Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Бејби исто и јас за моево мислам дека има рефлукс, освен што повраќа се случува на сред доење да се тргне и како нагон за повраќање и да не може воздух да поземе, многу ми е стресно кога ќе се случи. Зборев и со педијатар, рече дека му звучи и нему на рефлукс, но кај бебиња што добро качуваат тежина не се третирало никако.. и така баш сум под стрес цело време.

    Инаку истото неделата ми се случуваше, на 30-40мин бараше да цица и после млазови ми повраќаше ама не се смируваше никако. Педијатарот ми рече со рефлуксов полошо му правам така зошто на мајчино млеко му треба саат ипол два да се свари а вели ти на полн желудник несварено млеко му даваш нова количина несварено млеко и физички полошо му е. Ми рече да гледам под 2 саати поретко да го дојам, тоа колку сака, кога сака важело за баш новороденче, сега кога цицаат поголема количина и веќе почнува гастроинтестиналниот тракт да се развива, само повеќе гасови, грчеви и рефлукс може да се создаде. Кога е сопруг дома, му пушта бел шум или со контрастни картички со цуце го залажува, кога сум сама му давам под саат ипол ако многу плаче ама гледам дека повеќе го мачи така мешето..
     
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.000
    Пол:
    Женски
    Колку направивте вие? :sweat: Маки, слично ми звучи
     
  3. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    За некој ден месец :inlove:
     
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.000
    Пол:
    Женски
    Ти заспива во креветче или на држење на раце сте и вие со контакт дремки? мојава ако не е повиена од памет се вади со рачињата сама и се буди … ептен кревко спие овие денови и заради тоа мислам дека дополнително е раскенкана … јас ќе следам ситуација со повраќањево се надевам дека и е од прејаденост или последниве денови од зачестено цицање зошто до сега не правеше така ама како влеговме во прв скок ептен се раскенка ;)
     
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.204
    Пол:
    Женски
    па нема поневистинит муабет од "да спиеш како бебе". треба да се смени во "да спиеш како татко" :rofl:
     
    На Maraya✓, gwenst, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.204
    Пол:
    Женски
    Вие мислам сте малце помали од нас, да не сте во 4 скок баш? Иако јас искрено меѓу 4 и 5 не осетив мирен период да ти кажам, се се спои...
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.891
    Допаѓања:
    12.925
    Пол:
    Женски
    Не е рефлукс, кластер период е, и ќе помине и нормално е да се осеќаш така. Ќе плачеш уште многу пати, хормони ти се хаос. Повраќа од што се прејадува, на почеток многу често бљуцкаат.
     
  8. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не сум ни пробала да го заспијам во креветче, обично после подој сам си заспива во раце па ќе го префрлам во креветче и си продолжува. А преку ден кога сме сами сега нова рутина ни е дневните дремки само на мене сака да спие, првиот ден се изнервирав не можам да мрднам, следниот се опремив термос голем со вода, храна, си пуштив серија, он си се изнаспа две дремки по 2.5 саати и сега така тераме а и мене убаво ми дојде со серијава искочив од бубањот се околу мочки, каки, јадел, не јадел, некако мозок на пасење.
    Еднаш така не сакаше да спие, го ставив во релаксатор, бев до тоалет, гледам заспал цел таков згужван ко исфрлен и ептен жал ми падна и си го земав во раце.

    Не знам за тебе ама јас искрено сум овервелмд со сите информации, скокови, регресии, толку да јаде, толку да спие, толку време треба на стомак да седи, секој различно, уште па свекрва ми кога ќе дојде дома со нејзините приказни и направо косата ми побелува и некако пробувам да испроцесирам дека има денови кога ќе е кенкав и кога си е супер од х причини и така некако повеќе уживам во мајчинството инаку се распаѓав до пред неколку дена од милион податоци..
     
    На Bum, Kitanova77, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.000
    Пол:
    Женски
    Исто! Од збор до збор! Јас само се заебувам дека не си местам храна и вода до мене па цел ден сум гладна и одвај чекам да дојде маж ми да отидам до вц и да јадам. А дека дојам често целата сум како омалаксана ама па позитивата е дека за две недели по пораѓај сум -10кг од денот на пороѓајот а за време на цела бременост качив 6/7кг па сега сум послаба и од пред да останам бремена.

    Кажувај препораки за серии мене. На нетфликс се што ќе пуштам сите како да ми се боза ништо не ми држи фокус.

