Кога почнавте да ги оставате да спијат на меше? 6 месеци сме за два три дена, се врти од грб на меше, ама од меше на грб уште не знае и еве сама си се намести за дремка на меше.
Мојата е иста, (2 недели сме помали) ја оставам ако сама се наместила. Дури и навечер ја оставам. Глава крева убаво, така да ако не и по кејф веќе да е на меше ќе закенка ќе ја свртам.
Да пишам и овде дека сум загрижена... денес 5 ден, помалку е раздразнета од денес, не плачи толку но ме загрижува дека не сака да цица , се измолзувам и и давам и плус ад. Страв ми е дека ќе се одбие од цицање на цело... некој искуство и совет да сподели
Јас го барав на повеќе места, ми кажаа не го увезуваат веќе, единствено ако се најде некаде останато на залиха ама не најдов..
Уште од почеток сме на комбинирано доење и ад и супер си цицаше дури денот пред да се случи сето тоа сакаше постојано на града и од утре дента како пресечено не сака ни да проба цице се тегне и плачи уште кога ќе ја наместам. Ќе пробам и со силиконска ќе видам дали ќе сака. Пробувам и кога е поспана и кога не е толку гладна и во затемнета и мирна соба ништо не функционира
Кога може бебе да се заврти напред во кенгур? Дали е индивидуално за секое бебе по проценка на педијатар, или има општа препорака? Главата цврсто ја држи од 2 месеци, а сега е 3 ипол.
Од 4+ е главно препораката и од ортопеди и од самите производители. И кај нас беше стабилна од многу рано ама не ја свртев до 4.
Ова за кенгурот баш вчера муабетевме со маж ми имаме земено од kiddo.gr кенгур и на него пишува дека е со 9 позиции и пд 0+ мене некако ми е страв уште да ја ставам и би почекала до крај на втори/трети месец. Има генерална препорака од кога може да се почне со глава накај родител?
Мајки предложете добар педијатар. Бебето има 2 месеци, не знам каде да го однесам. И приватно отприлика колку наплаќаат, ако може некоја да сподели
Во Систина плативме 4500 пред две недели ама со тој попустот од 10% што го имаме од пакетот за пораѓај. Мислам дека е 5000 стандард цена за преглед.
Ма тие не се нормални мајке ми! Боже сачувај бре, 5000 денари за еден преглед, они стварно полуделе начисто. Не знам дали некоја институција би била надлежна за овие будалаштини со цениве, да регулира. Се запрепастив жими се. Во Плодност во Битола е 1500 до 2000.