Тоа од 500мл што е така? мириса ли убаво @Ladyme не сум од Ск и можност за тестери немам фала ти на објаснувањето.
Мене па баш ми е мило што дојде и тој период кога ти викав дека еве, ќе се навикнеш на се и сега и ти делиш совети. Има падни стани ама баш ни е мило што те читам вака.
Да тој го зимам, зашто највеќе се исплати 6 месеци ми траеше. Иначе па нема некој мирис, ама кожата преубава, педијатар цело време ни ја фали. Дури и кога нешто ќе се исфрли одма мачкам и стакло се чисти.
Јас го купив малото 75 мл по малку ставам и мислам долго ќе го користам, незнам и долго ако е отворено како ќе биде, два месеци и како да не е почнато. Охрид Мери фарм имаат исто тестери мн козметика држат. Ако ти е поблиску и мислам Еликсир струмица аптеката има доста козметика повеќе се во струмица незнам која точно (највероватно кај болницата) .
Додека пие млеко ја ставав. Положба како во раце да ми беше. После заспиваше и ја спуштав на рамно да си спие. Ова како совет да пробаш, за да ти олесни во заспивањето.
Мене педијатарот ми рече најевтина опција со маслиново масло и чешелче да поминувам. Јас и ставав фризидерм неколку пати и се исчисти само многу гадно ми смрдеше.
Нас педијатарот ни рече со Јекодерм, маслиново или кокосово масло убаво да намрсиш два саати пред бањање и после бањање да протрљаш со пеленка. Пробав еднаш со Јекодерм и како да се намали, ќе продолжам и деновиве така па се надевам ќе ја исчистиме.
На 3 ипол месеци колку дремки ви имаат? 4тата дремка е куса и е практично Power Nap. Овие денови после 4та дремка е 3 часа голо преживување додека конечно заспие. Само да е исправен да шета и да разгледува. Саат до саат ипол е обид да заспие, уморен, раздразнет и очигледно му се спие, а не се предава никако. Дали е време да премине на 3 дремки или само фаза некоја? Ако е премин... ова ми е дефинитивно најтешкиот премин до сега.
Фаза некоја е сигурно, ние за недела ќе правиме 6 месеци па сега периодив крати една дремка имавме 5 сега 4. Регуларно пишано не знам како е точно ама мислам дека е мал за 3 дремки па и 4
Која недела сте по термин мајка? Да не сте во скок? Ние тогаш имавме околу 4-5 дремки ама кратки. Максимум ако му беа 45 мин. Во врска со преминување на 3 дремки, и јас мислам дека сте уште мали за толку.
А ноќе спие? Нему 4 му се доволни. Според тоа како е расположен и плус спие ноќе 11 до 12 саати со 1 до 2 будења, што и не се баш будења оно почиња да мрда и шлапка со уста, со затворени очи е му давам цицка и продолжува да спие. 5та дремка има само во кола кога ќе се погодиме во некој меѓу период. Ова сега со заспивањево ми е исцрпувачки ко за крај на ден кога само сакам да се онесвестам вкревет. 3то дете немав појма колку недели е, во месеци ми е полесно. Земав рачунав 15 недели израчунав. Може да е некој скок. Ама само ова со заспивањево ноќе е изместено, па мислев да не крати дремка, ама ако викате дека е рано, тогаш мора да е фаза некоја. Дремките, или сите му се по околу саат време, или 3 му се баш баш кратки, а една му е од 2 до 3 саати. Му се спие, му паѓа главчето, ама никако да затера, дур не се измрцвариме и двајцата саат ипол, не заспива и готово.
Епа во 4 скок сте мајка и регресијата на спиење ако добро се сеќавам почнува од 3.5 месеци. Елај да те гушнам и со лесно. Баш е зафркнат 4 скок, ама ќе помине. Веќе и искусна си ти со трето детенце, видено ти е сѐ.
Јас го будам полека ако затера над 2 сати дремка, што ретко се случува. Мислам дека со 3 дремки е неизводливо пошто будните прозори им се сеуште кратки на 3-4 месеци. Моето има најчесто 4 дремки, еве денес имаше 5 од кој последната само 15-20 минути. Навечер заспива убаво цврсто? Моето уште не, некоја недела е поголем од твоето.