Се надевам бргу ќе помине, страв мие може габична инфекција да фати читав, здраво кој знае колку го боли страшно ми изгледа
Легнати на спална дали имаш пробано? Ако цица , двајцата легнати и нека цица, ако е на ад , со шишенце млекце да пие и така да пробаш. Кај мојата ова упали. А ако е такво бебе да си бара утеха, незнам што да ти кажам. Комшикава се жалеше , вика до 2 ипол години во раце заспивање со едното. А другото 7 години, уште бара да заспива со неа.
Комбинирано ама поголема количина АД е сепак.До сега никогаш му немам дадено млеко да лежи ,само во раце понавалено.Страв да не се засркне.
Малава е 12 недели веќе неколку дена новитет и е да си ги шмука рацете, не е гладна, цуцла давам ја плука и пак рацете во уста. Дали е нормално толку упорно да си ги шмука до кога ќе трае ова шмукање раце или после ќе се префрли на предмети?
Нормално е истражува и немој никако да ги тргаш,многу битна орална фаза.Ќе почне и веќе 3ипол 4 м и во уста играчки да става но рацете секогаш ќе им се омилени.
Нормално е и здраво, така си ги дознава рачињата па ќе се префрли и на предмети, и ние сме во таа фаза Не и ги тргај или менувај за цуцла, остави ја пошто е дел од развојот
@Stone @Dreamer. Благодарам за одговорите. И да и ги тргнам секунда трае и пак и се во уста. Ја оставам, само сакав да знам дали е нормално толку да ги шмука
Нормално е и само поише ќе е натака,мојов од прсти до цела рака ја буташе до повраќање,кај и да е ќе почне и нозе.А и тоа е нормално.Многу е битно да си става раце така ќе истражува и ќе научи да носи кон уста,различни текстури и слично.Ние од 3м почна да носи и играчки кон уста па се нервира кога не може да ги акне во уста. Топла препорака за апликацијата беббо на моб.Прекорисни работи совети и секој месец што ново може да очекуваш,на мак.јазик е.
После ќе се префрли и на вас, прст. рака, рамо, колено, нос, кај ќе успее да докачи лиги насегде. Еликсирот на младоста си го викаме ние со маж ми.
Ние сега почнавме со тоа,пресмешно ми е на образ кога ме шмука или кон нос кога трга.Цела фаца ми е лиги и се смеам,а порано да видев некој така се гадев
Таман си се истуширал ја зимаш и имаш шлаап одма Ама и тоа е фаза ќе помине, ќе одиме со чисти алишта некогаш пак.
@Ladyme да те прашам за совет, те читав дека и даваш на твојата бебка и еспумисан и колактаза. Дали ги мешаш заедно во шишенце, или еднаш колактаза, еднаш еспумисан да давам? Ние сме само на 3 дохрани дневно, другото е доење, од кои 2 ги давам заради колактазата само по 30мл и не знам дали може и еспумисанот тогаш да го давам?