Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    91.837
    Пол:
    Женски
    Барав слика да видам кога првпат сме го ставиле во кенгур :D
    Точно на 3ипол месеци, свртен на напред и супер поминавме, накај нас никогаш не бил свртен :tmi: кенгурот го купивме заради маж ми тој си го носи:D штом држи глава ставај слободно, ќе се радува, ќе разгледува напред слободни и раце и нозе
     
    На Yowannty и Baby warrior им се допаѓа ова.
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    35.021
    Пол:
    Женски
    Моево бебенце не сака баш количка, ама затоа кенгур обожава.
    Сега баш гледам слики, сме го свртиле напред на 3.5 месеци. Мада малку се губеше во него дека сеуште беше малецко тогаш.
    Ама од 4+ месеци си го исполни убаво, а сега на 5+ многу го сака и буквално уживанција му е во него.
    А бебуш твој штом ја држи убаво главата, слободно ставете го напред да гледа.
     
    На LanaDelR и Yowannty им се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    10.019
    На нас не, 3 месеца ги давав, си имаше грчеви класични неповрзано со капсулите.
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.582
    Пол:
    Женски
    Може да дремне свртен напред?

    Ма мојов ништо не сака, ни количка, ни кенгур ни кола.. за се темпирам пред спиење да е. :sweat: Ама многу сака да разгледува.. па се мислам дал е ок да го завртам.. и дал ќе сака така нанапред. :| Поприлично е цврст. Мислам дека генерално машките и побрзо ујачуваат. Бар по мое искуство.
     
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    746
    Пол:
    Женски
    Ме интересира, тие што имате бебиња околу 5-6 месеци, како отприлика ви изгледа распоредот со спиење?

    Мојата станува во 8, и има 3 дремки, обично околу 40-60 минути и траат, може и малце повеќе ако ја подржам во раце откако ќе се разбуди, ама работата ми е што последната дремка ја фаќа да стане околу 6 и после за ноќното заспивање од 8ипол до 9ипол се тегнеме, и не можам да разберам дали 8ипол и е рано зошто станала во 6, кога би и било океј и сл.

    Иначе, не знам како се вашите, ама мојата освен да почне да вришти кога веќе е преморена и тогаш да се заспиваме по пола саат, никакви други знаци за спиење не дава. Преретко се прозева, порано и се вцрвенуваа веѓите сега ни тоа не се дешава, и цело време функционирам под саат, ама верувам дека не може ептен така :(
     
  6. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Добар ден мамички
    Прилично сум нова во оваа улога, само една недела има мојот лепотан:inlove:
    Сакав да прашам за доеното млеко на собна температура колку може да стои.
    Живееме во Германија, па следната недела ме чека малку подолг пат, планирам да си носам измолзено млекце во случај да му треба.
    Или на пример ако сме излезени, ќе го чувам секако во термос за шишенциња, но ми треба искуство да споделите
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    746
    Пол:
    Женски
    4 часа е на собна температура, за во термос искрено не знам што да кажам, ама би кажала исто, затоа што термосот само ќе го заштити од надворешната температура :)
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    35.021
    Пол:
    Женски
    Мислам дека последната дремка и е многу доцна. Нас последна дремка ни е до 4 максимум, за заспивање во 7 ипол. Последниов прозор на будност го оставам и по 3/3.5ч буден. Дека сум пробала и со 2ч ама така не е доволно изморен и потешко ми заспива.
    Да пробаш да ја будиш порано? За да биде малку повеќе будна и изморена пред ноќното заспивање. Таман и ако се бањате, цицање и кома. :D
     
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    746
    Пол:
    Женски
    А помеѓу другите колку време сте будни?
     
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    35.021
    Пол:
    Женски
    Пред тоа беше по 1.5 буден помеѓу дремки, а на последната го оставав по 2/2.5 максимум.
    Ама сега откако сме 5+ месеци му се зголеми прозор на будност и преку ден меѓу дремки буден е 2ч, некогаш го оставам и 2.5ч, зависи.
    Ако те интересира, имаме 3 дремки од 1/1.5ч.
     