    Ова за параметриве … ако ми веруваш првите две недели пишував во нотес кога спиела/колку спиела/колку цицала /какала итн и после сфатив дека ќе збрлавам и сега си го пратам само детето и некако поминуваат деновите.
    Најтешко ми е кога плаче и не можам да ја смирам … другото мислам дека се снаоѓам ок.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    4.473
    И јас напочеток најчесто бев сама кога плачеше и не се смируваше:(. Тешко е знам, ништо не разбираат што се вели. Како што поминува времето полесно се смирува дали со тропалка, некоја играчка што шушка.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е cluster feeding додека е во скок, многу сакаше да јаде мојов, дали цицање дали ад ама многу, и ќе се прејаде, ќе поврати и ајдеее од ново пак е гладен. Првиот скок и ние го пројдовме со плачки, што он што јас, престимулирана бев од што многу врескаше и он вреска јас плачам се тресам и само ќе му го оставев на мм он одма ќе го смиреше зашто осеќа бебе кога сум нервозна он уште повеќе е. И тоа некако потешко ми правеше, си викав лоша мајка сум, не сум способна да се смирам ни себе ни бебе, ама пројде скокот, се смиривме и двајцата :D сега сме во втор ама друга прича е вториов, тежок е ама поспремна бев мислам :D
     
  12. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Мене лекот ми е grey’s anatomy за спиење на мене што е отприлика секоја дневна дремка а некогаш и навечер ако плаче кога ќе го спуштам :D стенлито полно со вода со мраз, некои крекери за секој случај и терам :D втора опција ми е 24 kitchen ама тоа ми е поише за преку ден :D
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.000
    Пол:
    Женски
    Исто баш! Ќе ја земе маж ми и ќе се смири и исто му викам - мене не ме сака детево :@ па ќе си поплачам и ја и така … вероватно дека се со нас по цели денови и татковциве попладне им се нова енергија :x што прави во втор скок, дај ми привју некое :worried:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Штрајкува со цицање од 4 на пладне до кај 8-9 вечер, сееекој ден без исклучок; сабајле подоцна станува и спие многу до кај 3-4 на пладне, цица спие цело време; па вреска до кај 8 додека го изнесам, некогаш сака шетање, некогаш не, некако потешко се успива навечер и се буди на 3 саата макс, ама не е fussy до толку како во прв, тогаш и грчеви имаше па полошо беше, сега е поинтересен дека веќе се смее и гуга па кога ќе ме разбуди во три насмеан и разгуган се му простувам :D
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.000
    Пол:
    Женски
    :l: Кога ќе ми се насмее цел свет ми се осветлува а можам да замислам кога ќе почне да гуга
     
    На Viktorijaaa5, Kitanova77 и Autumn05 им се допаѓа ова.
  16. Autumn05

    Autumn05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Нелииии :inlove: му плачам некогаш така кога ќе почнам да му зборам колку го сакам, среќа не разбира многу иначе ќе биде што ти е мајко опрај се :D
     
    На Viktorijaaa5 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.000
    Пол:
    Женски
    Добро е не сум само ја нездрава - и јас!
     
    На Autumn05 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Јас squid game ја изгледав новата сезона :D утре ќе барам нешто ново.

    Инаку исто си запишував од која града колку минути цицал па мора до минута точно на 2.5 саати да го будам па ќе го изнервирам, па тој нервозен, јас нервозна, сопруг па кај на работа кај дома со мало бебе уште специјалистички спрема а нема право да се изнервира, цело време пресмирен е, зошто и тој ако се изнервира страшно ќе е :D

    Со снаа ми зборев, внук ми 2 години е, она најлабава на свет, ми вика ниту го будев ниту сум запишувала кога цицал на колку време, кога ќе заплаче му давав да јаде, скокови, регресии ништо од тоа вика не читав, се приметува дека знае нови работи да прави и едноставно бебе е, асоцијација за бебе е да плаче :D:D детево на 10 месеци прооде, збори, може да те продаде, си беше многу спокојно бебе и до ден денес е многу смирен, весел и воспитан и си велам може звучи како да не се грижи доволно ама тоа што си е лабава се проектира на детето да е среќно и спокојно, а јас забележувам денови кога ќе се испотресам нешто и ќе се вознемирам и бебето е многу кенкаво и нервозно. Се трудам уште баланс некој да најдам, нели, среќна мајка, среќно бебе :inlove:
     
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.439
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за утеха, од кога е родено до ден денес 6 месеци во несвест паѓа по татко и. Го слуша кога доаѓа од работа дека моторот го паркира пред влез и се ѕвери накај прозор. Ќе речеш мало е не разбира, ама жими се го прави ова. Влага човекот од врата и детево почнува на глас да се смее, зајдува од смеа. Кога ја бањаме и после на облакање само во него гледа, мрда и раце и нозе ги треска од среќа. Јас не знам што магии и прави, ама заљубена е во него.:D Татина маза.
     
    На Baby warrior, Butterfly009, MariaBouli и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.891
    Допаѓања:
    12.925
    Пол:
    Женски
    Со причина рекле, мајкин син- татина ќерка.:inlove:
     
    На MariaBouli, Cherry blossom89 и baguf4e им се допаѓа ова.