Ние последниве недела-две успеавме да се одвоиме малце.. ноќе наместо врз мене сега спие до мене, на страна (на грб се буди). Преку ден најчесто си спие на стомак на кревет, освен ако не е нешто нерасположена/кенкава па ќе ја подржам во раце за некоја дремка…
Дали ги будите бебињата за да ги нахраните? Моето е 5 дена и спие по 4- 5 саати и ако го разбудам не цица, сака тоа кога ќе се разбуди
Мајки дали ви се случило одеднаш бебето послабо да влече при цицање? Дали ја боли устичката? Гладна е ќе повлече два три пати послабо и плаче.
Ве молам да споделите дали некој имал слично искуство. Бебе 5 медеци има црвена линија околу целата нога. Црвенилото не се повлекува веке 2 дена, не се шири, но не бледее ниту пак се намалува. Изгледа како реакција од облека, но не носела ништо што би ја стегало или можело да предизвика вакво нешто. Инаку, детето функционира сосема нормално, нема температура, не покажува болка на допир и е вообичаено расположена. Имаме закажано педијатар утре, но ме интересира дали некој се има сретнато со вакво нешто претходно?
Мајки, ви се случило ли бебе да прави фаци како да се гади од цице на почеток на доење? Денес така ми направи па си продолжи со цицање. 2 месеци е. Малку ме навреди да ви кажам
Да, не и пушта одма ама до сега не правела проблем. Со силиконски дојам гледам има млеко во силиконската ама она се трга. И одејќи ја доев така фати ама пак слабо влече.