Омега после 12 недела давав, кога се префрлив само на Д3 без К1 Патронажната ми рече да давам уште од одма, 2ца доктори ми рекоа после 12 и затоа така направив
Аман со препоракиве да полуди човек сите различно кажуваат Памтам со првото не давав одма.. ама не памтам кога почнав. Ги купивме ние ама не сум дала уште. Имаше и д3 + омега така ? Се некако ми иде дека д3+ к1 и давав прво после д3 + омега ама не сум сигурна.
Ohhh the horror!!! Само тој скок и го памтам од првото дете. Па тоа беше хорор. Кај скок, кај регресија па и заб извади на 4 месеци. Лу ди ло!!! Може регресија да го има спукано бебули. Навечер спие цврсто топови не го будат. Ова ми е единствено дете што ми спие ноќе. Големата сега 6 ќе прави следен месец, до 3 години се будеше ноќе. А како бебе првата година и на 45 минути знаеше. Почна во градинка на 3 и почна да преспива ноќ. Средното само што направи 3 години пред 2 недели, уште станува ноќе два-три пати неделно и ми доаѓа во спална. Сега ќе почнува во градинка и тој па очекувам да почне да преспива оти имаат доста активности таму. Дур беше бебе се будеше на два саати. И двајцата на 2 години ја отфрлија дневната дремка. Освен во кола кога сеуште знаат да си дремнат и некогаш ретко по дома кога се уморни. Ова ми е и мене ново, бебе да ми спие ноќе. Сега патувавме ноќе и големиве си знаат секои 3 саати ги будам да станат да се истегнат и истрчаат, бебево за жива глава не се будеше. А дење сум пробала и јас да го будам порано од дремка ама е неподнослив после тоа низ нос ми го вади. Кога спие сака да спие и крај, ама затоа е пренапорен кога е буден. Едно нервозно па и со желби да се чуди човек.
Сега ми е таква 3 месеци сме и спие 5-6 дремки по 45 мин преку ден... дел пробувам кога ќе се разбуди додека ја презаспијам поминува пола сат и пак дремка не се споени и затоа ги рачунам како индивидуални да може да ги одспие тие нејзините сати. Еве три дена ја легнуваме во 9 до 9 ипол заспива се буди во 2 ипол па во 7. Еднаш инцидентно заспавме во 8, и ај демек да дремнам ја во др соба, они во дневна, се будам 12 , мм заспал бебе спие со него во дневна од таму со све тетра под неа префрлање во креветче и сите во спална и се разбуди дури во 3, спиела од 8 до 3 и после јаде и заспа до 6. Така да вечерите и се добри.Сака да разгледува преку ден, малку се смири плачењето не е на секое, ама уште е плачлива.
Јас од старт од Неонатологија ми дадоа омега и д3к1 и пробиотик. Сега давам омега, пробиотик со д3, биотрина и бејбивит.
Нас матичниот тоа ни објаснуваше, дека пред 20 години омега се давало само кај прематурчиња, бидејќи најголемата концентрација ја примаат во третиот триместер, а тие практично го скокаат. Сега од пред неколку години почнале и на термински бебиња да го даваат, ама доколку е на ад рече нема потреба, бидејќи во формулата има веќе омега а и термински бебиња имале одредено депо на омега. А тие што се на ексклузивно доење е убаво како поддршка, бидејќи во мајчиното млеко не се излачува во големи количини омегата.
Не знаев каде да го поставам прашањево па решив овде можи некоја има или имала ист или сличен проблем... После пораѓај ми излегоја еден куп нови бенки и ептен ме нервираат што да правам се соочила ли некоја од вас со истото...
И мене во текот на бременоста малечки ситни околу гради околу интимна зона на врат на раце неколку … планирам да отидам на кожен есенва да се консултирам
Исто особено грбов катастрофа ми се направил читав сега баш во жан митрев имало за целосно испитување на сите бенки јас таму планирам да закажам...
Бенки не ама како лишаи и папиломи да Па и чешаат никогаш сум немала не знам дали е нормално да чеша ?
Преглед дерматолошки, бев кај Др Верче Тодоровска, после бременост на лицето имав една близу увото па почна да ме чеша и ми рече дека е брадавица хпв, излагала кај трудници заради пад имунитет, промена хормони и ми ја гореше со течен азот се исуши и падна. Ми рече имаат тенденција да се шират на време сум дошла. Така да иди нека види што е бемка, брадавица.. да си мирна.
Приватно 3000 ден преглед на цело тело со дермоскоп и ако има потреба може одма да почне терапија, не ми наплати за горењето со азот, сега треба да идам на контрола уште еднаш само. Ординацијата е на зелено пазарче во зградите наспроти школото Димитар Миладинов.
Јас демек со второ ама све сум заборавила ..додуша и беше многу одамна пред скоро 10 години..по колку спијат новороденчињата.Ние сме недела и цицаме и спиеме.Ја будам на три часа заради жолтицата. По колку ви спијат бебенцата во почетокот дали цело време или седат и будни
Ако цица многу е на три часа. На саат и пол до 2 буди. Навечер можеш на три, преку ден немој на повеќе од два. Иначе по 18часа спијат во денот вкупно.