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    11.059
    Пол:
    Женски
    Вака од прилика:
    Утринско будење меѓу 6:30-7. Покасно се десило до кај 7ипол ама тоа преретко. Се пресоблакаме, витамини, пие млеко во 7:30, играње.
    Прва дремка околу 8:45-9. Спие до кај 10-10:15.
    10:30 обид за доручек цврста храна. Ако успее рипам млеко, ако не млеко додавам на тоа што изела околу 12.
    12-12:30 втора дремка до кај 13:30-14:00.
    Ако успеала доручекот цел да го изеде давам млеко во 14, ако не сум го дала во 12.
    Трета дремка околу 16-16:15 до кај 17.
    Бањање или туширање во 19:40, млеко за добра ноќ и спие во 20ч.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    746
    Пол:
    Женски
    @baguf4e доста рано станувате вие, леле јас ќе се помочам што станува во 8, порано не можам да станам што сака нека биде хахаха
    претпоставувам и @QweenSM исто

    мислам дека со станувањево покасно и доаѓа касно последната дремка ама не знам како да се натерам порано да стануваме :D
    а татко и знае да стане порано ама цел е до процедури од сабајле, не може да ја земе (facepalm)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    11.059
    Пол:
    Женски
    До станувањето рано е за последната дремка. И мене ми е мачно ама некако со тек на време се навикнав, ама кога се буди во 6ипол и фрлам едни глодалки во креветче што ми стојат на наткасна и продолжувам уште 20 минути да спијам, на игнор ми е.:D
     
    На Ladyme и MariaBouli им се допаѓа ова.
  14. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Ќе ви се смешам малку во муабетов со дремкиве откако не фати 4 скок и се помести спиењето за 2 часа односно си легнуваше во 9 си стануваше дури сабалје 6:30 или 7 а сега прај последна дремка кај 8ипол до 9 и дури кај 11 легнува а на утро во 9 или 9ипол станува се обидувам да ја скорнам порано ама плачи и ексик си велам некако да издржам ова сега е ужас се надевам кога ќе заврши скоков ќе се врати во нормала
     
  15. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Мајки да ве прашам нешто, бебето денеска полни 12 недели, периодов, во 11та недела, имаше денови со многу кратки дремки и чести ноќни будења и беше кенкав што го поврзав со 3ти скок. Од пред неколку денови почна доста подобро да спие и затоа што е и секако роден после терминот си мислев дека скокот заврши. Но, денеска некако повторно е раздразлив, секој подој го завршува со плачење и борба со градата и пред секое заспивање исто така е кенкав и плаче. Сега еве му ја направив ноќната рутина - последен чекор ни е цицање, burp и потоа кратко нишкање и заспивање. Денеска многу кратко цицаше и почна да вришти, одбиваше и града и цуцла, за на крај некако со нишкње да заспие и еве спие сега. Дали ви се случувало ова и на вас? Дали е сеуште скокот? Загрижена сум да не има некој проблем со доењето и да е гладен или пак да не си има некоја друга мака а јас не му помагам.
     
  16. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    746
    Пол:
    Женски
    Не си зимај за репер 1 ден, едноставно некогаш ќе имаат такви денови. Еве ние денеска вриштевме 40 минути за ноќно заспивање, ни цицка, ни цуцла, едвај ја заспав, ја држев исправено, шетав низ цел стан.

    Знам дека е тешко, еве и јас денес тие 40 мин се мислев што и е, ама заспа, еве ја сега спие цел саат мирна, така што едноставно го препишувам на тоа дека така се погодило.

    Нека осамне утре па ќе видиш како ќе биде, верувам ќе биде океј :)

    П.С. Мојата после скок се смени и е цело време кенкава...
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lea321

    Lea321 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2025
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Мајки, како да ја научам да цица од града? Ништо живо не сака да цица, дури ни од шише не сака измолзено да трга. Денес едвај ја наранив...сега после 3 сати ја будам и пак не сака ни од шишр ни од града. Кога ќе ја кренам од креветче си спие на мене
     
  18. Autumn05

    Autumn05 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Женски
    Си пробала со силиконска брадавица? Моево само така фаќа и тоа строго со тие на чико. Колкава е? Да не и е многу тежок протокот на шишето?
     
    На Lea321 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Дали го цица твојот прст кога ќе и го ставиш во уста? Пробај така со показалецот, ноктот надолу и допри ја на кровот од усната празнина - таму се стимулира рефлексот на цицање. Направи така нека почне да цица на прстот и потоа тргни и го и веднаш понуди и ја градата - како да си и покажала што треба да прави. Би можело да функционира.
     
    На Lea321 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    1.580
    Пол:
    Женски
    На малата почна да и паѓа косичето, знам дека е нормално да се менува. Колку време трае ова фаза. Баш од некни приметив секоја тетра што и ја ставам под глава и е со влакненца