хаха или тоа или први пројде. Почна да спие од 9-6 сабајле без станување, дремки по 2ч. хахха ме плаши доброто.
да не е Месечината изместена нешто? Што е со бебињава луѓеее... Заспа во 8, до 9:10 стана 4 пати, ај заспа. Тропкав зошто пакував и носевме работи во кола, не се разбуди, се разбуди кога ја затворивме вратата кога се спакувавм веќе. Тоа беше 11. Еве сега заспа конечно пак. Легнати со цицање нормално. Прееска малце ме фати сафра и ја оставив на мм, му плачеше како да ја коле. И сега ми е страв да ја преместам во креветче, а не можам да се укочувам, башка треба да станам за 6 саати и да возам. И така. Да се пожалам и јас хахах ми се нема десено вака п.с. пак стана додека го куцкав ова, со вриштење. се смири за брзо и ја ставив во креветче, се надеваме ќе поспиеме сега
Да ти олеснам. Синоќа господинов мој стануваше буквално на секој час. Не спие цврсто, се преметка цело време, позиција неможе да си најди. Па ќе му падне цуцлата, па ќе почне да кенка, да ја бара, абееее.. Многу бев нервозна сабајлево. Значи 2 месеци веќе трае ова, ќе полудам. Искрено се мислам дали да и пишам на dr.goodnight. Апликацијта ми вика за 3 дена сме 5ти скок. Chatgpt ми вика заби, регресија. Море ми се иде од тераса да се фрлам. Јас те цитирав и да те утешам дека не си сама и да си се олеснам хаха.
Во регресија сте, а 5ти не е ништо подобар од 4ти скок. А само недела дена се одалечени. Почекај да помине и 5ти скок, па после пиши и на нејзе.
Јас сега гледам дека и 5ти скок бил долг, 3-4 недели ауу. Ајде ќе сврзам сон здравје Боже за неколку години.
Бебе вчера последно јадеше 19ч сега сме на Аптамил комфорт 120мл излеговме прошета уживаше дека дуваше ветре секлетчија е не трпи жешко.Дојдовме дома се туширавме заспа 21ч стана следно во 5ч да јаде.Педијатарот ми кажа да не го будам дека качувамногу на килажа.Е сега не е премногу часови за мало дете да не јаде.Јадеше 5ч испи120 и пак си заспа до 8:30.
Мене после вториот месец кога веќе салам почна да качува на тежина, ми рече педијатар да не ја будам веќе на 3 часа за јадење. Исто на Ад беше. Почна тогаш и по 4-5 часа да сврзува, не повеќе од тоа. Не се сеќавам кога почна 6+ часа без будење да спие ама сигурно на 3-4 месеци веќе спиеше.
Преку ден има една долга дремка од 4 до 5 ч и 2 по 15 до 20мин во количка надвор наутро и накај 18ч во раце.Ние корегирана возраст сме 1 месец и10 дена ,а родилна 4 месеци и 5 дена
А нели може да спијат како бебиња (демек бебињата мн убаво спијат ) и никој да не треба да се жали хаха. Ние сме оваа недела во најјакото од 5 скок и затоа само чекам да помине. А помине одма почнувам со тренинзи за се хахаха Се надевам ќе успее нешто
И ти си смееш на тоа како бебињата "спијат" како бебиња што пишав вчера? ако, да си почнеш со тренинг после скокот, па може твоето ќе спие
Исто Веци од 9-6 спие без станување , ние и зголемивме на 150ки и сега живеј живот е работава. Во 6 кога ќе стане да може со све цуцла ќе го лапне млекото. и вадам цуцлата она уште работи.
Ние се гладни бевме со прематуре вришти за млеко мислиш мене ќе ме изеде.Сега со комфорт дојде живот ќе стане се смешка па почна да гуга по малце ,еве го јадеше во 9ч бевме надвор заспа уште спие.Ние сме 120мл ама со 3 дозерки така кажа Филев да не качува многу дека стана буце..Ама и вежбаме почнавме физикална за да не биде млитав и се изморува.
Јас овие три дена последни не можам да ја одлепам од мене или цица од мене или спие на мене ако е вака со сите скокови а тек први го поминуваме ќе биде ХАОС а тек смо почели. Оваа недела приметувам и дека ми повраќа зачестено па денес се расчитав за рефлукс ме спука и тоа да не има пошто ептен е плачлива цело време … најадена пресиблечена спастрена она пак вика Овие денови цица на саат ипол и тоа време го скратив пошто само тоа ја смирува, ама па си викам повраќањево да не е од што се прејадува ноќеска седнав у дневна кога заспа и си поплакав- го прашував маж ми дали сум катастрофа мајка, он ме тешеше дека имаме бебе а не дете и дека ќе порасне и ќе помине ова лудило и така … исто забележувам дека целата е нервозна и плаче многу откако ќе се искака… баш е чудно обично нели плачат кога се мачат да се искакаат, мојава отпосле како да ја боли нешто …
Нас вака ни е секој ден последниве недели. Дали скок или некое друго чудо не се трпи. И навечер ни цицка сака ни ништо, 200 пати се буди и кенка, станува во 5, некад ќе презаспие во 7 ама џабе кога ја сум мртва цела. Кај и да е ќе избегам.