајте на тераса. Рано е за презаспивање, оди на инста кај dr.Goodnight, пред 6 месеци се е рано. Зашто тие скокови многу реметат, 4ти и 5ти.
Токму и нејзе ја слушав имаше бесплатен вебинар,еднаш вика рано е друг пат многу е битно од почеток да се учи на самозаспивање.
Мачкаше и на лиценце од ова? Имаше и твојата? Моментално вакви се и рапавко и е лиценцето цело сликичка прикачувам од ова што гуглам баш личат на бебешки акни
Сега имаше пред некој ден стори, каде вика дека до 6 месеци е се нормално околу заспивањето. Пред 6 месеци и не препорачува пример тренинг за одвикнување навечер што стануваат бебиња. После 6 месеци и јас почнав, си ја легнувам до мене ја држам за раче, сега веќе на страна спие па се врти накај мене и си заспива. Ама скроз сама да ја оставам, нема да заспие. Ама не нишкам или сл. Со цуцла заспива. Ама пред 6 месеци шанси немаше, поготово па 5ти скок, цуцла со очи не сакаше да види.
Даа, да не ти пуштам слика, ко петарда беше во лицето. Јас и ден денес секое сабајле станубаме миеме газе и лице и се спремаме пеленка па се облекуваме и кремата обавезно на лицето. Стакло и е.
Мојава и со раце се фаќа цело време се џапа по лице плус и кога цица се прави прасенце цела се лигави и тече ја бришам може и тоа плус да воспалува… ќе земам биодерма уште денес таман се на попуст во зегин гледам
Балсамот земи го, атодерм. Стварно мојава и атопична кожа има абе а нешто и се исфрли мачкам одма се средува.
Да јас и на лице ставам, најмногу и за лице го земав дека ужас и се направи кожата рапава со ситни брунки и за неколку дена се оправи скроз. Исто како и другите членки и маслената купка од биодерма ја користам за бањање
Ние со маслена на уријаж се бањамњ и цело тело и е преубавко мекичко ама лицево ме мачи ептен … денес го купувам балсамов на биодерма па ќе следам
Прозор на будност кај 5 месечно бебе? Секаде различно читам. Откако направивме 5 месеци почна да е буден околу 2ч, па дури тогаш дава знаци дека му се спие, предходно беше на 1.5ч.