Дали бебињава ваши скокаат? Луѓе не престанува да скока кога го држам, само стоечки кога е во раце не праи така, само клоца. На меше се бутка со нозете ако има нешто околу него, на двете колички ги откорна тие рачките доле. Сега гледам прстите отечени на едната нога и се мислам кој пат да го фатам.
Да Ена ги мешам, ставам прво колактаза мешам убаво оставам да делува и еспумисан на крај пред пиење ставам. Тие две ми се стандард.. плус додавам пример пробиотик... или биотрина. Само прво колактаза делува.
@Ladyme Дали може пробиотикот и д3+омега во исто време да се даваат? Јас ги давам со истата лажичка, не ми текнало да прашам
Може може да се мешаат, не е проблем, само дека јас во млеко, кога давам пробиотик не го греам мн млекото, онака млако скроз, со другите капки го правам на 40 степени.
На перница легнато бебе. Така давав, сега легната цуца и заспива.( знае и да збеснува пред спиење, ама веќе е 10 месеци, па се што учи денски, ноќе реприза прави)
И ние денес бевме на педијатар и док ми вика можно е да се аланџузи леле дали верувате во тоа... ? Не ми се верува дека тоа доктор го кажа понеделник одам на второ мислење
Какви глупости од доктор. Ќе си поминат. Мој совет не носи дете по ординации, врие вируси, ќе си направиш поголема беља. Земи Биодерма и ќе поминат. Јас дека прво се испотресов како тебе, ама нормален период е и поминува.
На лице ставам од кремот на мустела кое е подобро да го земам од овие? Или да земам од лосионот за цело тело, исто и тоа од мустела го користам. Не знам дали да мењавам @Feniksgirl што би кажала и ти? Посебно за лице сакам да му сменам заради што му се праат бубулици не често и не многу ама сакам да имам нешто што ќе ставам и да помине.
Мајки со мали бебенца колку ви се будни во текот на 24 часа? Мојава женска најчесто си спие ко топ и е будна се на се 3 саати вкупно. Има денови и кога ќе се собере повеќе пример 5, ама вчера мислам цел ден го преспа до сабајлево. Инаку е 5 недели односно точно 37 дена. Синко ко повеќе да беше буден ако памтам добро.
Атодермот е лесен мн кога ќе и го намачкам и брзо упива и моето кај веѓите така кожичката и се собира малку теменица, на глава нема ич во косата, ии ги чистам со маслото веледа со чепкалка за уво полека ќе ги натопам веѓите и малку само да поминам нежно и се чисти и се поцрвени под теменицата кожата и од атодермот одма поминува све, имаше и точки цело лице како поткожни сега е све чисто, цикабио малку чудно мириса хаха вика мм леле ова немој и малку свети ама па исто црвенило одма снемува него и на вратот и градите и мачкам на тие како подпарени и одма поминуваат. Ако ти е повеќе за лицето мислам атодермот, 75 мл мислам околу 600 ден е, пробај. Тестери од двете може да видиш еурофарм плоштад, зегин сити мол и ист гејт, тие имаат најмногу козметика и најчесто презентации на козметика па може да ти дадат да пробаш.
Жити се кај ја носиш на доктор ова никогаш не го разбрав менструација ако имала жена да не одела кај бебе … а ние породени што крвариме цел месец и сме цело време до бебето плус циклус кога го рамњаат со нешто прљаво ми е дно доктор бе
Замисли го носиш на докторка и ти вика а не искочи имам добиено не смеам да го фатам...или пак мед.сестра
Малите бебенца не им се брои часови на будност,спијат кога сакаат колку сакаат јадат кога сакаат колку сакаат.Бар оние што цицаат.Со тек на време ќе смени и само ќе покаже исти знаци временски кога ќе прозева и слично.Не се води точно по табели и тогаш,секое дете своја приказна.Најбитно дремките да не им се повеќе од 2 часа (1дремка) за да не измести ден и ноќ,и да не се намали ноќното спиење,ама ова важи за понатака.Сега уживајте.Само пази на жолтица!